Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 10

Николај Василевич Гогољ

- Шинел
За писателот Раскази Позначајни дела Шинел Содржина Осврт кај расказот Изработиле

Николај Василевич Гогољ

Николај Василевич Гогољ (31 март 1809 - Москва, 4 март 1852)


— руски писател, хуморист и сатиричар од украинско потекло
Николај Василевич Гогољ се родил на 31 март 1809 година, во
блародоничко семејство, во малото место Василевка крај
Сорочино, Миргородски округ, Полтавска губернија. Татко му бил
надарен човек со уметничка природа, а особено имал смисла
за литературата, пишувајќи песни и шеговити драмски дела
на руски и на малоруски (украински јазик). Денес, многу малку е
сочувано од книжевните дела на Василиј Гогољ, кој не им
придавал големо значење, ниту пак се обидел да ги отпечати. Во
близината на селото Василевка, кое било семеен имот на
семејството Гогољ, живеел познатиот украински магнат Д. П.
Трошчински, далечен роднина на мајката на Николај Гогољ.
Таму, татко му на Николај Гогољ работел како деловен застапник и
често го поминувал времето на имотот на Трошчински, а во
неговиот домашен театар глумел и младиот Николај, заедно со
татко му и со мајка му. Токму таму биле прикажувани и драмските
дела на Василиј Гогољ. Николај Гогољ го стекнал своето
основно образование во кругот на семејството, стекнувајќи се со
љубов и наклонетост кон книжевноста
За писателот Раскази Позначајни дела Шинел Содржина Осврт кај расказот Изработиле

Раскази
На почетокот од својата книжевна кариера, Гогољ
пишувал романтични раскази со тематика од родниот
крај во кои јасно се гледа влијанието на
украинскиот фолклор и германскиот романтизам.
Своите први раскази Гогољ ги напишал во 1829
година, а во септември 1831 година го објавил првиот
дел на збирката раскази „Вечери во селцето крај
Диканка“. Една година подоцна, тој го објавил
вториот дел на „Вечерите во селцето крај Диканка“
(1832), а во 1835 година и збирката „Миргород“. Веќе
во овие збирки се застапени елементите на неговиот
особен хумор, фантастика и поетски реализам, како и
суптилна иронија и сарказам полн со горчина и со
сочувство
За писателот Раскази Позначајни дела Шинел Содржина Осврт кај расказот Изработиле

Позначајни дела
•Вечери во селцето крај
Диканка (1831-1832)
•Арабески (1835)
•Миргород (1835)
•Тарас Буљба (1835)
•Женидба (1835)
•Ревизор (1836)
•Мртви души (1842)
За писателот Раскази Позначајни дела Шинел Содржина Осврт кај расказот Изработиле

Шинел

Шинел или Шинела е расказ од
рускиот писател Николај Васиљевич
Гогољ, објавен во 1842 година.
Расказот е дел од циклусот познат како
„Петроградски раскази“.
За писателот Раскази Позначајни дела Шинел Содржина Осврт кај расказот Изработиле

Содржина
Акакиј Акакиевич Башмачкин работи како ситен службеник во една канцеларија, совесно извршувајќи ја
својата еднолична работа, без никакви амбиции. Поради неговиот повлечен и скромен карактер, неговите
колеги постојано му се потсмеваат и прават шеги на негова сметка, а тој мирно го трпи сето тоа. Со
доаѓањето на студените денови, Акакиј сфаќа дека треба да го замени својот стар, искинат шинел што повеќе
не може да се поправа. Бидејќи нема доволно пари за нов шинел, Акакиј зпаочнува вредно да штеди,
намалувајќи ги своите секојдневни трошоци. Еден ден, среќата му се насмевнува и тој добива поголем
додаток на платата од очекуваниот, така што набргу успева да собере пари за новиот шинел. Кога конечно го
добива шинелот, Акакиј е најсреќниот човек на светот и гордо оди во канцеларијата, каде сите му упатуваат
пофални зборови. Притоа, еден од неговите колеги го поканува на вечерна седенка и Акакиј ја прифаќа
проканата. Доцна во ноќта, додека се враќа пешки во својот стан, го напаѓаат силеџии кои му го земаат
шинелот. Разочараниот Акакиј замолува еден влијателен службеник да му помогне во пронаоѓањето на
шинелот. Во тој миг, влијателниот разговара со својот пријател од младоста и, за да се покаже пред него, на
Акакиј му се обраќа со најстрог тон. Уплашениот Акакиј оди во својот дом, но патем се разболува поради
големиот студ и набргу умира. Истовремено, влијателниот службеник го гризе совеста за лошото однесување
кон Акакиј и тој изразува желба да му помогне, но дознава дека тој во меѓувреме умрел. Неколку дена
по смртта на Акакиј, низ Петроград започнуваат да се шират приказните за мртвиот службеник кој ги напаѓа
минувачите и им ги краде шинелите. Една ноќ, влијателниот службеник го здогледува мртовецот и го
препознава ликот на Акакиј. Смртно уплашен, тој го соблекува својот шинел и му го дава на привидението
За писателот Раскази Позначајни дела Шинел Содржина Осврт кај расказот Изработиле

Осврт кон расказот


„Шинел“ е веројатно најпознатиот расказ на Гогољ во кој е опишана суровата реалност на
ситниот руски службеник. Сепак, дури и најчистиот реализам Гогољ го зачинил со неверојатен,
неочекуван пресврт изразен во појавата на привидението, оставајќи ги читателите во
неизвесност, дали се работи за фантазија или за хумор.
Во „Шинел“ Гогољ го дал најсилниот протест против понижувањето на „малиот човек“. Токму
овој расказ го означува почетокот на една долга традиција во руската книжевност - темата на
„понижените и навредените“ (според изразот на Достоевски), темата која се покажала толку
неисцрпна, што руската книжевност никогаш повеќе не ја напуштила. Гогољевата критика е
многу остра и тој ги исмејува аристократијата, високите државни службеници и малограѓаните.
Притоа, описот на „високата личност“ е една од најострите сатири во руската книжевност.
Поради тоа, Гогољ бил изложен на цензурата и морал да ја ублажи сцената на претсмртното
бунило на Акакиј Акакиевич. Така, во првобитниот текст на расказот, пред да умре, Акакиј
пцуел и се заканувал дека ќе му го грабне шинелот на генералот, велејќи: „Не ми е грижа што
сте вие генерал. Расказот извршил големо влијание на рускиот реализам и врз целокупниот
развој на руската книжевност, за што сведочи познатата реченица на Достоевски: „Сите ние
излеговме од под 'Шинелот' на Гогољ
За писателот Раскази Позначајни дела Шинел Содржина Осврт кај расказот Изработиле

Изработле:

Мартина Аврамоска
Ева Ѓиракова
Адриан Сулејманоски

You might also like