Видови компјутерски мрежи

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 12

Видови компјутерски мрежи

КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ

Компјутерска мрежа е група од два


или повеќе меѓусебно
поврзани компјутери.
Мрежно поврзаните компјутери
може да се наоѓаат на помало или
поголемо
меѓусебно растојание и да бидат
поврзани со различни уреди –
жични или безжични.
ВИДОВИ КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ

Oсновни видови компјутерски мрежи според меѓусебната оддалеченост


на поврзаните компјутери се :
- локални мрежи LAN (Local Area Networks)
- регионални (градски) мрежи MAN(Metropolitan Area Networks)
- глобални мрежи WAN (Wide-Area Networks).
Според начинот на поврзување, компјутерските мрежи се делат на:

- жичани компјутерски мрежи и


- безжични компјутерски мрежи.
ЛОКАЛНА КОМПЈУТЕРСКА МРЕЖА – LAN

LAN мрежата поврзува компјутери кои се наоѓаат на мало меѓусебно растојание. Пример


за локална компјутерска мрежа се меѓусебно поврзаните компјутери во една училница,
канцеларија, куќа, зграда и слично.
МОЖНОСТИ НА ЛОКАЛНАТА КОМПЈУТЕРСКА МРЕЖА

Поврзаните компјутери може меѓусебно да делат заеднички хардверски уреди, како


печатар, скенер и др., може да си разменуваат програми и фајлови и слично. На
пример: Печатарот или скенерот поврзани на еден компјутер од мрежата може да ги
користат за печатење и скенирање сите останати компјутери иако не се директно
поврзани за нив. 
Податоците и програмите може да се пренесуваат од еден на друг компјутер без
користење на CD-а или USB меморија. 
Корисникот на секој од компјутерите поврзан во локалната мрежа, ако има дозвола,
може да определува кои од уредите или фолдерите од неговиот компјутер ќе бидат
достапни за разгледување или користење од другите компјутери во мрежата. 
Корисникот може и да не дозволи ништо од содржината на неговиот компјутер да биде
видлива или користена од останатите компјутери во мрежата. 
Корисникот може еден фолдер на својот компјутер да направи да биде видлив (делив)
за останатите компјутери во мрежата и по потреба и договор преку тој фолдер да
разменува програми и фајлови со другите компјутери во мрежата.
УРЕДИ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА КОМПЈУТЕРИТЕ ВО LAN МРЕЖА

- Мрежна картица -за поврзување на  компјутер во локална


мрежа. 
- Свич (switch) - уредот кој го овозможува и организира преносот
на податоците меѓу компјутерите во локалната мрежа.  Кај
помалите локални мрежи свичот може да биде дел од уредот
рутер (router). 
-Рутер - уред кој овозможува една локална мрежа да се поврзе со
други мрежи (на пример, други локални мрежи или Интернет).
ШИРОКО РАСПРОСТРАНЕТА КОМПЈУТЕРСКА МРЕЖА – WAN

WAN мрежата поврзува компјутери на меѓусебно големо географско растојание.

На пример, во една држава, во различни држави или континенти.

WAN мрежата може да се замисли како мрежа од LAN и WAN мрежи на големо географско растојание.
Уреди за поврзување во WAN мрежа се: трансокеанските кабли, сателитите, телефонски линии и слично. 
Најголемата WAN мрежа во светот се вика Интернет.
Градската компјутерска мрежа ( Metropolitаn Arrea Network - MAN)

Голема компјутерска мрежа која опфаќа цел град или некој голем комплекс. ГКМ
обично поврзува голем број на локални компјутерски мрежи, користејќи високо-
капацитетна технологија, како фибер-оптички врски, и обезбедува врски и услуги кои
ги користи широката мрежа (WAN) и интернет.
Архитектура на компјутерските мрежи

Компјутерите можат да се поврзат според две основни архитектури:


-мрежа од рамноправни компјутери (peer-to-peer)
-мрежи базирани на сервери (клиент-сервер архитектура).
Интернет
Интернет е глобална мрежа во која се поврзани милиони компјутерски мрежи од целиот свет. Тоа е
најпознатата и најкористената компјутерска мрежа во светот.
Содржините на Интернет се:
-електронска пошта (E-mail)
-разговори во реално време (IRC Internet Relay Chat)
-протокол за пренос на датотеките (FTP File Transfer Protocol)
-WWW – World Wide Web и други.
ИЗРАБОТИЛ: Душко Јованов 1-I

You might also like