Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 9

Населението-белег на

државата
Дамјан Блажевски III-6
Поимот население
• Под поимот население ги подразбираме луѓето кои трајно живеат
на одредено подрачје(одредена територија).
• Населението исто така, како и територијата, спаѓа во групата
несуштински белези на државата.
• Низ текот на историјата различни делови од населението имаат
поинакво доживување за државата. Некои од нив се сметаат
како дел од тој систем, некои го гледаат како наметнат или
неприроден.
Пример 1: Во екот на Октомвриската револуција 1917 год. една порција
од населението(работничката класа) се чувствувале обесправени од
тогашната монархистичка власт, сметајќи дека се врши репресија врз
нив и револуцијата ја гледале како начин да си ги
придобијат нивните права назад.
Од друга страна пак, монархистите и останатите порелигиозни лица кои
верувале во црквата и имале бенефит од тој систем
се сметале себе си како функционални членови на
тогашното владеење и не гледале потреба да се смени било што.

Пример 2: Повод за почеток на Шпанската граѓанска војна


во 1936та година е успешниот обид на шпанските фашисти да ја
заземат власта преку куп, т.е насилно отфрлање на тогашната
републиканска влада.
Како вооружени спротивставници се појавуваат републиканците,
а меѓу нив и доста анархо-синдикалисти кои новата фашистичка власт
потпомогната од Германија и Италија не ја сметале природна и
не се гледале како дел од таква држава/таков систем.
Власта врз населението
• Државата е територијална заедница, но со оглед на тоа дека таа ја
спроведува власта само врз населението може да се нарече и
лична(персонална) заедница.
• Државната власт го има својството да е насочена кон луѓето како
поединци или како коликтивитети, а не спрема територијата.
• Причината е дека луѓето ја имаат свеста и тие всушност ја создале
таа држава и државата може да формира веќе однапред
испланирани правила околу односите помеѓу државата и луѓето.
Луѓето во една држава
• Разликуваме две групи на луѓе кои ги среќаваме во државата:
државјани и туѓинци.
• Државјанството е збир на определени овластувања и задолженија кои
се воспоставуваат помеѓу државата и сите оние кои припаѓаат на таа
држава.
• Во феудалната ера луѓето се лишени од било какви права, тие плаќаат
само даноци во форма на ресурси за преживување или злато и тие се
доживуваат себе си како објекти на таа држава.
• Со помош на буржоаските демократски револуции, дотогашните
објекти станале граѓани и чувствувале поголема припадност во таа
поголема заедница наречена држава.
Односите помеѓу луѓето и државата
• Заедно со државјанството се среќаваат уште и
таканаречени двострани правни овластувања и
правни задолженија како на државата према
нејзиниот граѓанин, така и од граѓанинот кој поседува
државјанство према државата од која има бенефит.
• Државата во свој интерес може да побара
регрутирање на населението или да казнува при
прекршок на законите.
• Луѓето од државата добиваат и очекуваат социјална
заштита, подобрување на стандардот, заштита од
незаконски дејствија на пониски државни органи,
услови за работа и живот и ред други.
Државјанството
• За да се добие државјанство постојат три критериуми:
1. Преку крвна врска: по роднини, предци или родители
2. Начело на подрачје: личноста во прашање е родена во рамките
на територијата на таа држава
3. Начело на постојан престој: личноста во прашање се има
изјаснето дека има постојан престој во рамките на територијата
на дадената држава.
Државата исто така го поседува и правото да побара соодветно
владеење на јазикот како дел од критериумите за државјанство.
Стекнување државјанство преку опција
• Во историјата познати се распадите на доста
држави како и сплотувањето во нови сојузи
кои се од политички/економски/социјален
интерес на државите.
• Во случај доколку се распадне некоја
држава(ситуацијата со ЧССР, СССР и СФРЈ)
државјанството автоматски се губи.
• Постојат исто така луѓе бипатриди(со две
државјанства), полипатриди(со повеќе од 2
државјанства) или апатриди(никакво
државјанство)
Туѓинци
• Туѓинци се оние кои престојуваат во рамките на територијата на
една држава, но не поседуваат соодветно државјанство. Најчесто
под оваа категорија спаѓаат дипломати/амбасадори или туристи.
• Туѓинците се должни да ги почитуваат законите во државата во
која се наоѓаат.
• Нивните ингеренции(права) не се толку високи особено
политичките права како гласање, за разлика од оние кои
поседуваат државјанство
• Сегашните држави се стремат кон намалување на тие разлики
помеѓу туѓинци и домашни.

You might also like