Запис во времето

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 18

Геолошка временска скала

• Седиментните карпи настануваат со седиментација (напластување или таложење) на


ситен материјал во морињата, езерата, реките и на копното. Овие карпи најчесто се
напластени во хоризонтална положба и се состојат од слоеви со различна дебелина.
Во нив може да се сретнат фосилни остатоци од растенија или животни. Според
потеклото и видот на материјалот што се напластува, се разликуваат карпи со:
• Механичко потекло, настануваат со напластување на механички иситнет или
раздробен материјал во водите или на копното. Напластениот материјал се слепува,
се цементира и се преобразува во цврста карпа. Карпи од ваков вид се 
конгломератите, глинестите карпи, лесот итн.
• Хемиско потекло, се создаваат со таложење на материјал кој води потекло од
растворите на минералите во водата. Примери за вакви карпи се гиопсот, бигорот и
слично.
• Органогено потекло, настануваат со седиментација на остатоци од фосилни 
организми, и тоа најчесто планктонски. Органогени карпи се кредата, дијатомитот, 
нумулитниот варовник и слично.
• (слика од седиментна карпа)
Геолошка временска скала
Геолошка временска скала
• Магматска карпа — вид карпи и нивни делови кои настануваат со ладењето или
стврднувањето на вулканската лава или магма во самата Земјина кора или на нејзината
површина. Кога ладењето е многу брзо, нема време да се создаваат кристали, но ако тоа
се случува бавно, колку подолго ќе трае процесот, толку поголеми ќе бидат карпестите
кристали. Овие карпи се одликуваат со голема цврстина и имаат голема примена во
градежништвото. Тие немаат слоеви и не содржат фосилни остатоци. Магматските
карпи се класифицираат на најразлични начини. Ако се поделат според начинот на
настанувањето, има:
• плутонски,
• насложени
• вулкански, чијшто начин на стврднување е надвор по вулканските ерупции и создаваат
само некои кристали. Се класифицираат според процентот на силициум што го содржат:
– кисели, се состојат од над 66% силициум (како гранитот, на пример)
– средни, имаат меѓу 52 и 66% силициум (како андезитот)
– базни, се состојат од 45 до 52% силициум (на пример, базалт)
• (слика на базалтна карпа)
Геолошка временска скала
Геолошка временска скала
• Метаморфните карпи (Meta - morphe - изменување на формата,
видоизменување) се голема група на карпи. Тие се настанати со
преобликување на магматските и седиментните, или веќе постоечките
метаморфни карпи. Ваквите промени се резултат на физичко - хемиски услови
кои се разликуваат од оние кои владееле во времето на настанување на
матичната (магматска или седиментна) карпа. Најчесто метаморфизмот се
врши поради промена на притисокот и температурата, при што преобразбата
на матичната карпа може да биде структурна, минералошка и хемиска. Со
процесот на прекристализација се зголемуваат зрната, при што, на пример од 
варовниците настануваат мермери, од песочниците кварцити и сл.
• Метаморфни карпи се мермерот, гнајсот, шкрилците, кварцитот, амфиболитот
 и други.
• Терминот шкрилавост или фолијација се користи за взаемниот паралелен
распоред на листовидните минерали, како биотит, мусковит, хлорит, талк итн.
• (Мермер во Прилепско)
Геолошка временска скала
ПАЛЕОЗОИК
• Палеозоик е долга геолошка ера во развојот на Земјата која почнала пред околу 542, а траела до
пред околу 251 милиони година, сметајќи од сегашно време. Називот потекнува од грчките зборови
„палео“ (стар) и „зооик“ (живот)
• Палеозоикот се дели на периоди, одејќи од најстариот кон најмладиот: камбриум, ордовик, силур, 
девон, карбон и перм.
• Периодот на камбриум претставува период на зачетокот на животот. Во камбриумот, пред околу
540 милиони години, на копното немало никаков живот, но затоа во морето живееле разновидни 
растенија и животни со меко тело: мекотели, медузи, сунѓери. Познато е дека трилобитите имале
големо хоризонтално распространување, но и дека голем број родови изумреле кон крајот на
камбриумот. Во текот на следните 160 милиони години се појавиле нови морски животни: корали и
морски лилјани, како и необични риби без вилици наречени безвилични ’рбетници или
„тркалезноусти“. Воедно тие се и првите ’рбетници. Наскоро морињата и океаните ги населиле
разни видови риби, кои потоа тргнале и во слатките води — езерата и реките.
• На копното, на бреговите на мочуриштата, почнале да растат растенијата. Со тоа се појавила храна
на копното, па настанале и инсектите. Во почетокот на карбонот, пред 360 милиони години,
растенијата пополека ги освоиле бреговите. Првите `рбетници излегле од водата — водоземците,
кои научиле да го вдишуваат воздухот и имале 4 нозе за одење. Стануваат се побројни, а од нив се
развиваат ползачите (Naosaurus) кои се во состојба надвор од водата да се излегуваат од чер
ПАЛЕОЗОИК
МЕЗОЗОИК
• Сместен помеѓу палеозоикот и кенозоикот, мезозоик значи на
грчки “среден живот“-мезо за средно и зоо за животни. Често
се нарекува и Време на средниот живот или Време на
Диносаурусите, според животните кои доминирале тогаш.
• Мезозоикот е период на тектонски, климатски и еволуциски
активности. Континентите постепено ја менуваат состојбата од
меѓусебна поврзаност до нивната денешна конфигурација. Ова
довело до специјализација и важни еволуциски случувања.
Климата била доста топла во текот на целиот временски
период на мезозоикот, а тоа имало важна улога во еволуцијата
и диверзификацијата на нови животински видови. Пред крај на
овој период веќе постои основа за модерен живот.
МЕЗОЗОИК-амонити
МЕЗОЗОИК-тираносаурус
МЕЗОЗОИК-РАСТЕНИЈА
• За разлика од својот роднина Тираносаурусот кој бил
агресивен и месојадец, лешинар со огромни вилици за
кршење на коските, поголем дел од диносаурусите биле
тревојади. Воопшто судбината на диносаурусите зависела
од тогашните растенија и нивната распростанетост, или
поинаку кажано дали диносаурусите ќе живеат во
изобилие или ќе гладуваат. Така да, како поедини растенија
во мезозоикот еволуирале така некои диносауруси
исчезнувале, а се појавувале други. Доминирале растенија
кои помалку цветале и немала толкава разновидност како
денеска. Доминантни биле зимзелените растенија-борови,
секвои, тиса, араукарија, чемпреси.
МЕЗОЗОИК-Ginkgo biloba
МЕЗОЗОИК-Австралиски бор
КЕНОЗОИК
• Кенозоик од грчките зборови kainos –нов и zoe-живот, е
најмлад период од трите геолошки ери кој започнал пред
65,5милиони години со масовните изумирања во периодот
на Креда кој означил смрт на последните диносауруси на
крај на мезозојската ера кој трае и денеска.
• Кенозоик е време на цицачите, тие во оваа ера се развиле од
мали, едноставни облици во разгранета група на копнени,
морски и летечки животни. Кенозоик е време на т.н. Савани
и меѓусебна зависност на скриеносемените растенија и
инсекти. Птиците исто така прилично еволуираат .
Геолошки гледано континентите уште повеќе се
раздвојуваат.
КЕНОЗОИК
КЕНОЗОИК
КЕНОЗОИК

You might also like