Download as ppt, pdf, or txt
Download as ppt, pdf, or txt
You are on page 1of 28

Девизен систем и девизно

работење
Девизен систем е:
• Збир на правни прописи,инструменти и
мерки, со помош на кои државата, односно
општеството ги регулира односите со
платниот промет со странство, располагањето
со странските средства за плаќање во земјата
и странство и сите други прашања сврзани со
меѓународните финансиски односи.
• Од аспект на строгоста на регулативната
улога,девизниот систем може да биде строг
или либерален.
• Доколку го регулира вкупниот промет на стоки и
услуги со странство (ги регулира секое плаќање
и наплатување со странство и секое стекнување
и располагање со девизите), девизниот систем е
строг.

• Ако со девизниот систем се регулира само мал


дел од прометот на стоки и услуги, се регулираат
само определени плаќања и наплатувања со
странство,станува збор за либерален девизен
систем.
• Со помош на девизниот систем може да се
постигнат следниве цели:

• Може да се одржува рамнотежа во билансот


на плаќањата по пат на контролирање на
приливот, посебно на одливот на валутните и
девизните средства

• За да се оствари определен прилив на девизи


може со мерки и инструменти на девизниот
систем да се стимулира извозот на стоки и
услуги од домашното стопанство
• Во согласност на приоритетните потреби на
домашното стопанство може да се води
политика за заштита на домашното
производство по пат на регулирање и
оневозможување на увозот на стоки и услуги во
земјата, да се води активна политика за заштита
на определени видови производи и услуги од
странската конкуренција

• Со помош на девизниот систем може да се


регулира надворешно трговската размена на
земјата
• Може да се обезбеди активно влијание врз
остварувањето на динамиката и правците на
стопанскиот развиток врз стапката и структурата
на стопанскиот растеж во земјата и врз
успешното вклучување во меѓународната
поделба на трудот.

• Може да се стимулира или дестимулира


приливот и одливот на девизните средства, а со
тоа да се влијае на еден од каналите за емисија
и повлекување на парични средства во рамките
на домашното стопанство, односно да се влијае
врз стопанските текови во земјата.
Девизна политика
• Поим: девизната политика е интегрален дел од
општата економска политика и ги опфаќа
мерките што државата, односно општеството ги
презема во областа на односите на плаќањата со
странство, во областа на одржувањето на
интервалутарната вредност на домашната
валута, во областа на перманентно реализирање
на финансиските текови и одржувањето
рамнотежа во тековниот биланс на плаќањата.
• Девизната политика може да се реализира
како:
• Директна девизна политика (се формираат
фондови или се пропишуваат девизните
ограничувања)

• Индиректна девизна политика, која се


реализира по пат на реализирање на
политика на цените, политика на каматната
стапка, политика на задолжителни резерви
на банките и сл
• Девизната политика исто така може да се
реализира:
• Национална девизна (валутна) политика чии
носители се домашните девизни власти,
финансиските органи, емисионата банка и
другите овластени банки итн и
• Меѓународна девизна политика којашто се
реализира при реализирањето на
меѓународните спогодби за плаќања, на
меѓународните спогодби за интервалутарните
курсеви, за цената на златото и сл., а носители на
таа политика се меѓународните финансиски и
банкарски институции.
Валути и валутни системи
• Валута=лат.збор Valuta
• =монетарен систем на една земја што се
определува од страна на државата и со кој се
утврдува основната парична единица(името
на таа парична единица,облик, состав) како
законско средство за плаќање во внатрешните
финансиски трансакции.
• =означува ефективни пари и парични знаци
(банкноти) што се наоѓаат во оптек на една
земја, односно ја означува основната парична
единица што ја чини основата на монетарниот
систем на една земја.
• Во меѓународниот промет под валути се
подразбира само ефективни странски
пари,паричните знаци со кои се диспонира во
некоја друга земја.
• Овде поимот валута не ги опфаќа и паричните
сурогати, како што се меница, чек и акредитив,
кои претставуваат пренос на побарувањата што
гласат на определена валута.
• Со девизните прописи во РМакедонија како
валути се дефинираат сите видови ефективни
странски пари освен странските ковани златни
пари коишто се сметаат како благороден метал.
• Валутата како парична единица што ја чини
основата на монетарниот систем на една
земја, се смета со закон определената
единица што служи како основно мерило
на вредноста на една земја.

• Во зависност од основите на монетарниот


систем, односно од карактеристиките на
самата валута се определува вредноста на
валутата како основна парична единица во
рамките на валутниот (монетарниот)
систем на земјата.
• Во рамките на монетарните системи што се
базираат на металниот стандард, вредноста
на основната парична единица се
определува со количината на благородниот
метал што е содржан во паричната единица
или што служи како резерва за покритие на
таа парична единица.

• Во системот на книжна валута, односно


важењето на книжните пари немаат
покритие во благородни метали (кога
немаат покритие во злато), вредноста на
паричната единица (валутата) се темели на
куповната сила на парите во земјата.
• Во секоја земја со законски акт се утврдува
паричната единица и се определува името
на националната парична единица (на
националната валута).

• Валутите на земјите, служат пред се, како


законско средство за плаќање во рамки на
националната економија.
• Од аспект на способноста на валутите да
служат како меѓународно мерило на
вредноста и да се заменуваат за злато или
за некои други валути, валутите се делат на:

• Конвертибилни
• Трансферабилни
• Неконвертибилни
• Клириншки или пресметковни
• Црноберзијански
• Конвертибилни ги нарекуваме валутите коишто во
принцип можат во слободно да се менуваат за
злато или за секоја друга валута, и тоа во секое и во
неограничени количини.
• -во златниот стандард постоеше неограничена
конвертибилност.Денес тоа не постои.
• Денес среќаваме ограничена конвертибилност.
Валутите на повеќето западноевропски земји се
конвертибилни за други валути само кога со нив се
вршат определени видови меѓународни плаќања
(тн тековни трансакции).
• Конвертибилните валути што се заменливи за
злато, што се неограничено конвертибилни, се
нарекуваат уште и тврди валути.
• Трансферабилни ги нарекуваме валутите што
можат да се употребат за плаќања и во други
земји, но само во земјите коишто со земјата за
чија валута станува збор се врзани со посебен
договор во валутен блок.
• Неконвертибилни валути се валутите што не
можат да се заменат со злато или со други
валути.
• Овие валути кои се нарекуваат и меки валути,
служат исклучиво како средство за плаќања во
внатрешниот промет.
• Земјите кои имаат неконвертибилни валути,
меѓународните плаќања ги вршат во
конвертибилни валути на другите земји
• Клириншки или пресметковни валути се
нарекуваат валутите со помош на кои се
вршат меѓусебни пресметнувања и плаќања
врз основа на меѓудржавен договор.
-Пресметковната валута која се нарекува и
договорна валута, не е валута на ниедна од
договорните страни, туку некоја трета валута
врз основа на утврден сооднос.
-Црноберзијанските валути ги нарекуваме
валутите чиишто курс се формира на “црната
берза”нелегално, во спротивност на
девизно-валутните и контролирани прописи
на една земја.
• Промени во вредноста на валутата во
земјата (промена на нивната куповна сила)

• Промена во вредноста на валутата во


странство (промени на нивната
интервалутарна вредност)

• Промена на куповна сила =


инфлација/дефлација
• Интервалутарната вредност на домашната
валута се менува со акт на монетарната
власт.
• Имено, со акт на монетарната власт може
да се изврши девалвација на
интервалутарната вредност на домашната
валута (може да се изврши намалување на
интервалутарната вредност на домашната
валута).
• Спротивно на тоа, со акт на монетарната
власт може да се изврши ревалвација,
зголемување на интервалутната вредност
на домашната валута.
• Кога во стопанството на една национална
економија постои состојба на инфлација
(опаѓа куповната сила на домашната валута)
или со акт на монетарната власт се девалвира,
се намалува интервалутната вредност на
домашната валута, станува збор за
депрецијација за вредноста на валутата.
• Доколку пак во стопанството постои состојба
на дефлација(расте куповната сила на парите)
или со акт на монетарната власт се ревалвира,
се зголемува интервалутната вредност на
домашната валута, станува збор за
апрецијација на вредноста на валутата.
ВАЛУТНИ СИСТЕМИ
• Поимот валутен, односно монетарен
(паричен) систем означува важење, валута.
Означува организирана активност на
државата во областа на парите којашто со
своите мерки и прописи ги регулира и
утврдува сите формални прашања што се
од значење за оптекот на парите.
• Валутниот (монетарен) систем во една
земја ги утврдува со законски акти на
државата, паричната единица, металот на
важењето или покритието, заменливоста и
сл.
• Металистички валутен систем
• Оваа поделба појдува од тоа дека во
металистичкиот валутен систем вредноста
на парите треба да биде врзана за
вредноста на некој метал и сите видови
пари се заменуваат конечно во злато како
монетен метал, односно со злато како
стока.
• При постоењето на современиот
(книжниот) валутен систем не постои
непосредна врска помеѓу вредноста на
парите и вредноста на благородните
метали, во прв ред златото.
• Основна карактеристика на металистичките
валутни (парични) системи е таа што
вредноста на парите е врзана за вредноста на
објективен стандард, за благороден метал (во
прв ред за златото и среброто) и сите видови
пари се заменуваат конечно со злато или
сребро како монетен метал или како стока.
• Во оваа група спаѓаат:
• Паралелна валута
• Биметализам
• Систем на куца валута
• Монометалистичка валута
• Паралелна валута се карактеризира со тоа што
се коваат пари со полна вредност и од злато и
од сребро.И златните и сребрените пари се
дефинитивни пари и не постои нивна
меѓусебна заменливост.
• Доколку во оптек постојат, покрај металните,
курантни пари и банкноти треба од нив да
стои дали се заменливи со злато или со
сребро.Тоа значи дека се работи за постоење
на два потполно самостојни парични системи
коишто паралелно постојат во една
национална економија поради што тој валутен
систем се нарекува паралелна валута.
• Со оглед на тоа што во суштина се работи за
постоење на два парични системи, вредноста на
една парична единица (на пример, златни
пари)изразена во парична единица на друга
валута (на пример,сребрени пари) претставува
нејзин интервалутен курс.
• Биметализмот (двојно важење) односно
алтернативна валута, се развива од системот на
паралелна валута. Како валутен (паричен) систем
биметализмот ги задржува и златните и
сребрените пари во оптек како пари со полна
вредност без да постои автономија во движењето
на нивната меѓусебна вредност, без да постои
паралелност помеѓу вредноста на златните и
сребрените пари.
• Систем на куца валута или куцото важење
се карактеризира со тоа што претставува
еден вид комбинација на биметализам при
што едната парична единица служи како
неограничено средство за плаќање, а
другата парична единица како помошно
средство за плаќање во определени
единици и со ограничена количина на
ковањето.
• Монометализам или монометалистички
валутен систем е таков валутен систем при
којшто за полновредно средство за
плаќање е определенсамо еден
метал:постои ковање на пари само од еден
метал.
• Монометалистичката златна валута во
својот развиток поминала низ три облици:
• Систем на златна валута со злато во оптек
• Врз основа на златни шипки
• Врз основа на златни девизи

You might also like