Градба на лист

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 16

1.

1 Градба на лист
БИОЛОГИЈА 9
Растенијата се живи организми кои се одликуваат со основните биолошки
особини: исхрана, дишење, движење, излачување, осетливост, растење и
размножување. Биолошките особини се заеднички за растенијата и за
животните, само разликата е градбата на органите и начинот на кој се
одвиваат тие растенијата се поделени во две групи: бессемени и семени
растенија.
Во бессемени растенија спаѓаат: мовови(мали зелени растенија кои живеат
на ладни и влажни места. Немаат вистински органи нити спроводно ткиво. Се
размножуваат со спори, само во присуство на вода. и папрати(кај нив се
развиени сите растителни ткива и органи- корен, подземно стебло и листови.
Се рамножуваат со спори.)
Во семени растенија спаѓаат: голосемени(иглолисните растенија- тие се дрвја
кои се размножуваат со помош на поситните машки и покрупните женски
шишарки, на кои семнките се голи- видливи од внатрешната страна на
плодните листови на шишарката) и скриеносемени(поделени на
монокотиледони и дикотиледони)процеси.
Листот е главен орган за фотосинтеза и транспирација,па има голема
површина,со ограничено растење се образува од врвно стеблесто меристемско
ткиво
Диференцираниот т.е. оформениот лист најчесто е составен од:
Лиска (лисна плоча)
Лисна дршка
Лисна основа
Централен нерв/странични нерви
Лиската lamina е најважниот дел од листот и има најголема површина во
однос на останатите делови на листот. На плочестата лиска се разликува
лице и опачина. Листот секогаш е свртен со лицето кон сонцето. Лицето
на листот има темнозелена боја, додека опачината има светлозелена
боја. Повеќето лиски се широки, рамни и тенки за да може светлината
да продре до сите клетки во листот.
Лисната дршка ја прикрепува лиската за стеблото и го поставува листот во
одредена положба во однос на светлината. Листовите без лисна дршка се
седечки. Местото кајшто листот се прикрепува за стеблото е лисна основа.
Видови на листови во однос на облик ,големина ,распоред
На лицето од секоја лиска има бројни вдлабнатини, а на опачината испакнатини кои
представуваат спроводни елементи а се означуваат како нерватура на листот.
Нерватурата може да биде паралелна (кај монокотиледоните) или мрежеста (кај
дикотиледоните) растенија.
Над површината на листот има тенок проѕирен слој- кутикула, кој како
восочен слој ги заштитува клетките од исушување. Целата површина на
листот ја покрива епидермис, кој ги штити внатрешните ткива. Најчесто
епидермисот е диференциран на горен и долен епидермис. Горниот
епидермис е изграден од покрупни клетки, без стоми, додека долниот
епидермис е од помали клетки со потенка кутикула и има стоми.
Дебелината на клеточните ѕидови на клетките зависи од условите на
средината..
Помеѓу два епидермиса се наоѓа мезофил. Кај повеќето дикотиледони
мезофилот на листот е диференциран на палисадно и сунѓересто ткиво.
Палисадното ткиво е изградено од издолжени цилиндрични клетки, поставени
нормално на површината на листот, густо збиени со мали меѓуклеточни простори.
Тоа може да биде едноредно или повеќередно кај растенијата кои живеат во
сушни предели. Клетките на палисадното ткиво се богати со хлоропласти и
нивната функција главно е фотосинтеза. Под палисадното ткиво се наоѓа
сунѓересто ткиво. Сунѓерестото ткиво е изградено од тркалезни клетки и богато е
со меѓуклеточни простори, со што е одговорно за транспирација.
Ксилем кон горен дел од лист вода и хранливи материи а флоем
кон долни делови на лист
Лиската е составена од еден слој фотосинтезичко ткиво, наречено
мезофил, покриено од двете страни со мазно и сјајно епидермално ткиво
на листот. Епидермисот спречува мезофилот да се исуши, а за таа цел
обично е покриен со слој од восок што го прави водонепропуслив. Нервите
се спроводни снопчиња. Клетките на мезофилот се зелени поради
големото количество хлорофил што се наоѓа во хлоропластите. Стомите се
микроскопски отвори што ги има листот во епидермисот на долната страна.
Нивната функција е да го овозможат влегувањето на јаглеродот од
воздухот, без кој фотосинтезата не би била можна. Но, со отворените стоми
листот е изложен на загуба на вода преку испарување. Но ова не се
случува, затоа што секоја стома е како мало усте опкружено со еден пар
клетки затворачи во облик на усни кои овозможуваат растението да ги
затвори своите стоми кога има опасност од исушување.
Вежба 1.
Градба на лист
Погледни го дијаграмот и види што
недостасува!!!!! ЦЕЛОСЕН ДИЈАГРАМ
НЕДОСТАСУВА .................................................
НЕДОСТАСУВА ШТО.........................................

You might also like