Исказни Зависносложени Реченици - 2

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 28

Исказни зависносложени

реченици
Декларативни
•Ние слушнавме дека ќе дојде нов наставник
по физика.
•Тие знаеја што ги чека наредната недела.
•Решивме да ја кажаме вистината.
•Низ прозорецот гледавме како паѓаат лисјата.
Дефиниција

Исказни зависносложени реченици се оние во кои


зависната дел-реченица го продолжува исказот од
главната дел-реченица, односно,го доискажува
(дополнува, дообјаснува,) прирокот или некој
друг член во главната дел-реченица.
• Главната дел-реченица содржи збороформа
(најчесто глагол во лична форма, но и
нелична глаголска форма или соодветна
именка) што означува: говорна, мисловна,
емоционална дејност или состојба, дејност
од областа на познанието, на волјата и на
оцената.
Пр.: Учениците сфатија дека ќе го губат овој
час.
Во примерот, зависната дел-реченица: Дека
ќе го губат овој час. го дополнува значењето
на личноглаголската форма, на прирокот од
главната дел-реченица: Учениците сфатија.
Сврзник во оваа исказна зависносложена
реченица е дека. Објаснувањето,
дополнувањето содржано во зависната дел-
реченица не мора секогаш да се однесува на
прирокот од главната.
Исказната дел-реченица може да дообјасни и други
реченични членови од главната дел-реченица.
Пр.: Борче изведе заклучок дека таа нема поим за писмото.
Цело полугодие живееше со стравот да ја открие љубовта.
Во првиот пример објаснувањето од зависната дел-
реченица се однесува на директниот предмет во главната
реченица (заклучок), а во вториот, делот што го дообјаснува
зависната дел-реченица е предлошки предмет во главната
(со стравот). Сврзници во овие исказни зависносложени
реченици се дека и да.
Во рамките на декларативните зависносложени реченици, како
сврзувачки средства ги среќаваме:

• - сврзниците: дека, оти, како, што, да;


• - прашални партикули, а пред сe дали;
• - прашалните заменски зборови: што, кој...,
чиј..., каков..., колкав..., каде, коgа, колку,
како, зошто.
• За нашиот јазик е особено интересен
односот меѓу дека, оти, како и што од една
и да - од друга страна. Имено, дејствата
воведени со дека, оти, како, што се
претставуваат како факт (на пример:
Мислам дека сте во право; Ми рекоа дека
сте оставиле порака за мене и оти сте си
заминале; Ја гледав како бледнее; Жал ми е
што Be навредив и сл.).
• Наспрема нив, дејствата воведени со да се во
најголем број случаи неизвршени (на пример:
Мислам да си одам; Решивме да се
повлечеме и сл.), но и во случаи кога се
работи за извршени дејства, тие се
претставени во вид на намера, односно дa-
конструкцијата се употребува како име на
дејство (на пример: He мислев да дојдам; Жал
ми е да го гледам олку беспомошен и сл.)
• Од сите наведени сврзници дека и оти се
вистински синоними и можат заемно да се
заменуваат без каква било промена на
значењето. Нашата норма му дава предност на
дека, a оти, според неа, може да се употреби
тогаш кога постои опасност од натрупување на
дека: дека...и дека...и дека итн., се разбира
кога не е (натрупувањето) резултат на желбата
на говорителот да постигне особен ефект.
• Примери:
• Се расправаа дали годинава ќе бидат
модерни спортски панталони.
• Веќе знаеше што ќе стори.
• Борче престана да размислува колку ќе
зборува.
• Точно знаеја зошто одат во Сарај.
• Од календарот во наставничката канцеларија прочита дека е
среда.
• Ѕвончето најави дека големиот одмор завршил.
• Се направи оти не ја забележува и седна во својата клупа.
• Јас сум од училиштето, разбрав оти бил болен.
• Жалеа што скоро ќе си оди од училиштето.
• Не беше среќен што слушна дел од нивниот разговор.
• Димитар чекаше да ѕвони.
• Очекуваше да се занишаат плетенките крај едно симпатично лице.
• Мислам како од влакно правиш јаже, ова не е болест за лежење.
• Забележа две млади тополи како нежно се нишаат на ветрот.
• (1) Од сето ова јасно произлегува дека е
јазикот општествена појава.
• (2) Најстрашно беше што кметовата жена се
уште ја немаше.
• (3) Гледаше како се нишаат лисјето.
• (4) Се договоривме да останеме сите
заедно.
• Како најдобар доказ за именскиот (номинален)
карактер на зависната дел-реченица во овие
зависносложени може да послужи фактот што
многу често, во главната дел-реченица може да
се јави показната заменка тоа, односно
именката факт, на пример: Од сето ова јасно
произлегува фактот дека е јазикот општествена
појава; Најстрашно беше тоа што кметовата
жена се уште ја немаше и сл.
А. Сврзниците дека и оти ги среќаваме:

а. со лексика (лични и нелични глаголски форми, именки)


што се однесува на дејства на зборување, емитување порака од каков
било вид: вели, вети / ветува, се закани / се заканува, зборува,
информира, извести/ известува, јави / јавува, каже / кажува,
одговори / одговара, одрече / одрекува, признае / признава, раскаже /
раскажува, рече, тврди и сл., на пример: Тој Ги информира дека ќе
дојде; Информацијата дека ќе дојде тој кај нив, Ги одушеви.
б. со лексика што опфаќа интелектуални, емоционални,
сетилни и сл. дејства, состојби или реакции: верува, види, Гледа,
докажува, забележи, заборави, заклучи, знае, мисли, се надева, се
плаши, помни, претпоставува, претчувствува, разбере, слуша, се
сомнева, убедува, учи и др.
Б. Сврзникот што се јавува:
• а. со лексика што изразува емоционални
дејства (развеселува, возбудува, забавува,
огорчува, одуьиевува) или емоционални
реакции и состојби (се чуди, се радува, се
лути, жали и сл.);
• б. со лексика на оцена, на пример: Смешно
е што се случи токму вака; Добро е што
дојдовте; Глупав сум што се налутив; Среќен
сте што можете да спиете во ваква ноќ и сл.
В. Сврзникот како
• се јавува со глаголи што именуваат осети
(види, слуша) итн., на пример: Слушаше како
пaѓa дождот; Гледавме како пристигнува возот.
Како го среќаваме и со глаголи од типот на
чувствува: Чувствуваа како Ги губат силите. Ова
сврзувачко средство, во овие реченици, се
наоѓа на границата меѓу сврзник и сврзувачки
збор. Треба да се испита колку е застапен во
различните фази и пројави на нашиот јазик.
Г. Партикулата-сврзник да ја среќаваме:

а. во реченици со кои се изразува човековата волја и тоа во вид на побудување


и во вид на желба, па овде среќаваме лексика од типот на глаголите: моли,
повикува, предлага, советува, потоа: бара, обврзува; забранува, наредува,
принудува; се стреми, се труди и сл. (на пример: Be молиме да дојдете; My
забранија да пуши; Се трудеше куќата да биде секогаш средена итн.).
б. Волјата може да се предаде и со посредство на лексика на зборување и
пренесување информација, на пример: Кажете им да не ме чекаат.
в. Желбената нијанса може да се изрази и со глаголи од типот: Помисли да си
оди; Очекувам да дојде.
г. Како име на глаголско дејство, дa-конструкцијата се јавува во реченици со кои
се даваат општи оцени: He е во ред да се доаѓа доцна.
д. Да во комбинација со не се јавува со глаголи од типот на се плаши: Се плашам
да не дојде; Се плашам да не не ја каже вистината. И овде, како и во повеќето од
горенаведените случаи, наспрема да не може да се употреби дека: Се плашам
дека ќе дојде.
Функции на зависната дел-реченица
наспрема главната
• Зависната декларативна дел-реченица може да ги
врши следните функции наспрема главната:
• а. подмет: Познато е дека сте добри; Мило ми е
што дојдовте.
• б. именски дел на прирокот: Мојата цел е да
постигнете успех. ,
• в. различни видови објект: Знам дека ќе дојде
(што?); Верувам дека ќе дојде (во што?); Очекувам
да дојде; Вети дека ќе дојде; Се закани дека ќе се
одмазди и сл.
Директен и индиректен говор
• Пврзано со декларативните
зависносложени реченици е и претврањето
на директниот во индиректниот говор или
репродукцијата на еден исказ во други
околности, во нова ситуација.
• Марко вчера рече: "He одам никаде!"; "He
одам никаде!" - рече Марко вчера
(директен говор); Марко вчера рече дека не
оди никаде (индиректен говор).
• При индиректниот говор, оригиналниот
исказ се менува во зависна декларативна
дел-реченица и тоа наспрема
воведувачката, која е главна.
• „Кој е отсутен?“

Наставничката праша кој е отсутен.

Главна зависна
Претворање на директен во индиректен
говор
• „Правдата секогаш победува“

Дедо вели дека правдата секогаш победува.


• Марко ме праша чија е книгава.
• Зоран сакаше да знае колку дена ќе патуваат.
• Си мислев нервозно каде го оставив клучот.
• Се прашував дали да кренам рака.
• Детето размислуваше каде да оди .
При индиректниот говор оригиналниот исказ се менува на
следниов начин:

а. Лицето на авторот на исказот се менува од гледна точка на оној што го


репродуцира исказот; нема да се промени само тогаш кога самиот автор ја врши
репродукцијата, на пример: Реков дека ќе му ја дадам книгата. Во разговорниот
јазик, но не и само во него, во рамките на индиректниот говор, како и воопшто
во декларативните реченици најблиски до него, не се ретки асиндетонски (без
сврзник )примери: Рече ќе дојде; Прочитав ќе се намалат цените на бензинот и
сл.
б. Времето во кое ќе бидат употребени глаголските форми ќе зависи од
воведувачката реченица. Освен тоа, во нашиот јазик можеме да употребиме и
специјални форми за прекажување: Рекол/ Рече дека ќе му ја даде книгата.
в. Заповедниот начин во македонскиот јазик се предава во индиректен говор со
да-конструкција, на пример: Ми рече: "Дојди!" - — Ми рече да дојдам/ да одам.
г. Воведувачката дел-реченица во индиректниот говор стои, по правило, на прва
позиција.
Еквиваленти на декларативните зависни
дел-реченици
Како еквиваленти на овие реченици можат да
се јават именски групи
Примери:
Знам дека дошол — Знам за неговото
доаѓање;
Гледав како пристигнува возот — Го гледав
пристигнувањето на возот.
Правописна забелешка

• Ако зависната дел-реченица е пред главната,


задолжително се пишува запирка;
Пример: Дека пролетта доаѓа, ни потврдија
кокичињата.
• Ако зависната дел-реченица е по главната,
не се пишува запирка.
Кокичињата ни потврдија дека пролетта доаѓа.
• Запомни!
• Понекогаш, присуството на честичката да во составот на
сложениот прирок може да не заведе на погрешен
заклучок дека се работи за исказна реченица.
• Како што знаеме, сложениот прирок започнува со
форми на глаголите: сака, мора, може, смее, треба,
почне, продолжи, престане, успее, се обидува,
настојува и сл. Според тоа: Сака да биде диригент.
Треба да учи. Ќе престане да спортува.
• Се обидуваше да победи. итн., не се исказни реченици,
туку сложен прирок.
Задача:
Прочитај го внимателно текстот и пронајди ги
исказните реченици!
Еден ден од планината стигна еден многу изморен човек и се потпре на
оградата од нашата куќа. Тој го праша татко ми дали може да преспие
во нашиот двор. Татко ми му одговори дека може да влезе. Човекот му
се заблагодари. Татко ми уште му рече дека може да се напие вода од
бунарот. Одеднаш се слушна страшното виење на нашиот пес.На тоа
виење ние бевме навикнати, ама човекот се стаписа и нè праша нас
децата кога почнало да вие вака кучето. Мојата најстара сестра му
одговори дека кучето вие можеби една година. Човекот многу се налути
и рече дека во кучето влегла смртта. Тој му нареди на татко ми да го
отепа, но татко ми само се смееше .
Направи синтаксичка анализа на реченицата! Подели
ја сложената на дел-реченици, па потоа определи ги
членовите на дел-речениците (простите)!

• Тој сакаше да ги праша одговорните


службеници зошто не е повикан навреме во
судот.
• Од прозорецот детето можеше да види како
паѓаат лисјата по тротоарите.
• Вчера ја добивме информацијата дека со
физичко присуство ќе почнеме на училиште.

You might also like