Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 10

1.

Современи тенденции во туризмот


 
Живееме во современо доба, во кое и најоддалечените и најчувствителните делови на нашата планета се
достапни.Туристичката индустрија во современите текови стана толку значајна така да е присутна со сите
сфери на општеството.Туризмот, како глобална активност се вбројува меѓу најмоќните генератори на развој во
светот, а бенефитот од него е повеќекратен, од вработувањето на локалното население, па сѐ до приходите кои
ги остварува.Тој се смета за важен механизам за развој на економијата не само во индустриските земји туку и
во многу други неразвиени држави.
Економската глобализација влијае на однесувањето на потрошувачите менувајќи го многу брзо, се
развива транспортот и информационите технологии, се модифицираат облиците на организација и работа, што
силно влијае на туризмот.Порастот на потреби за информации, авио и други облици на транспорт, појавата на
голем број нови дестинации, порастот на образовното и културно ниво на населението, промените во навиките
и желбите на туристите, доведуваат до потребата за прилагодување на работењето.
Современиот туризам доживува промени и во квалитативна и во квантитативна смисла.Во центарот
на вниманието се наоѓа потрошувачот, кон кој туристичката понуда постојано се прилагодува.Современиот
турист е потрошувач на туристички услуги и е со големи барања.Тој е добро информирана личност, која во
туристичките патувања не гледа само одмор и забава, туку и можност да научи нешто ново.
Во услови кога промените се единствена константа во глобалната заедница, тешко е да се предвиди што носи
иднината за развојот на туризмот. Кон сложеноста на овој сектор допринесуваат и глобалните трендови кои
се однесуваат на:
 демографските промени во земјите во развој, стареењето на населението или порастот на бројот на самохраните
родители;
 наглиот пораст на популацијата во земјите во развој;
 зголемувањето на урбанизацијата на глобално ниво;
 климатските промени и проблемите со водата;
 зголемените трошоци за енергија, посебно во поглед на нафтата.
Сето ова говори дека туризмот, во иднина ќе мора да се прилагодува на појавите кои се надвор од
неговиот сектор.
Од актуелните мега трендови во туризмот, се истакнуваат следните:
 туризмот и патувањата сѐ повеќе се темелат на интересирањата и личните активности;
 се уочува поларизација на вкусовите и трошоците на патувањата;
 се вклучува свеста за социолошката и амбиентална одговорност на туризмот;
 расте конкуренцијата, и истовремено соработката (партнерствата) меѓу дестинациите за привлекување странски
туристи;
 зголемен е бројот на постари туристи и жени;
 постои тенденција за раст на побарувачката за културен, рурален, активен и велнес туризам;
 туристите наместо масовност и одмор сѐ повеќе во туризмот бараат: автентичност, активност, доживување, возбуда,
амбиент и др.;
 ставен е акцент на благовремената комуникација со туристите;
Современите облици на туризам претставуваат облик на туристички промет на помали групи, насочени кон
запознавање на културни и природни карактеристики на дестинацијата, во склад со принципите на
одржливиот развој на туризмот.При тоа, можна е се поголема посветеност кон индивидуалните желби и
доживувања на туристот, што стана основен предуслов за задоволен турист.Еко туризам, наутички туризам,
фото сафари, екстремни спортови, запознавање со археолошки локалитети, само се некои од селективните
облици на туризмот кои се наоѓаат во центарот на вниманието на современиот турист.
Како последица на новите облици на туризмот доаѓа до алокација на светскиот пазарен промет – Европа
и САД и понатаму се најголеми туристички контрактивни зони, но запазен е пораст на уделот на егзотичните
дестинации во меѓународниот туристички промет, односно во Источна Азија и Пацификот.
Најголеми промени во туристичката дејност и влијание имаат новите технологии, кои заедно со
интернетот влијаат и на однесувањето на туристите. Така, современите технологии им овозможија на
носителите на туристичката побарувачка да собираат информации за туристичките понуди и за самите
дестинации на различни начини – освен традиционалниот начин на информирање: туристички водичи,
каталози, разгледници, презентирани понуди на саеми и слично, тие сега се информираат и преку веб сајтови,
интернет форуми и слично.
Појавата на Интернетот носи силни промени во туризмот и тоа:
 поттикнато е исчезнувањето на посредниците;
 се создаваат нови посредници на Интернет, а традиционалните посредници мораат да ги менуваат
улогите;
 овозможен е директен пристап до крајните корисници, односно потрошувачите;
 осигурано е моментално обезбедување на веродостојни информации;
 овозможен е приказ на состојбата во работењето во реално време;
 намалени организациските и дистрибутивните трошоци;
 зголемена е практичноста и флексибилноста.
Денес, скоро и да не е можно работењето на еден туристички субјект без соодветно ажуриран веб
сајт на кој има широк спектар информации – за дестинацијата, оддалеченоста од поголемите центри,
валутата, близината на аеродромите, традицијата и културата на локалното население и слично.Секоја од
овие информации може да биде клучна при изборот на туристичка дестинација.Посебно е битно да бидат
достапни релевантни информации за политичко безбедносната ситуација.
Важен онлајн извор на информации се интернет форумите на кои се разменуваат мислења и искуства
за туристичките места.Зголемениот број на индивидуални патувања е резултат и на онлајн системите кои
го олеснуваат купувањето на туристичките ангажмани. Два најпознати веб сајта на кои можат да се
пронајдат разни хотелски понуди од целиот свет и на кој сите објекти се рангираат врз основа на оценката
на туристите се: www.tripadvisor.com и www.booking.com. Оценките на хотелите на овие сајтови стануваат
толку важни што некои туристички агенции ги внесуваат во своите каталози.
Покрај низата позитивни ефекти кои современите технологии ги носат на туристите, постојат и
одредени негативни ефекти, кои со текот на времето ќе се намалуваат и исчезнуваат. Главниот проблем е
поради тоа што постои дел од луѓето кој е „информатички неписмен“, а исто така кај голем дел постои
недоверба во онлајн системите поради отсуството на личен контакт.
Туризмот по својата големина е еден од водечките светски брзо растечки економски сектори.Во
последните неколку децении тој е исто така инструмент за глобален раст, развој на нови работни места,
главен аспект на меѓународната трговија.Она што го карактеризира современиот туризам е делувањето во
услови на комплексно меѓународно деловно опкружување.Туризмот, поради овој факт, е препознаен како
значаен катализатор за социо - економскиот развој во светот.
2. Специфичност на комуникациите во туризмот
 
Без добра комуникација нема успех, особено не долгорочен.Во туризмот, ова може да биде најочигледно,
бидејќи скоро секој вработен доаѓа во контакт со клиентот и може да биде клучен за задоволството од
услугата.Од друга страна, за бизнисот да биде успешен, подеднакво е важна и внатрешната комуникација, и
вертикална и хоризонтална.
Сите активности што се одвиваат во туризмот, или се поврзани со туризмот, се случуваат врз основа
на комуникација, што говори колку комуникација е навистина важна за туризмот. Правилно и ефикасно
комуницирање во туризмот подразбира неколку важни елементи како што се: комуникациски вештини и
компетенции, самодоверба, различни средства со кои се одвива вербалната и невербална комуникација,
способност за надминување на конфликти во процесот на комуникација и слично.
Комуникацијата во туризмот обично, во стручната литература, се дефинира како посредничка услуга
во туризмот и во прв ред се однесува на маркетингот и на огласувањето, односно на економските категории
комуникација, додека терминот не вклучува неекономско комуницирање и разни пренесувања информации за
сообраќајот, времето, настаните, гастрономијата и слично. Туризмот денес доведува до тоа луѓето од различни
култури да патуваат секојдневно, едни со други да се запознаваат, зближуваат и комуницираат; исто така ги
доведува во ситуација оние кои патуваат и нивните домаќини, да треба да комуницираат едни со други.
Туристот (патникот, гостинот) е центар на случувањата во туризмот.Патувањата нудат можност за
запознавање други луѓе и други култури.Поради различноста помеѓу луѓето и нивните култури потребно е
темелно да се изучува комуникацијата со цел подобро взаемно разбирање меѓу луѓето.Потребно е да се знае
културата на туристите од која доаѓаат како би можела комуникацијата со нив да биде успешна.
Во непосредниот контакт со туристот мора да:
 се реагира позитивно во ненадејни ситуации;
 се познава стратегијата на организацијата;
 постои свесност за приоритетите на организацијата;
 се има поддршка од менаџментот;
 се совладаат комуникациските способности за да може да се предлагаат промени и подобрувања во
работењето;
 знаат дека нивните предлози ќе бидат прифатени;
 да бидат обучени за работа од својот делокруг.
Туризмот како економска активност во чија основа се наоѓа задоволувањето на потребите на туристите,
бара постојана комуникација со потенцијалните туристи.Без оглед на тоа дали работата на туристичкиот
работникот е во врска со создавањето на туристички аранжмани, продажба на одредени ваучери или
работникот има позиција на водич, тој мора да има добри комуникациски вештини, мора да владее и со
вербалната и со невербалната комуникација.
 
Доброто познавање на јазикот, јасното говорење, гестовите, оставаат добар впечаток на клиентите,
што влијае на репутацијата на туристичката организација и често преку лична пропаганда го
зголемува бројот на клиентите во организацијата. Познавањето на комуникациски вештини помага
правилно да се пренесе порака, со цел да се произведе „желба“ кај клиентот, како би се одлучил да
посети некое место. Во тоа, преку писмена комуникација, помагаат летоците, брошурите и
проспектите, кои не овозможуваат директен контакт, но на тој начин информациите стигнуваат до
голем на луѓе.
Со развојот на технологијата во туризмот, исто така е присутна и електронска комуникација,
која по пат на уредени сајтови и социјални мрежи обезбедува низа потребни информации.
Ефикасното користење на комуникациски вештини придонесува за позитивни искуства на
клиентите.Персоналот во туризмот треба да биде компетентен, едуциран и постојано да развива
сопствени комуникациски вештини.
 
3. Електронска комуникација во туризмот
Од моментот на продирањето на интернетот во секојдневното работење, овозможено е надминување на
просторната и временска дистанца во комуникацијата. Туристичките агенции во краток рок започнаа во целост да се
потпираат на електронскиот начин на размена на информации, па денес претежно комуницираат по пат на
електронска пошта, SMS (Short Message Service)и MMS (Multimedia Messaging Service)пораки, како и бројни
мобилни апликации и социјални мрежи.
Сето ова е од исклучителна важност во општеството во кое времето пртставува едно од најважните ресурси, па
потрошувачите бараат моментални, прецизни и проверено точни информации, а нивното трпение може да се мери
во наносекунди, а не во секунди. Интернетот претставува моќно средство за градење односи со клиенти,
овозможува намалување на трошоците, зголемена брзина, ефикасност и флексибилност.
Туристичките агенции денес се наоѓаат на една пресвртница на која мораат да ја одберат електронската
комуникација и продажба, затоа што во спротивно ќе бидат истиснати од пазарот од страна на конкуренцијата.
Многу туристички агенции поседуваат во целост прилагодени веб страни, на кои клиентите можат самостојно по
пат на livechat платформа, да вршат пребарувања со можност за директна комуникација со соодветни лица.
Кога е во прашање интерната комуникација во рамките на агенцијата како систем, технологијата
овозможува поефикасно поврзување на back office (управа, креирање аранжман, сметководство, техничка поддршка
и слично) и front office (информирање и продажба). Директната размена на информации помеѓу овие два, односно
сите постоечки сектори, продажни места и локации е овозможено со помош на внатрешна интранет мрежа во која
се складираат сите информации од работењето на агенцијата кои се од големо значење за нејзиното работење
(продадени аранжмани, податоци за клиенти, платни трансакции, распоред за слободни и зафатени капацитети за
превоз и сместување и слично). 
Заклучок
 
Современите туристички патувања веќе не се едноставна комбинација од превоз и сместување, туристичките
потреби стануваат се покомплексни, клиентите се поискусни и попребирливи, па и задачите на туристичките агенции
се движат кон далеку поширок спектар на услуги, со неопходна специјализација и фокусирање на потесни целни
групи. Во потребите на современите туристи преовладуваат различност, контраст, богатство на содржини и облици,
новитети и иновативни производи со акцент на квалитет.Постигнувањето на наведените елементи претпоставува и
постигнување на нови квалитети во сите аспекти од туристичката понуда.
Од сето ова произлегува дека туристичките агенции првенствено мораат да се фокусираат на други компетенции
и да обезбедат нови услуги со дополнителна вредност која ќе ги привлече и задржи потрошувачите.Нивната
суштинска компетенција која ги разликува од конкуренцијата на интернет е советодавната улога. Како би изградиле
бизнис модел кој се темели на оваа предност, туристичките агенции мораат да сметаат на тековните слабости на
интернет каналите: информациите на интернет се фрагментирани, потребно е повеќе време да се пронајдат добри
информации дури и за патници со искуство, а доверливоста и веродостојноста на многу извори не секогаш може да
се докаже.
Пред да се фокусираат на поставувањето информации како расположливи, вработените во туристичките агенции
треба да се фокусираат на прилагодување на целните информации за потрошувачите, претходно идентификувајќи ги
нивните вистински потреби.Информациите не треба да бидат само точни, правовремени, доверливи и комплетни,
туку и доволно богати за да ја заробат фантазијата на корисникот и на тој начин да овозможат неговата/нејзината
скриена информација за потребата за патувањето да излезе на виделина.

You might also like