Download as ppt, pdf, or txt
Download as ppt, pdf, or txt
You are on page 1of 24

МЕТОДИКА НА НАСТАВАТА ПО ЈАЗИК

ПЛАНИРАЊЕ НА НАСТАВАТА ПО ЈАЗИК


ПЛАНИРАЊЕ НА НАСТАВА
• Практиката на секое ниво покажува дека секоја работа
пред да почне да се реализира најпрво треба добро
да се планира.
• Ваквото планирање на наставната содржина во
образованието ги опфаќа следниве етапи:
• Годишно процесно развојно планирање на наставните
содржини по наставни теми, работни месеци, седмици
и наставни часови;
• Седмично планирање на наствните содржини;
• Дневно планирање за работа на наствникот;
ГОДИШНО ПЛАНИРАЊЕ
• Годишното планирање на наставниот материјал
произлегува од наставните програми по секој
наставен предмет што се изучува во училиштето и тоа
претставува основна ориентација во работата на
наставникот во текот на целата учебна година;
• Годишното планирање, всушност претставува
тематски план во кој се конкретизираат наставните
содржини од сите програмски подрачја по наставни
теми, притоа почитувајќи го бројот на наставни часови
што се потребни за нивно реализирање;
• Процесно, развојно планирање значи дека тоа
годишно планирање продолжува со развој низ кој
понатаму наставните содржини подлежат на седмично
и дневно планирање;
• Постојат повеќе модели за формулирање на
годишниот план, но искуството покажало дека
најефикасен модел се тематските годишни планови за
работа по месеци, седмици, денови и часови;
• Со планирањето треба да се обезбеди научна
заснованост за изведување на наставата и нејзино
максимално влијание во развојот и изградувањето на
личноста на ученикот;
• Кај планирањето треба да се запазуваат
хоризонталната и вертикалната поврзаност,
хоризонталната знаци меѓуподрачна поврзаност, а
вертикалната меѓутематска поврзаност;
• Ваквата поврзаност во планирањето е функционална
само кога имаме поврзаност на сродни содржини;
Подготовка на настваникот за планирање на
настава
• Ги проучува наставниот план и програма за
соодветното одделение/година;
• Се запознава со материјалната опременост на
училиштето;
• Се запознава со непосредната околина во која се
наоѓа училиштето;
• Проучува учебници, прирачници, речници, содржини
од др литература;
• Согледување на планирањата од др колеги;
• Согледување на претходните знаења на учениците;
• Проучување на наставниот план за идната година;
ПЛАНИРАЊЕ НА НАСТАВНА ЕДИНИЦА
• Планирање на наставна единица е подготовка на
наставникот за изведување на часот;
• Наставната единица и времето на нејзината
обработка се определува при расчленување на
темата, и сега е потребно што поконкретно да се
определи содржината;
• Во практиката се применуваат најразлични форми на
планирање кои зависат од искуството на наставникот;
• Планирањата можат да бидат различни, но сите треба
да се водат од ЕСР рамката; (евокација, сфакање на
значењето и рефлексија);
МЕТОДСКИ ПРИСТАП ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА
ЧАС
• Програмско подрачје (се однесува на јазик,
литература, итн)
• Наставна тема
• Наставна содржина (конкретизирање на тоа што ќе
се учи)
• Тип на часот (дали е нова содржина, утврдување,
повторување)
• Претходни задолженија (да се испитаат предходните
знаења на учениците)
• Наставни методи (метод на разговор, на
демонстрација, аналитичко синтетички и др)
• Наставни форми (фронтална, групна, индивидуална,
тандем)
• Наставни средства (учебник, граматика, работна,
наставно ливче, проектор, надворешна литература)
• Корелација (поврзаност со др предмет)
• Наставни цели: образовни (стекнување на учениците
со нови знаења); воспитни (развивање на љубов,
интерес, навика); функционални (воочување,
воопштување, примена на теоретското во практиката,
секојдневниот живот)
• Артикулација на часот: воведен дел, главен и
завршен дел;
• Самостојна активност на часот;
ТИПОВИ НА НАСТАВНИ ЧАСОВИ ПО
ЈАЗИЧНО ПОДРАЧЈЕ
• Тргнувајќи од целта што сакаме да ја постигнеме во
воспитно-образовната работа во делот од подрачјето
Јазик постојат 4 типа на наставни часови:
• Часови за стекнување на нови знаења, односно
часови за предавање на нови поими, дефиниции,
правила и заклучоци;
• Часови за проверување, утврдување и проширување
на стекнатото знаење и умеење на учениците;
• Часови за вреднување на стекнатите знаења и
умеења на учениците;
• Комбинирани часови, односно часови со структурни
елементи на стекнување на нови знаења,
систематизирање на порано стекнатите знаења;
ОПФАТЕНОСТ ПО НАСТАВНИ
ПРОГРАМИ
• Наставните програми во Бирото за образование во
делот од јазикот опфаќаат Македонски јазик, Англиски
јазик (прв странски јазик) и Германски/Француски јазик
(втор странски јазик).
• Англиски јазик: според наставните програми во
средно и основоно образование опфаќа неколку
компоненти или предметни подрачја:
• Лексички единици, граматика, слушање со разбирање,
говорење, читање со разбирање, пишување, култура.
• Германски/Француски јазик: ги опфаќа сличните
предметни подрачја како и англискиот јазик со
одредени дополнувања во однос на која година се
изучува.
• Македонски јазик: опфатен е со две предметни
подрачја:
• Јазик каде е вклучен и делот од граматиката;
• Литература во која се вклучени и лектирите како и
делата кои се обработуваат како делм од наставната
содржина;
КРИТИЧКОТО МИСЛЕЊЕ ВО МЕТОДИКАТА
ПО ЈАЗИК
• Критичкото мислење како критериум треба да ги зема
методите преку кои се става акцент на природата на
сознајниот процес и активноста на ученикот во тој
процес, се издвојуваат следниве неколку методи:
• Метод на предавање: претставува класично
излагање или предавање кој има догматско-
репродуктивна позиција во сознајниот процес. Во
негови рамки е добро да се користат елементи од
проблемското излагање, односно секогаш да не се
даваат готови знаења, туку од време на време да се
поставуваат задачи, да се истакнуваат дилеми, да се
поттикнува размислувањето, заклучувањето, што
придонесува знаењата да станат убедувања, како и
развивање на интерес за нови сознанија.
• Метод на повторување: се користи во наставата по
Јазик и Литаратура. Неговата примена е неопходна за
совладување на дефиниции, правила, со неа се вежба
помнењето и репродукцијата, се проверува фондот на
стекнатите знаења, умеења и навики. Примената на
овој метод треба да се сведе на одредено ниво за да
се облагодари со творечка димензија, да се бара
ангажирање на мислите, сопствено гледиште и
критички став и сл.
• Творечки метод: се нарекува оној метод со кој во
наставата се обезбедуваат творечки активности.
Творечката активност подразбира мисловен напор, и
затоа како основни форми на творечко решавање на
проблемот се земаат: објаснувањето,
предвидувањето и инвенцијата;
• Објаснувањето има за цел да разјасни зошто се случил
некој специфичен настан;
• Предвидувањето се гради врз основа на дадени услови и
треба да се дознае до какви последици ќе доведат тие
услови;
• Инвенцијата претставува создавање на низа нови услови
кои ќе доведат до еден специфичен настан;
• Ваквиот метод е сосема спротивен од наставата со
образовно дозирање, којашто често го гуши ученикот и
формира непроменето ригидно знаење.
• Метод на хевристички разговор : се состои од низа
поврзани прашања за определен проблем, а секое
прашање претставува чекор напред на патото кон
решавање на проблемот; Улогата на наставникот е да ги
истакне проблемите, да укаже на противречностите, да
создаде дилеми и конфликтни ситуации како и да насочува
кон истражување.
• Метод на истражување: подразбира дека учениците,
преку индивидуална работа, решаваат проблемски и
истражувачки задачи во целина.
• Критичкото мислење е многу сложен процес во кој
треба да бидат запазени многу елементи и фази за да
биде успешно. Како појдовна точка најчесто се зема
Блум-Сандерсовата таксономија на прашања преку која
се доага до развој на критичкото мислење. Во
конкретниот случај во методиката по јазик ние ќе се
задржиме на Когнитивното подрачје.
• Со планирањето на Блумовата таксономија во
наставата, односно со планирањето на сите шест нивоа
на размислување и разбирање, всушност се развиваат
сите видови интелигенции (Гарднерови интелигенции):
јазична, логичка, просторна, моторичка, музичка,
интерперсонална и интраперсонална интелигенција
• Шест нивоа на размислување се: помнење,
разбирање, применување, анализирање, вреднување
и креирањето.

ПОМНЕЊЕ:

Може да препознае и да се сети на термини, факти, симболи...

Наоѓа, лоцира, набројува, повторува,


запомнува, препознава, именува,
Глаголи со кои се покажува, поврзува, избира, кажува,
дефинира заокружува, подвлекува

Тестови, прераскажување, повторување,


одговори
Начин на оценување

Што, Кога, Кој


Прашања

Работни листови, рецитирање, квизови,


одговори на едноставни прашања
Продукти
РАЗБИРАЊЕ:

Може да ја разбере основната идеја во она што го чул, видел или прочитал. Објаснува идеи или концепти,
толкува, сумира, парафразира, класифицира, објаснува.

Објаснува, дефинира, преведува, доведува во врска, демонстрира,


пресметува, дискутира, кажува со свои зборови, пишува, прави
преглед, известува, парафразира, сумира

Глаголи со кои се дефинира

Прераскажување со свои зборови, куси одговори на прашања, есеи


во кои се бара сумирање или интерпретирање текстови
Начин на оценување

Прашања Што значи? Како?

Резиме, прераскажување, извештај, математички запис


Продукти
ПРИМЕНУВАЊЕ:

Ги користи информациите да реши нов проблем, да ги поврзе со претходното искуство, да предвиди исход од
активноста

Менува, адаптира, користи, прави, конструира, пресметува, илустрира,


модифицира, подготвува, става во погон, решава

Глаголи со кои се дефинира

Решавање проблеми, есеи од типот: Што би направил... планирање и


изведување истражување

Начин на оценување

Прашања Што мислиш?

Дијаграми, мапи, модели, илустрации, акциони планови, објаснување на


други, дневник, весник, решавање на проблем во глава

Продукти
АНАЛИЗИРАЊЕ:

Ја разбира идејата или поимот на неговите составни делови. Може да идентификува релации меѓу елементите,
причините и последиците, сличностите и разликите

Класифицира, разликува, категоризира, изведува, разложува, споредува,


спротивставува, поделува, каталогизира, прави инвентар, прашува, истакнува,
истражува

 
Глаголи со кои се дефинира

Есеи во кои се анализира нов материјал според определени критериуми


(врски, елементи, организациони принципи, сличности-разлики, причини-
последици) споредбени табели, графикони

 
Начин на оценување

Како? На кој начин?


Прашања  

Графици, извештаи, дијаграми


Продукти  
ВРЕДНУВАЊЕ:

Може да направи проценка врз основа на критериуми и стандарди преку проверка и испитување

Проценува, селектира, комбинира, дизајнира, креира, развива,


конструира, гради, аранжира, собира, поврзува, предвидува,
измислува, планира, создава, пронаоѓа, ревидира, организира,
продуцира, , дава мислење

Глаголи со кои се дефинира

Креативни есеи, песни, состави, написи, книги, компјутерски


програми, уметнички творби

Начин на оценување

Што би направил?
Прашања
Уметнички изработки, песни, хипотези, есеи, компјутерски програми

Продукти
КРЕИРАЊЕ:

Собира елементи и создава функционална средина, реорганизира елементи во нова шема или структура преку
генерирање, планирање или произведување.

Глаголи со кои се дефинира Создава, измислува, предвидува, одлучува, разгледува, избира,


дизајнира, заклучува, дебатира, просудува, дава мислење, формулира,

Начин на оценување Тестови, критички есеи, дискусии, говори, писма, дебати, драма,
набљудување во ситуации кога треба да донесе суд

Прашања Што мисли?

Продукти Дебати, дискусии, препораки, мислења, писма, табели што


покажуваат подреденост или приоритети

 
• Блумовата таксономија е применлива со целото
одделение, со тоа што се акцентира одредено ниво за
различни деца. На овој начин се продлабочуваат
вештините за мислење кај учениците преку акцентирање
на повисоките нивоа од таксономијата (анализирање,
вреднување, креирање).
• Комбинациите кои можете да ги користите
диференцираните фази-нивоа во наставата се
многубројни. Еве неколку примери:
• Сите ученици можат да работат во фазите на помнење и
разбирање, а потоа одбираат барем по една активност од
другите, повисоки нивоа,
• Некои ученици работат на пониско ниво, додека другите
работат на повисоки нивоа,
• Сите ученици избираат активности од било кое ниво –
по слободен избор,
• Некои активности можете да ги именувате како
„неопходни, задолжителни”, додека другите како
„изборни”,
• Некои ученици работат на пониските нивоа а потоа ги
осмислуваат своите активности за повисоките нивоа,
и.т.н.

You might also like