Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 25

ВЕЖБИ2

Ефективна употреба на време во ПЗЗ


Притисок од пациент
Холистички пристап
Доц.д-р Валентина Р.Нејашмиќ
Формирање на листа на
дијагностички можности

• Веројатност : Листа на најверојатните дијагнози-најмногу 5


• Сериозност : Листа со по една до две
• Курабилност : дијагностички можности
(можност за третман)

• Раритет : Да се обидеме да ја заборавиме како


дијагностичка можност
Сценарио1 за веројатност
• Доаѓа мајка со женско дете на возраст од 5 години со
високатемпература 39.50Ц и изразени болкa во грлото која се
ширела кон ушите. Детето имало 3 дена многу висока
температура заради што мајката се вознемирила и го донела кај
нивниот доктор на преглед.

• Според принципот на веројатност кои дијагностички можности би


дошле во предвид?
Сценарио1 за веројатност
• Дијагностички можности по веројатност:
• Акутна горно-респираторна вирусна инфекција
• Корона вирусна инфекција
• Акутен риносинуситис
• Angina lacunaris предизвикана од бета хемолитичен стрептокок
• Бактериски неспецифичен фарингитис
• Акутен отитис
Сценарио1 за веројатност
• Докторот направил физикален преглед и утврдил дека детето има
висока температура 390Ц, треска, зголемени и едематозни
тонзили со гнојни налепи, зголемени и болни лимфни јазли на
вратот и отсуство на кашлица
• Која од наброените дијагностички можности по принципот на
веројатност би била најверојатната дијагноза кај ова девојче?

• Angina lacunaris предизвикана од бета хемолитичен стрептококус


пиогенес
Сценарио2-Курабилност

• Пациентка на возраст од 23 години доаѓа на преглед


поради наод на 2 округли промени на левата дојка. Таа е
многу вознемирена подолго време и се жали дека на
палпација има болки.
• Што ќе направите со оваа пациентка?
Проширена анамнеза и физикален
преглед
• Анамнеза: промените датираат од пред една година но таа се
плашела и не се јавила кај лекар, негира други заболувања од
интерес
• Направен е физикален преглед и е утврдено постоење на 2
округли јасно ограничени промени во горен латерален квадрант
и горен медијален квадрант со димензии 5/6 цм и 4/3 цм.
Аксиларни лимфни јазли нема зголемени
Што друго треба да и препорачате на оваа пациентка?
Дополнителни иследувања?
• ЕХО на дојка
• На Ехо на дојка се гледаат двее округли јасно ограничени
структури со намалена ехогеност

• Дали би и препорачале Мамографија?


• ДА или НЕ
• Ако е ДА-Зошто, Ако е НЕ-Зошто?
Што би била дијагнозата и што понатаму?
• Поставено сомнение за фиброаденом и упатена на Хируршката
клиника во Скопје-Торакална хирургија
• Поставена индикација за оперативен зафат
• Направена екстирпација на промените напревена
хистопатолошка анализа и утврдено постоење на фиброаденоми
• Ова сценарио е за Курабилност
Сценарио 3-Сериозност и раритет

• Пациент на возраст од 45 години,овчар.Се жали на болки по


телото, пролонгирана фебрилност, болки во грбот и стомакот,
гадење, повраќање,дијареа ,силна малаксаност во тек на 7
дена.Се дотогаш бил исклучително здрав и не доаѓал кај лекар
• На физикален преглед неспецифичен наод,
дехидратација,покачена т.т, сув јазик,дифузно болно осетлив
абдомен,коњуктивално крварење, лесно конфузен.
• Што ќе направите со овој пациент?
Сценарио 3-Сериозност и раритет
• Рехидрација,антипиретици
• Лабор,анализи: анемија, блага леукоцитоза,
изразена тромбоцитопенија, покачени вредности
на креатинин и уреа, Ер и Ле во урина, покачени
трансаминази
• Што ќе направите со овој пациент?
Сценарио 3-Сериозност и раритет
• Доволно е да го препратите до СЗЗ
• ЗОШТО? Заради влошување на здравствената состојба и
влошување на бубрежната функција, значајна
тромбоцитопенија,изразена дехидратација.
• Сите овие параметри укажуваат на сериозно заболување со
нејасна етиологија.
• Овој пациент разви АБИ со зголемена склоност за крварења
заради тромбоцитопенија.Ставен на дијализа во неколку
наврати, перени Тр и др.
• Утврдена ХАНТАН вирусна инфекција (раритет)
• Пациентот е комплетно излекуван.
Сериозност и раритет
• Помислете понекогаш на овие дијагностички принципи бидејќи:
• Некои поретки болести може да се појават непредвидено и да
предизвикаат сериозни последици по здравјето на пациентот а да
не бидат забележани
• Бидете внимателни (Пр. Акутен апендицитис, тумор на мозок,
Gillen Bare полирадикулонеуритис, Sjogren Sy и др..)
Сценарио за Раритет
• Пациентка на возраст од 41 година доаѓа на прв преглед во
нашата ординација. Таа се жали на болки на долната усна и
присуство на раничка која постепено се шири и и предизвикува
болка, има болки во вратот, јазикоти и е сув и нема плунка. Има
болки во рацете и секогаш и се ладни а очите ја чешаат и
чувствува дека нема солзи.
• Таа се жали дека не може да забремени и мажот и ја оставил
• Што ќе направите со оваа пациентка?
Физикален преглед
• На преглед има егзулцерација на долна усна десно, зголемени
лимфни јазли на вратот десно. Кожата е сува, конјуктивите се
бледи и суви. Пациентката е потхранета, кожата и е потемно
пигментирана, дланките и се ладни со значајна пигментираност
на шаките.
• Што понатаму?

•.
Испитувања и упатување
• Лаб.анализи
• Преглед на очи
• Сијалограм
• Саливарна сцинтиграфија
• Биопсија
Што се случи со оваа пациентка?
• По барање на роднините донесена е на максилофацијална
хирургија и напрвена хиирушка интервенција на устата, утврден
базоцелуларен карцином.
• Дополнителни иследувања не се направени дадени се совети за
хидрација на лигавиците (внес на течности, вештачки солзи,
физиолошки раствор за слузниците.
• Што мислите за каква болест станува збор?
Morbus Sjogren
• Прашања?
Разрешување на притисокот од пациентите
СТРАТЕГИИ
• Да не се сложиме
• Да се сложиме
• Да го упатиме на
специјалист
• Да се спогодиме
• Да го едуцираме
Сценарио 1( Да не се сложите)
• Доаѓа пациентка која од пред 3 дена не била на работа бидејќи
детето и било наводно болно и бара боледување за предходните
3 дена бидејќи ќе ја избркаат од работа.
• Вие сакате да и помогнете но ќе и објасните дека давање на
боледување наназад е невозможно и казниво со закон и нема да
се сложите со тоа барање.
• Но можете да преговарате: да го донесе детето на преглед и ако е
болно да и се отвори боледување од денот на преглед а за
предходните денови да и се издаде медицинска потврда (ако
фирмата и ја признае)
Сценарио 2
• Мајка со дете со температура и течење на носот доаѓа на преглед и бара да и биде
пропишан антибиотик сир.Панцеф кој многу убаво му делувал минатиот пат кога му
го пропишале од болница,иако е утврдено постоење на горно-респираторна
вирусна инфекција.
Опции
• да се сложите и да пропишете антибиотик
• да не се сложите
• Да преговарате (добро јас сега ќе ви го пропишам антибиотикот но ве советувам да
го користите на одложено давање после 5 дена ако состојбата на детето се влоши
• Да ја едуцирате (непотребното давањето на антибиотици е штетно,најголем број на
инфекции кај децата се од вирусна природа и не помага давање на антибиотици.
Холистички пристап
• Ако сакате да бидете холистички доктор секогаш во контекст на
пациентот гледајте ја големата поширока слика
Сценарио 1 –Холистички пристап
• Пред 3-4 дена во вашата ординација дошол татко со неговата ќерка
на 10 годишна возраст поради интензивна изморувачка кашлица која
не престанувала. Таткото смеал дека девојчето е настинато и му
треба терапија.
• Од анамнезата: кашла 2 дена без прекин, нема присуство на
катарални симптоми
• Минати заболувања: Како помало дете повремено добивалаво 2 до
3 наврати обструктивни бронхити, била релативно здраво дете
• При земање на анамнезата поради чудната клиничка слика прашана
е за постоење на било каков стрес и е добиен негативен одговор
Сценарио 2- Холистички пристап
• Физикален преглед: Грло-лесно хиперемично, пулмонален наод уреден
• Лабораториски анализи: крвна слика со лесно покачени леукоцити со Гранулоцитоза
• Ставена во тек на 2 дена со ампуларна терапија: (антибиотик+Дексазон) со
подобрување.
• После 2 дена поради појава на интензивна непрекината сува кашлица и грчење на
рацете била донесена во вечерните часови на преглед. Таткото бил силно
вознемирен. При прегледот пулмоналниот наод бил уреден. Девојчесто плачело и ги
грчело прстите. Заради ова е воспоставен разговор со нејзината сестра која не ја
кажува причината но кажува дека кога нешто ќе се изнервирала и идело да полуди.
Во разговор со таткото му е напомената дека целата оваа е слика се должи на силен
стрес кој се должи на некој проблем дома или во средината. Дадено и се благи
седативи после што состојбата е стабилизирана. Предложена е психоерапија
Бидете холистичи ориентирани кон вашите
пациенти
• Секогаш гледајте ја пошироката слика и мислете холистички

You might also like