Download as ppt, pdf, or txt
Download as ppt, pdf, or txt
You are on page 1of 34

Девизен пазар и девизна

берза
Поим и суштина на девизниот пазар
• Девизен пазар-еден сегмент на пазарот, односно се
работи за перманентно среќавање на понудата и
побарувачката на девизи.

• За да дојде до ова, потребно е да постојат отворени


економии меѓу кои би се вршеле надворешно-
трговските односи.

• Во техничка смисла, може да упатува и на конкретно


место на кое организирано се сретнуваат понудата и
побарувачката на девизи.
• На девизниот пазар се врши купопродажба на домашни
пари за девизи и купопродажба на еден вид на девиза за
друг вид на девиза.

• Купопродажбата можер да се изврши на определено


место, во определено време и според утврдени правила
на однесување.
• Во тој случај станува збор за организиран девизен пазар
или за девизна берза.

• Бројни трансакции на купување и продавање на девизи се


вршат надвор од организираниот девизен пазар,во
непосредни контакти помеѓу претпријатијата, банките и
поединците, домашните и странските резиденти.така
“сивиот” пазар претставува сегмент на девизниот пазар.
• Девизниот пазар е многу специфичен пазар, на тој
пазар се тргува со девизи, специфични стоки кои на
своето национално подрачје, во рамки на
националната економија се законско средство за
плаќање.

• Националните девизни пазари, по правило, се


отворени и меѓусебно поврзани, така да понудата и
побарувачката на девизи на тие пазари меѓусебно се
условува. При тоа, од посебно значење се односите
што се формираат на поголемите светски пазарни
центри како Њујорк, Лондон, Токио, Франкфурт,
Париз и итн.
• Основни мотиви за да се излезе на девизниот пазар
се:
• На страната на понудата, потребата да се излее од
странските средства за плаќање и да се дојде до
домашни средства за плаќање, а на страната на
побарувачката, преку странски средства за плаќање
да се дојде до странски стоки и услуги.

• Постојат и чисто шпекулативни причини:


• од една валута да се оди во друга со цел да се
постигне поголема економска корист.
• Девизниот пазар кога е организиран како слободен
девизен пазар, а не како дистрибутивен центар може да
остварува неколку значајни економски функции:
• Битен елемент на вкупното пазарно функционирање на
една национална економија.Како такво тоа заедно со
пазарот на пари и пазарот на капитал влијае врз
вкупноста на финансиските движења во националната
економија
• Обезбедува најдобра алокација на девизите
• Место кое на најдобар начин го детерминира нивото на
девизниот курс и обезбедува негова реалност
• Обезбедува ефикасни трансакциони врски на домашното
со странското стопанство
• Со посредство на девизниот пазар се воспоставува врска
меѓу одделните национални финансиски пазари.
• Девизниот пазар, поради тоа што на него доаѓаат специфични
стоки-девизи, не може да биде перфектен пазар.

• Имперфектноста на девизниот пазар се јавува оттаму што


висината на цената на одделни девизи не зависи само од
понудата и побарувачкатра на девизи, туку и од мерките што
ги преземаат монетарните власти на земјите на чија валута
гласат девизите.

• Тука во прв ред, се мисли на спроведувањето на девалвација


или ревалвација од страна на монетарните власти на земјата
на чија валута гласаат девизите.

• Затоа перфектноста на девизниот пазар зависи од степенот на


интервенциите на централните банки на земјите на чија валута
гласат девизите.
• Девизниот пазар претставува институција на
пазарното стопанство во која мошне прецизно се
дефинирани условите во кои се остварува прометот
во девизи.
• Заедничка карактеристика на сите девизни пазари е
сведувањето на непосредните учесници во прометот
на девизи на мошне тесен круг овластени банки и на
специјализирани организации за промет со девизи.
• Предмет на тргување на девизниот пазар, пред се, се
конвертибилните девизи.
• По правило, на девизните пазари се тргува со
разновидни девизи. Оттаму понудата и
побарувачката секогаш мораат да бидат лоцирани на
определена валута, а нивниот однос да го формира
курсот на определена валута.
• Битен елемент, според кој, за постоење и за
функционирање на девизниот пазар е постоење
на определен степен на урамнотеженост меѓу
понудата и побарувачката на девизи.
• Стабилноста на понудата и побарувачката на
девизи на девизниот пазар во голема мера ја
детерминира стабилноста на девизните курсеви,
а тоа, пак, е врзано за постоењето на стабилност
на стопанството.
• Соодносот меѓу понудата и побарувачката на
девизи на девизниот пазар може да биде добар
индикатор за состојбата во билансот на
плаќањата на една земја.
• Доколку постои дефицит во платниот
биланс, тогаш постои поголема
побарувачка од понудата на девизи на
девизниот пазар.

• Доколку постои суфицит во платниот


биланс, тогаш постои поголема понуда од
побарувачката на девизи на девизниот
пазар.
• Девизни интервенции

• Доколку интервенцијата на девизниот пазар ја


опфаќа продажбата и купувањето на девизи за
домашна валута се зборува за интервенција на
девизниот пазар во потесна смисла на
зборот.Тогаш централната банка интервенира
на девизниот пазар со цел да се одржи
определена висина на девизниот курс на
националната валута.
• Како цел, на интервенцијата може да биде и
пополнувањето на девизните резерви во
економијата.
• Доколку се врши интервенција од страна на
централната банка на девизниот пазар во
правец на непосредна интервенција кај
комитентите, може да се зборува за
интервенција на домашниот пазар во
поширока смисла на зборот.
• Цели на интервенција на девизниот пазар:
• Ограничени цели кога се врши интервенција заради
средување на краткорочно несредените пазарни
услови
• Целите што се насочени кон стабилизирање на
преголемите дневни колебања на девизниот курс
• Интервенции на девизниот пазар со цел да се
прекине трендот на неоправдано формирање на
девизниот курс, на пример ако се јавил тренд на
депрецијација или апрецијација на вредноста на
домашната валута се интервенира со цел таквиот
тренд да не влијае на инфлацијата или дефлацијата
во националната економија.
Видови девизни пазари
• Организиран девизен пазар
• Неорганизиран девизен пазар

• Организиран- работи како организиран пазар на


девизи наречен девизна берза
• Кога девизниот пазар се сосотои од безброј писмени,
телеграфски, телепринтерски и телефонски контакти
меѓу дилерите на одделните банки и небанкарски
девизни диспоненти, од една страна, како и меѓу
банкарските дилери меѓусебно, од друга страна,
таквиот девизен пазар се нарекува неорганизиран
девизен пазар.
• Официјален девизен пазар
• Црн или сив девизен пазар

• Промптен девизен пазар-на кого се договара


испораката на договорената сума да се изврши
веднаш, најмногу два дена од потпишувањето
на договорот.
• Термински девизни работи на кои се
склучуваат договори за купување на
определена валута , по точно определена цена
и во точно фиксиран датум во иднина,без
оглед на флуктуациите на девизните курсеви
што може да настанат во иднина.
• Девизниот пазар посматран од квалитативен
аспект, може да биде организиран како :
• Пазар на валути,односно паричници,кој е облик на
девизен пазар во поширока смисла на зборот, на
кого како инструменти се јавуваат странските
паричници.
• Основна цел на овој пазар е да ги задоволи
потребите на физичките лица, најчесто туристите со
ефективни странски пари.
• Наовој пазар, се формира цена која по правило е
повисока од девизниот курс бидејќи во неа се
вклучуваат и трошоците за набавка на паричници
во странство.
• Исто така, курсевите се разликуваат и по апоените
(паричниците), и тоа колку апоените се помали,
толку нивниот курс е повисок и обратно.
• Клириншки пазар на девизи е посебен облик на девизен пазар
настанат поради салдата на клириншките сметки.
• Израмнувањето на слободните клириншки салда се врши на
клириншкиот пазар со помош на т.н. “switch”работи.
• Тие може да се вршат на два начина:
• Со чиста купопродажба на клириншките девизи, односно
салда
• Со купопродажба којашто се базира на стоковни трансакции.

• На клириншкиот пазар се вршат чисто финансиски трансакции


по пат на откупување на салда. Кога се купуваат клириншките
девизи се утврдува нивната цена која ја изразува
процентуалната разлика меѓу промптните и номиналните
вредности на некое салдо кое се зголемува за износот на
нивната цена.Кога се продаваат клириншките девизи, се
утврдува цената (дисажија) која процентуално го намалува
продаденото салдо.
• Пазар на хартии од вредност.
• Се инструменти за работење на меѓународниот пазар на
хартии од вредност.
• Кога се врши купопродажба на хартии од вредност се
утврдува нивната цена која различно се искажува.

• Пазар на депозити.
• Овој пазар се развил како последица на големиот прилив
на американски долари на европскиот пазар на пари и
пазар на капитал.
• За разлика од порано кога банките ги претвориле
американските долари во домашна валута, банките
почнале да ги позајмуваат и на тој начин настанал
евродоларскиот пазар на капитал.
• Разлика помеѓу пазарот на евровалути и девизни пазари

• На девизните пазари се врши купопродажба на девизи


(една девиза се заменува со друга по определен курс)
• На пазарот на евровалути не постои купопродажба на
девизи. Тука се работи исклучиво за одобруивање и
прифаќање на заеми и кредити или депозити и тоа во
евровалути.
• На европазарот постојат посебни каматни норми што се
разликуваат од нормите за депозити што постојат во
национални рамки.
• Не постои рестрикција и ограничување на пазарот на
евровалути, како што е случај со девизните пазари
• Кај пазарот на евровалути не постои централно место
каде што би се состанувале заинтересираните странки.
• Не постојат официјални прописи за работење на пазарот
на евровалути.
• Операциите на девизниот пазар би можеле да се
поделат на :

• Тековни и капитални
• Промптни и термински
• Меѓубанкарски девизни депозити
• Меѓубанкарска купопродажба на девизи
• Шпекулативни девизни работи
• Тековни операции се однесуваат на најголемиот дел
економски односи на една земја со странство,
посебно во доменот на современата
конвертибилност на валутите по пат на замена на
една со друга или со други валути.

• Капиталните операции, пак, со тоа што во најголем


дел се однесуваат на операциите со краткорочниот
капитал, и тоа во зависност од движењата кај
платниот биланс, а имаат компензаторен карактер,
заземаат релативно мал дел од операциите што се
вршат на девизниот пазар.
• Според критериумот, начинот и обликот на девизните
купопродажби, сите работи можат да се групираат во:

• Купопродажба на девизи на девизната берза како


институционализиран облик на меѓународниот пазар на пари

• Купопродажба на девизи во рамките на меѓународниот пазар


на пари како најширок облик на девизни трансакции кои се
реализираат во меѓународни рамки вклучувајќи ги тука и
трансакциите на девизните берзи.
• Карактеристики на овој облик на девизно работење:

• Купопродажба на девизи се остварува на слободниот


неинституционализиран пазар од меѓународен
карактер
• Купопродажба на девизи се остварува без посредство
на националната валута со што се остварува
максимален степен на ефикасност
• Во реализацијата на работите на девизната
купопродажба, од примарно значење се
меѓународните принципи, узансите и стандардите
• Со купопродажните девизни трансакции на
меѓународниот пазар на пари во многу се елиминираат
шпекулативните работи засновани врз каматните и
курсните разлики
• Според видот на учесниците и валутите што се
предмет на купопродажбата, работите во врска со
купувањето и со продажбата на девизи на
меѓународниот пазар на пари можат да се групираат
на :
• Работи на купување и продажба на конвертибилни
валути кои претставуваат квалитативна и
квантитативна содржина на купопродажните
операции на меѓународниот пазар на пари
• Работи на купување и продавање на
неконвертибилни валути кои претставуваат посебен
облик на девизно тргување на меѓународниот пазар
на пари.
• Од аспект на критериумот на условите и начинот на
регулирање на меѓусебните обврски на партнерите во
девизните купопродажба, можат да се групираат на :

• Промптна купопродажба или купопродажба во готово каде што


обврските од купопродажба се извршуваат во рок од два дена
од денот на заклучувањето на договорот

• Работи на терминска купопродажба кај која обврската од


купопродажниот договор се извршува последниот работен ден
од договорениот рок кој почнува да тече другиот работен ден
од денот на склучувањето на договорот.
• Технологијата на работење во врска со купувањето и
со продажбата на девизи се состои од неколку
деловни фази:

• Утврдување на девизните позиции


• Подготовка на минималниот и максималниот износ
на купување односно продавање
• Котација на курсевите, поточно утврдување на
купопродажната цена, фаза кога се донесува одлука
по кој курс ќе се купи или ќе се продаде
• Фаза на реализација на купопродажниот договор,
што значи извршување на сите обврски и
побарувања според купопродажниот договор.
• Шпекулативни работи
• Во националната економија се одвива купување и
продавање на девизи надвор од институциите
предвидени за тоа, надвор од правната регулатива и
постигнатиот официјален курс.

• Ако таквиот начин на тргување е остро санкциониран


и за тоа следат високи казни станува збор за црн
девизен пазар.

• Ако државните власти на определен начин толерираат


купување и продавање на девизи надвор од
пропишаните правила на однесување, тогаш егзистира
сив девизен пазар.
• Основни облици и инструменти за обезбедување од
курсен ризик:
• Одржување на билансна девизна урамнотеженост на
обемот и рокот меѓу приливот и одливот по секој вид на
валута поединечно
• Мултилатерална пресметка
• Одлагање на плаќањето на обврските за достасување
или плаќање на обврските пред достасаноста
• Договарање на валутна клаузула
• Формирање државна агенција за осигурување на
извозни работи
• Вршење на термински девизни трансакции
• Вршење на валутни опции
• Вршење на фјучерс
• Покрај давањето услуги на комитентите и клиентите на
деловните банки, дилерите на тие банки вршат и најразлични
работи на девизниот пазар, и тоа во име и за сметка на самата
банка која често се јавува и на девизниот пазар во националната
економија.

• Деловната банка одлучува да купи определена валута на


девизниот пазар поради тоа што треба да изврши некои плаќања
со таа валута или поради тоа што смета дека девизниот курс на
таа валута ќе се зголеми, а ќе ја продаде на девизниот пазар
онаа валута којашто во моментот не и треба, а и требаат
финансиски средства во национална валута или во некоја друга
валута, или пак, поради тоа што се очекува дека девизниот курс
на таавалута ќе опаѓа.
• Во купопродажба на девизи деловните банки
можат да контактираат директно или
индиректно преку свои дилери на девизниот
пазар.
• Можни контакти за купопродажба на девизи се
остваруваат и со посредство на брокерските
куќи.
• Деловната банка која сака да купи или продаде
девизи може да се обрати и на индивидуални
брокери кои ќе ја стават таа банка во контакт со
други деловни банки со цел да се оствари
зделката на купопродажбата на девизи.
• Девизниот пазар претставува сретнување на понудата и
побарувачката на слободни девизни средства

• Пазарот на пари претставува сретнување на понудата и


побарувачката на слободни краткорочни парични средства

• Пазарот на капитал претставува сретнување на понудата и


побарувачката на слободни долгорочни парични средства
(капитал).

• Нагло зголемување на девизниот курс на националната валута


ќе предизвика трансформација на девизните средства во
домашни парични единици
• Нагло намалување на девизниот курс на националната валута
ќе предизвика трансформирање на домашните парични
единици во девизни средства.
• Девизните берзи се облик на организиран промет на девизи на
определено место, во определено време и по однапред
утврдени правила на однесување.
• Девизните берзи се институции каде што се сретнува понуда и
побарувачка на слободни девизни средства врз основа на што
се формира девизен курс по кој се склучуваат купопродажни
зделки.
• Прометот на девизи се врши главно со посредство на банките,
но не на сите банки, туку на поголемите и позначајните
деловни банки.
• Значајно место на девизната берза и припаѓа на ЦБ која го
следи работењето на девизната берза и врз основа на
согледување на движењата на девизната берза презема
неопходни мерки со цел да се обезбеди заштита на
националната валута.
• По потреба централната банка и директно учествува во
работата на девизната берза, се јавува во улога на купувач и
продавач на девизи со цел да го одржува стабилен девизниот
курс на националната валута.

• Карактеристики на овој облик на девизно тргување се


следните:
• Партнерите во купопродажбата се секогаш две деловни
банки, непосредни учесници или една деловна банка и
централна банка во улога на интервент
• Купопродажбата на девизи секогаш се остварува со
посредство на национална валута што на тој вид на
купопродажба и дава карактер на конверзија на странски
средства за плаќање во домашна валута или конверзија на
домашната валута во странски средства за плаќање
• Во реализацијата на работите на девизната берза, од аспект на
условите и начинот на работење, од примарно значење се
домашните прописи, односно на сила е домашниот девизен
режим кој уште е само приспособен, во целост или делимно на
меѓународните прописи, узанси и стандарди

• Купопродажните девизни транскации на девизната безра се


реализираат делумно или во целост со користење на девизните
резерви на централна банка.

• Курсот на берзата се формира по определена процедура


пропишана со посебни прописи.

• Курсот што се формира на берзата е официјален девизен курс


на националната валута во однос на валутите на другите
национални економии во рамките на националната економија.

You might also like