Истражување На Фотосинтезата

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

Истражување на фотосинтезата

Растенијата се произведувачи на храна во природата.Тие се приспособени да


создаваат органска храна од неорганските материи во нивното живеалиште т.т од
почвата и од воздухот.
Создавањето сложени органски матерри од едноставни се нарекува
синтеза(спојување),а на растенијата за тоа име потребна светлина (фото-
светлина)Според тоа,процесот во кој растенијата создаваат храна е наречен
фотосинтеза.

Услови за фотосинтеза
Влезни услови за фотосинтезата се:вода,јаглерод диоксид,сончева светлина и
хлоропласти кои содржат зелена материја-хлорофил.
Јаглерод диоксид(CO2) е неорганска материја (гас),која растенијата ја примаат од
воздухот преку стомите,кои се многубројни на долната страна на листот.
Водата(H2O) е неорганска материја (течност,која коренот преку кореновите
влакненца ја впива од почвата.Во водата се растворени минерали од почвата кои се
неопходни за сите процеси во растението.Водата минува низ ксилемот од
спороводните садови и доаѓа до листовите.
Сончевата светлина е вид на енергија,која ги поттикнува реакциите меѓу
јаглеродниот диоксид и водата за да започнат процесите за нивно комбинирање и
спојување.Хлорофил е органска материја во хлоропластите која ја впива сончевата
енергија.Фотосинтезата се одвива во сите растителни органи во кои има
хлоропласти,односно хлорофил.
Тек (механизам)на фотосинтезата
Механизмот (текот)на процесот фотосинтеза е сложен и за негово полесно
разбирање,одделуваме две фази:
Светла фаза,која се одвива на дневна светлина.Во светлата фаза,растението
преку лисната површина го прима јаглерод диоксидот од воздухот,а водата
со растворените минерали со коренот ја впива од почвата.
Во клетките на листот,на мебраните во хлоропластите се наоѓа зелената
материја-хлорофил која во текот на денот ја впива сончевата
светлина(енергија).Таму,светлосната енергија се видоизменува,се претвора
во хемиска и потоа ги раздвижува сите материи(водата,јаглеродниот
диоксид,минералите) и го овозможува нивното спојување и разградување
во клетките.
Темна фаза,која се одвива ноќе.Тоагш процесите на фотосинтезата
продолжуваат,при што се создаваат продукти на фотосинтезата:се
синтетизира шеќер(прв продукт е глукоза,дел од тој шеќер веднаш се
користи за потебите на листот,а друг дел се складира во листот во вид на
скроб)и се ослободува кислород.

Фотоситезата,сепак,не етолку едноставен процес,како што го прикажавме.Таа не е просто спојување


на материите,туку претставува серија мали чекори во многу сложен процес.
Равенка за фотосинтеза
јаглерод диоксид + вода хлорофил,светлина глукоза + кислород

You might also like