Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 10

Хигиена

Изработила: Клеа Клеменчич VIII5


Хигиена

Хигиената е наука и група на


мерки за чување на здравјето.
Задачите на хигиената се
групирани во неколку области: 

лична хигиена, колективна
хигиена, ментална хигиена,
хигиената и храната, школска
хигиена и др.
Лична хигиена
● Чистотата е половина здравје и затоа е потребнo секој човек да ја запази личната хигиена.
● Под лична хигиена се подразбира чистотата на телото, облеката и местото на живеење.
● Личната хигиена треба да ја одржуваме поради сочувување на личното здравје, а здрав човек е
богат човек.
● Личната хигиената е спроведување на мерки за чување и унапредување на нашето здравјето.
Миењето на рацете е најефективниот начин да се спречи ширењето на заразни болести
Како правилно се мијат рацете

Прво убаво ги мокриме Потоа ставаме сапун Убаво ги триеме рацете


рацете со сапунот

Рацете ги миеме и од И помеѓу прстите и прстите


надворешната страна
Како правилно се мијат рацете

Се мијат убаво и Потоа и ноктите Убаво ги плакнеме со


палците вода рацете

Ги бришеме Ја затвораме чешмата И сега нашите раце се


чисти
Колективна хигиена
● Грижата за здравјето на поединецот е предмет на личната хигиена, додека грижата за здравјето
на поголеми групи на луѓе на социјалната или колективната хигиена.
● Мерките на колективната хигиена се донесуваат врз основа на бројни податоци кои говорат за
животот и здравјето на народите. Поради тоа, хигиената се служи со демографски, витално-
статистички и здравствено- статистички податоци, кои се темел за донесување на хигиенски
прописи.
Школска хигиена
● Школската хигиена предлага мерки за чување и унапредување на здравјето на учениците; се
грижи приликите во школските згради да соодветствуваат на хигиенските прописи. Потребно е
редовно да се чистат сите училични простории и работитe во нив, да се проветрува редовно и да
се врши дезинфекција на клупите и подовите. Сите ученици треба да се придржуваат кон
прописите и протоколите на хигиената.
Храна и здравје

Под здравствена безбедност на храната се


подразбира хигиенската исправност на
прехранбени производи и исправноста на нивниот
состав во поглед на енергетските, градивните и
заштитните материи што има влијание врз
биолошката вредност на производите.

Не треба да се конзумира храна која


е со изминат рок на употреба, или има
оштетено пакување што може штетно да влијае
на квалитетот на храната;
храна произведена или продадена со
отстапување од барањето за хигиената на
храна и не е во согласност со правилата на
добрата производствена, добрата хигиенска и
добра земјоделска пракса
Хигиена во домот и во институциите

Многу е значајно да се одржува правилна


хигиена насекаде, во домот, во
училиштето, во сите јавни институции и на
сите јавни површини. Сето тоа има
огромно влијание врз нашето здравје и
затоа сите ние треба да се придржуваме
кон правилната хигиена. Треба редовно
да водиме грижа за нашата лична хигиена
и за колективната хигиена со цел да го
зачуваме нашето здравје.
Ви благодарам на вниманието!

You might also like