Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 7

РАБОТНА ОКОЛИНА НА

ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ.
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР
Софтверот, односно програмскиот дел на компјутерот е
поделен на две групи на програми:
Системски програми
Апликативни програми

Системските програми се поделени на:


•  оперативни системи;
•  услужни програми и
• контролни програми;
ОПЕРАТИВНИ СИСТЕМИ
Оперативниот систем претставува множество од програми без кои
ниту еден компјутер не може да работи. 
Преку оперативниот систем се воспоставува врската помеѓу
корисникот и компјутерот. 
Оперативниот систем управува со целокупната работа на
компјутерот и ги контролира сите операции што се изведуваат во
централната и периферните уреди.

Постојат повеќе оперативни системи: Windows, Linux, Mac


OS,Unix.
УСЛУЖНИ ПРОГРАМИ
• Во оваа група спаѓаат сите програми кои на некој начин
нудат одредена услуга за корисникот. Тоа се програмите
за заштита на компјутерот од вируси, програмите за
компресија (пакување) на податоци, програмите за
правење резервна копија на податоци, програмите за
тестирање на компјутерот или на некои хардверски
делови, програмите за конфигурирање на компјутерот и
сл. Овие програми се познати под името “софтверски
алатки“.  
КОНТРОЛНИ ПРОГРАМИ
• Контролните програми служат за управување со
хардверот. Нивна задача е да го тестираат и
контролираат хардверот при секое стартирање
(вклучување) на компјутерот. Овие програми се
сместени во ROM-меморијата на компјутерот и го
сочинуваат т.н. BIOS (Basic Input Output System)
на компјутерот.
АПЛИКАТИВНИ ПРОГРАМИ
•Апликативните програми се користат за извршување (изработување) на конкретна работа
– апликација, како на пример: подготовка на некоја книга, уредување на некоја
слика, изготвување на плата, презентација за некое предавање, пребарување низ
компјутерска мрежа итн.
Апликативните програми можат да се распределат во повеќе категории, во зависност од
областа на примена.
• Програми за пишување и уредување на текст 
•  Програми за табеларни пресметувања 
•  Програми со работа на бази на податоци
•  Програми за компјутерска графика
• Програми за статистички и математички пресметувања  
•  Програми за тековно работење 
•Програми за комуникации 
• Мултимедијални програми 
ЗА ДОМА
• 1.    Што претставува софтверот?
• 2.    Како е поделен софтверот (програмскиот дел на компјутерот)?
• 3.    Како се поделени системските програми?
• 4.    Како се поделени апликативните програми?
• 5.    Која е функцијата на оперативните ситеми?
• 6.    Од што е составен секој оперативен систем?
• 7.  Кои оперативни системи се употребуваат денес? Кој оперативен систем
го користиш во твојот компјутер?
• 8.    Кои програми се нарекуваат апликативни програми?
• 9.  Наброј неколку категории на апликативни програми и објасни ја
нивната примена!

You might also like