Download as ppt, pdf, or txt
Download as ppt, pdf, or txt
You are on page 1of 16

Време и клима

1.Време

 Моменталната
состојба на
атмосферските појави
и процеси над некое
место.
 Во текот на денот
времето може да се
смени неколку пати
заради постојаните
промени кои наста-
нуваат во
атмосферата
2.Претскажување или прогноза на
времето

 Предвидувањето на
времето се вика прогноза.
 Следењето на времето
како и неговото прогно-
зирање се врши преку
мрежи од метеоролошки
станици во кои се следат
метеоролошките
елементи, промени и
појави според однапред
утврдени временски
термини и критериуми.
Податоците се собираат,
обработуваат и се дава
точн прогноза за времето.
Во сите наши поголеми градови постојат современи
метеоролошки станици во кои метеоролозите со помош на
термометар, барометар, дождомер, ветроказ и др.ги мерат
и бележат атмосферските појави и процеси.
3. Клима

 Времето е
променливо како
во текот на денот
така и на подолг
временски период.
Тоа на различни
места е различно.
Кај нас во пролет е потопло отколку во зима,
а налето е потопло од пролет и есен.
Во жешкиот појас преку целата година е топло, а во
студените појаси преку целата година е студено,
некаде врне постојано дожд, а некаде суша.
Клима или поднебје претставува повеќегодишен
режим на времето над некое место или делови од
Земјината површина. Дали ќе биде различна или иста
ќе зависи од климатските фактори.
4. Климатски фактори

 Покарактеристични
се:географската
широчина, надморската
височина,
оддалеченоста или
близината до морињата
и океаните, релјефот со
правецот на протегање
на планинските вериги,
морските струи,
растителниот свет и
човекот.
-Географската широчина-Колку една област
е поблиску до екваторот, толку нејзината
клима ќе биде потоплa и обратно.
Надморската височина-Како се наголемува
надморската височина така се намалува и
температурата.
Оддалеченоста или близината до морињата и океаните-
Заради нееднаквото загревање на водените и копнените
површини, областите поблиску до море, имаат поблаги
зими, помалку жешко лето и врнежи.
Релјефот со правецот на протегање на планинските вериги-

Високите планини кои се протегаат паралелно со морскиот брег,


претставуваат голема препрека за движењето на влажниот

воздух од морето кон внатрешноста на континентите. Затоа кај


многу пл. вериги страната што е свртена спреме морето има
многу поголема влажност во однос на другата страна што е
свртена спрема внатрешноста на континентот.
Растителниот свет особено високите шуми
имаат извесно влијание врз климата на
одреден простор.
Влијанието на човекот врз климата
Домашна работа

 Што е време?
 Што е прогноза на времето?
 Каде се врши прогноза на времето?
 Што е клима?
 Наброј ги позначајните климатски фактори?
 На кој начин влијае надморската височина врз климата?
 На кој начин влијае релјефот со правецот на протегање
на планинските вериги?
 На кој начин влијае оддалеченоста или близината до
морињата и океаните ?
Предметен наставник
Душко Швигир

You might also like