Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 20

Нафта

Име и презиме:Јане Јанкоски III-3


Содржина
Нафта
Настанок на нафтата
Неорганска и органска теорија за настанок на нафта
Експлоатација на нафта
Физичко-хемиски својства на нафта
Подготовка на нафтата за праработка
Дестилација на нафта
Моторни бензини
Согорување на моторни бензини
Октански број
Примена на нафтата
Нафта
Нафтата е еден од најзначајните извори на енергија.
Човекот ја запознал нафтата многу одамна, дури пред новата ера, бидејќи се
случувало од плитките лежишта, таа да избие на површината поради тектонските
промени и таму да создаде бари или езера.
Старите персијци и дале име NAFATA, што значи се поти.
Пред новата ера, нафтата била користена за различни намени.
Се употребувала за:
- премачкување на дрвото кое се користело за градба или за изработка на бродови, а
со тоа дрвото станувало отпорно на вода,
- нафтата се додавала за материјалите при изградба на патишта,
- од неа се изработувале лекови,
- служела за осветлување на домови и слично.
Нафта
Истажувањето и експлоатацијата на наоѓалиштата на нафта, започнале во втората половина на 19 век, а
брзиот развој продолжил во 20 век.
Вистинското искористување на нафтата започнало во 1877 година кога инжинерот Ото го пронашол првиот
мотор со внатрешно согорување, а во 1897 година инжинерот Дизел конструирал мотор што работи на
гасно масло.
Почнале да се откриваат нови наоѓалишта на нафта и да се вршат истражувања со дупчење во тлото на
земјата.Брзиот индустриски развој и подобрувањето на конструкцијата на моторите, барале поголеми
количества на горива со подобар квалитет. Тоа значи дека не биле доволни само нови количества на
нафта, туку од добиените горива се барало да задоволат одредени карактеристики ко произлегуваат од
составот на нафтата.
Нафтата добиена од земјата има одреден хемиски состав кој не секогаш одговара на потребите, па се
јавува потреба од измена на составот. Процеси на преработка на нафтатат со кои доаѓа до промена воп
хемискиот состав се:Каталитички реформинг, изомеризација, крекирање, алкилирање и друго.
На овој начин во современите рафинерии се добиваат горива со висок октански број и масла за
подмачкување кои ги задоволуваат стандардите на современетите машини и мотори. Проценката дека
резервите на нафта во светот во следните години во потполност ќе бидат потрошени, резултираа со
правење на серизони обиди за нејзина замена со други извори на енергија како што се сонцето, водата и
ветерот
Неорганска и органска теорија за настанок на нафта
За настанокот на нафтата постојат повеќе претпоставки но најзначајни се неорганска и
органска.
a.Според неорганската теорија која се нарекува и карбидна теорија,нафтата настанала при
дејство на водата и минералните киселини врз метални карбиди во внатрешноста на земјата
при што настанале незаситени јаглеводороди според следнава равенка:
CaC2 +2H20 - Ca(OH) 2+C2H2
б.Според органската теорија, нафтата има потекло од органскиот растителен и животиснки
материјал, кој првенствено потекнува од изумрените морски организми, како што се
фитоплнктони, и зоопланктони, алги, бактерии и др. Изумрените организми се таложеле на
дното од морињата и езерата, а врз нив се таложел песок нанесен од реките кои се влевале во
нив.
Органските материи под дејство на тектонски активности и понирање на земјиштето, тонеле во
земјината внатрешност и доспевале во длабоките слоеви на земјата каде под дејство на висок
притисок и температура, во отсуство на воздух, гниеле и преминале во јаглеводороди. Процесот
се одвивал во следните етапи: гниење, разложување, полимеризација до создовање на виши и
нижи јаглеводороди. Создадената нафта, мигрирала низ порозните и пропустливи карпи кон
повисокиет слоеви на земјината кора и тука се сместила во шуплини опколени со непропустли
карпи, како што се глина, лапорец или шкрилци.
Екплоатација на нафта
Експлоатацијата на нафта започнува со дупчење во слоевите на земјата или морските дна.
Нафтата во лежиштата се наоѓа под одреден притисок, кој во поголем број на случаеви е
доволен таа да избие на површината на земјата. Тоа е т.н природна ерупција. Со
исцрпување на нафтата од лежиштето, притисокот се намалува, па нафтата се црпи со
помош на пумпи.
Местото каде што лежи нафтата во земјината кора се нарекува нафтено наоѓалиште,
местото каде што се поставени инсталациите на нафтата се нарекува нафтено поле, а
местото каде што се црпи нафтата се нарекува нафтен извор.
Суровата нафта која се црпи од лежиштето, потоа се собира во собирна станица, каде што
во сепаратори се одвојува гасовитата од течната фаза. Гасовиатта фаза може со помош на
компресори повторно да се врати во бушотините за да се зголеми притисокот или преку
гасоводи се ност до потрошувачите.
Физичко-хемиски својства
Нафтата е течност чија боја се менува од маслинесто зелено до темнокафеава
и црна. По хемиски состав претставува смеса на голем број на различни
соедененија, но тешко е да се искаже прецизен хемиски состав на нафтата и
гасот кој ја следи, од причина што нафтите се разликуваат меѓусебе дури и да
се добиени од 2 оддалечени извори на исто нафтено поле. Соединенијата кои
се наоѓаат во составот на нафтата се гасни, течни и цврсти.
Основните компоненти кои го сочинуваат составот на нафтата се
јаглеводородите кои ги има преку 90%
Во суровата нафта се наоѓаат четири главни видови јаглеводороди.
-парафини (15-60%)
-нафтени (30-60%)
-ароматични (3-30%)
- асфалтика (остаток)
Физичко-хемиски својства

Густината на нафтата зависи од видот на јаглеводородите кои преовладуваат во нафтата. Алканите имаат помала
густина од нафтенските јаглеводороди кои преовладуваат во нафтата. Алканите имаат помала густина од
нафтенските јаглеводороди со ист број на јаглеродни атоми во молекулата, а циклоалканиѕеимаат помала густина
од ароматичните јаглеводороди. Густината на повеќето нафти се движи од 800 kg/m3 до 1000 kg/m3.
Молската маса на суровата нафта и незјините прозиводи претставува средна вредност која зависи од уделот на
поедините јаглеводороди во смесата. Најнискиот член на течните јаглеводороди во нафтата, пентанот има молска
маса 72g/mol, а нафтените смоли како најтешки компоненти имаат мосла маса од 1500 -2000 g/mol.
Температурата на палење е најниската температура при која пареите на нафтата се палат.Температурата на
палење на суровата нафта зависи од содржината на лесно испарливите јаглеводороди и се движи од 30-70ºC.
Температурата на вриење-суровата нафта, како и нејзините деривати,немаат единствена температура
на вриење.Таа врие во температурен интервал,чија ширина зависи од разликата на температурата на
вриење на најлесните и температура на вриење на најтешките јаглеводороди.
Вискозност-внатрешно триење на течностите при движење.Во технологијата на нафта таа се изразува
како кинематска вискозност и претставува однос меѓу динамичниот вискозитет и густината.Се искажува
преку индекс на вискозитет.
Нискотемпературни својства- се оние точки при кои дериватите се стврднуваат или се згуснуваат и не
поминуваат низ филтер.
Подготовка на нафтата за праработка

-Подготвувањето на нафтата за преработка се состои во отстранување на


растворените гасови, минералните соли, водата и механичките нечистотии се
острануваат на самото нафтено поле, сепак, тие примеси се отстрануваат
дополнително, откако ќе се прими нафтата во рафинеријата.Овие примеси во
текот на преработката на нафтата можат да доведат до несакани ефекти како
што се:
-водата која е присутна во нафтата,предизвикува пенливост и зголемување
на притисокот во уредите за загрвање и дестилација,поради нејзиното нагло
испарување;
-солите растворени во водата, под дејство на водената пареа хидролизираат
во јаки киселини, кои предизвикуват корозија на опремата;
-механичките примеси се таложат во цевководите и во другата опрема, со
што се намалува преносот на топлина.
Основни методи на преработка на нафта

-Методите кои се користат за преработка на нафтата се делат на две групи: физички и


хемиски.
-Физичките методи на преработка на нафтата се базираат на различните физички
својства на компонентите што се во нафтата, а тоа се температура на вриење,
температура на кристализација, растворливост и др.Од овие методи најчесто се користат
методите на дестилација и ректификација. Тие се базираат на различните температури на
вриење на пооделните соединенија што ги содржи нафтата.
-Хемиските методи се базираат на промените што настануваат во структурата на
молекулите на јаглеводородите што ги содржи нафтата или продуктите добиени од
нафтата, а кои се случуваат под дејство на температура, притисок и катализатор. Најчесто
применувани хемиските методи се различните видови на крекирање.
-Кој начин на преработка ќе се користи зависи од хемискиот состав на нафтата,како и од
видот на производите кои се потребни за стопанството на една земја.Оптимално
искористување на нафтата се постигнува само со комбинација на физичките и хемиските
методи на преработка.
Дестилација на нафта
Дестилацијата е физичка операција за разделување на хомегени смеси, составена од две или
повеќе компоненти, врз основа на разликите во напонот на пареите и врз основа на
различните температури на вриење. Разделувањето на компонентите од течната смеса е врз
основа на нивната различна испарливост на иста температура.
Дестилацијата може да биде обична дестилација или проста која претставува едностепено
делумно испарување и ректификација која претставува повеќестепени делумни испарувања
и една по друга кондензации на пареите.
Со дестилацијата, нафтата не се раздвојува на основните компоненти кои ги содржи, туку се
добиваат фракции кои се составени од компоненти сп блиски температури на вриење. За да се
постигне што е можно подобро одделување на поединечните компоненти, т.е да се добијат
фракции со потесен температурен интервал на вриење, се применува методот на
ректификација.
Кај ректификационата дестилација, пареите доагаат во допир со веќе кондензираната течност
и како резултат на тоа доага до размена на топлина, на маса се до потполна рамнотежа. При
тој допир, пареите се збогатуваат со лесно испарливи компонент, а течноста се збогатува со
потешко испарливи компооненти.
При дестилација на нафта, во зависност од хемискиот состав на нафтата, се
добиваат повеќе дестилати, од коио поважни се:
- Лесен безнин (од 35-150°C)
- Тежок бензин–лигроин (од 150-180°C)
- Керозин-петролеј (од 180-240°C)
- Лесно гасно масло- дизел (230- 280°C)
- Тешко гасно масло- дизел (280- 350°C)
- Атмосферски остаток-мазут над 350 °C

Сите фракции, освен мазутот се горива за возилата, а тешкото дизел масло и


мазутот се користат како масла за горење во домовите и погоните. Од мазутот
со понатамошна перраротка, т.е со вакум дестилација се добиваат масла за
подмачкување и суровини за крекинг процеси.
Производи дестилати од нафта и нивна примена
Со преработка на нафтата се добиваат повеќе производи (деривати), од кои
најважни се:
₋ Течен нафтен гас
₋ Моторни бензини
₋ Дизел-горива
₋ Гориво за млазни мотори или керозин
₋ Масла за подмачкувања
₋ Масло за горење
₋ Парафин
₋ Битумен
₋ Кокс и
₋ Суровини за петрохемиски прозиводи.
Течен нафтен гас
Гасовитите производи кои се издвојуваат од фракцијата од врвот на
атмосферскста дестилациона колона се гасот за горење и течниот нафтен
гас.
Гасот за горење се состои од етан, метан и сулфурводород и служи како
гориво во самата рафинерија. Течниот нафтен гас се добива и од гасовите
кои ја пратат нафтата, како и од процесите на перработка на нафта (речиси
и да енма афза од физичката и хемиската преработка на нафтата во која не
с едобива гасен производ
Течниот нафтен гас се состои од смеса од пропан и битан (со најмногу
околу 65% масени бутан) преведени во течна состојба. Овој ТНГ се
рафинира за да се отстранат сулфурните соединенија кои предизвикуваат
корозија. ТНГ се користи како гориво во индустријата и домаќинствата и
како суровина во хемиската индустрија.
Моторни бензини

Моторниот бензин е најважниот прозивод добиен од нафтата. Се


користи како гориво во моторите со внатрешно согорување и се
нарекува карбураторно гориво.
Бензинот пертставува смеса на јаглеводороди чии температури на
вриење се наоѓаат во температурен интервал од 30-200°C. Во него
се сретнуваат парафински, нафтенски, ароматични и незаситени
јаглеводороди.
Бензинот како гориво треба да биде испарлив, да е ехмиски отпорен
кон создавање на смолести материи и промена на хемискиот состав
при употребата и лагерувањето, да не предиизвикува
корозија.Најважно барање е догорување без детонации.
Согорување на бензинот

Моторот има карбуратор во кој се воведува смеса од бензин и воздух во одреден


однос. Тука бензинот испарува и бензинските пареи се мешаат со воздухот. Оваа
смеса од бензиски пареи и воздух се воведува во цилиндерот на моторот каде се
компримира, со што се загрева.Во одерден момент, оваа смеса се пали со искра од
електрична свеќичка која е вградена во моторот. Се создаваат гасови од
согорувањето на смесата, кои го потиснуваат клипот назад, а движењето на клипот
се пренесува врз останатите делови на моторното возило (автомобил) кои ги
движат тркалата. При норамалан работа на моторот, согорувањето на бензиот е
рамномерно и границата на пламенот напредува со одредена брзина. Межутоа,
понекогаш поарди прегревање, еден дел од смесата во цилиндарот на моторот се
пали сама од себе пред да ја зафати пламенот. Тогаш согорувањето е бурно, нагло
се зголемува притисокот, што се манифестира со карактеристичен звук или удари
во моторот. Последиците од оваа појава е згоелмена потрошувалка на гориво,
прегревање, моторот ја губи снагата и доаѓа до оштетување на делови од моторот.
Октански број
Отпорноста на бензинот кон детонации се изразува со октански број. Како стандарди за
одредување на октанскиот број на јаглеводородите кои се содржат во бензинот се земаат n-
хептан и изооктан (2,2,4-триметил пентан). Првиот има многу изразена способност кон
самозапалување, и за негов октански број усвоене е вредност 0, додека вториот го
карактеризира многу мала изразена склоност кон самозапалување, поради што за неговиот
октански број усвоена е вредност 100.
Октанскиот број на бензинот се одредува во специјално нормирани мотори, споредувајќи го
согорувањето на бензинот со согорувањето на смеса од n-хептан и изооктан. Октанскиот број
на бенизнот е еднаков на количеството на изооктанот во смесата која согорува на ист начин
како и бензинот. На пример, доколку се утврди дека испитуваниот бензин согорува на ист
начин (т.е.дава иста детонација) како и смеса која содржи 90% волуменски изооктан и 10%
волуменски n-хептан, бенизнот има октански број 90.

CH3-CH2-CH2-CH2-CH2-CH2-CH3
Октански број
Октанскиот број на бензинот зависи од неговиот. Највисок октански број имаат ароматичните
јаглеводороди и алканите со разгранети низи. На второ место се олефините и нафтенските
јаглеводороди, а на трето место се алканите со нормнални низи, кои се непожелни во
бензинот. За да се зголеми октанскиот број на бензинот, тој се меша со соединенија кои имаат
висок октански број или се додаваат специјални средства кои се викаат антидетонатори.

Од соединенијата кои што имаат висок октански број, најчесто се додаваат изооктан,
изопентан, изохексан, ароматични јаглеводороди (бензен, толуен, етил бензен и др.)
Како најдобар антидетонар е тетраетил оловото, но поради неговата отровност не се
употребува и се преминува кон користење на безоловен бензин.Овој бензин е подобрен по
хемиски пат и содржи главно аромати и алкани со рагранети низи.
Освен како гориво, бензинот се користи и како средство за екстракција на масла од маслодајни
растенија и како добар растворувач за разни органски соединенија, растворувач за хемиско
чистење, растворувач за бои и лакови и слично.
Значење на нафтата
Покрај како гориво, нафтата има се поголемо значење и
поради производите што се добиваат со прeработка на
одделните фракции.
Добиените соединенија претставуваат најважни индустриски
суровини од кои се синтетизираат пластични материјали,
синтетички влакна, детергенти, пестициди, бои, лако, лекови
и др.
Индустриската гранка што произведува суровини за хемиска
индустрија со преработка на нафтата се нарекува
петрохемиска индустрија. Добиените суровини се
наеркуваат петрохемикалии.

You might also like