Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 10

Натурализам

ТЕОДОРА СПАСОВСКА IV²


Реализам и Натурализам
дефиниција и значење
 Реализмот претставува литературен правец во кој се остварува доминација.
Тука припаѓаат романите и новелите. Кај реализмот фабулата(текстот на
самиот роман или новелата) се проспособени еднакво да го прикажат и
осветлат како душевниот и психолошкиот така интелектуалниот лик во
самото дело. Дескриптивноста во реалисмот како што се пејзажите,
ентериерите, портетите и слично имаат функција на социјално-психолошка
мотивација. За разлика од реализмот, натурализмот посебен уметнички
правец кој преминува во реализам. Натурализмот ја прикажува природата на
човекот во најглувите и најтемните времиња.
Натурализам
 Натурализам е правец кој ја претставува последна фаза на реализмот и егзистира во
периодот од 1870 до 1890 година.

 Терминот натурализам е преземен од филозофијата каде означува материјализам,


епикурејство (лагодност на животот) и световност.
 Натуралистите го потенцираат човековото биолошко потекло, како и влијанието на
средината. Тие многу внимание му обрнуваат на детаљот при фактографското и
аналитичкото прикажување на стварноста.
 Главен претставник и заговорник на натурализмот е францускиот писател Емил
Зола. Тој собира натуралистичка група автори кои објавуваат збирка раскази во вид
на манифест „Медански вечери“ (се собирале во Золината вила во Медано). Како
автори се појавуваат: Ги де Мопасан, Пол Алексис, Анри Сеар, Леон Еник и
Уисманс.
 Во исто време се јавува и
натуралистичкиот театар во Франција кој
се залагал за реален и детален приказ на
баналностите на секојдневието.

 Хенрик Ибзен е норвешки драмски


писател, кој ќе го одбележи развитокот
на драмата кон модерната драматургија,
создавајќи ја т.н. аналитичка техника во
водењето на драмското дејство.
 Натурализам е уметнички правец кој тежнее кон верно прикажување на стварноста, насочувајќи
го вниманието кон надворешни детали и кон она што не е убавоЗачетоците на теоријата на
натурализмот може да се забележат во теоретското дело на Иполит Тен. Сепак, најголема улога
во оформувањето на натурализмот имал Емил Зола, кој во духот на позитивизмот и Теновата
естетика, учењето за човековата одреденост од наследството и околината го пренесол во областа
на романот, заземајќи се за примена на научни методи во книжевноста.

 Натурализмот го набљудува човекот како производ на наследството, околината и историската


состојба, и тоа во тврда, експериментално позитивистичка смисла. Ваквото гледиште во
книжевноста се манифестирало како стремеж кон поегзактно, понепосредно и верно
прикажување на стварноста. Исто така, значајна придобивка на натурализмот е тоа што со себе
донел социјално сочувствување со угнетените слоеви во општеството, а со тоа и одредена
критика кон повисоките општествени слоеви, иако тоа сочувство не е идејно и политички
определено..
Во предговорот на второто издание на романот „Тереза
Ракен“, Зола го објаснува натуралистичкиот метод велејчи
дека неговата цел е првенствено научна и дека применил
научна анализа и дека пишувал воден од љубопитноста на
научникот. Понатаму, тој вели дека спроведува аналитичка
работа слична на дејноста на хирурзите, дека западнал во
точно и грижливо сликање на животот, целиот предаден на
анализата на човечкиот механизам.
 Во литературата, натурализмот го потиснал реализмот и доминирал во
европската книжевност во последните децении од 19 век. Притоа,
најзначајни претставници на натурализмот се: А. Холц и Герхард Хауптман
во Германија, Хенрик Ибзен и Аугуст Стриндберг во Скандинавија, додека
во Италија натурализмот се развил во посебен правец наречен веризам. Емил
Зола и Ги де Мопасан се водечки претставник на натурализмот во Франција,
каде литературните групи блиски до натурализмот го избегнувале овој израз
и се претставувале себеси како реалисти.
Руски Натурализам
 Претставник на рускиот натурализам е Антон Павлович Чехов.
 Карактеристично за неговото прозно творештво, за неговите раскази и новели, е тоа што тој не
прикажува големи настани, ниту големи ликови. Фабулите се обично многу едноставни и со нив тој
предизвикува впечаток, создава расположение и специфична атмосфера, па преку таа атмосфера, преку
размислувањата, расположенијата, тагата или радоста, тој ликовите целосно ги оформува и објаснува.
 Неговите раскази се обично куси, но содржајни, проткаени со хумор или блага иронија и секогаш
присутна една тажна нотка.
 Темите што ги обработува се разни, критички опфаќајќи ги сите сегменти на општественото живеење.
 Освен раскази, Чехов пишувал и драми.
 Чехов како творец на лирската драма е претставник на модерната литература.
 Во неговите драми, ликовите не ја живеат сегашноста која е сива и монотона, туку живеат во минатото,
во мечтите, во свет создаден од самите нив.
 Прочитај повеќе за Чехов.

You might also like