Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 4

АЕРО ЗАГАДУВАЊЕ

 Под загадување на воздухот се подразбира внесување на нови


некарактеристични физички, хемиски и биолошки материи во
[Атмосфера|атмосферскиот] воздух или промена на одамна веќе
присутните концентрации на овие материи во животната средина.
Загадување на воздухот е широк термин применет на хемиски, физички
(на пр. честички), или биолошки агенси кои ги менуваат природните
карактеристики на атмосферата. Загадувањето на воздухот е една
несакана состојба на природната средина каде што воздухот е загаден со
супстанции што се штетни за здравјето на човекот.
 Сулфурни оксиди (SOx) - особено сулфур диоксид, хемиско соединение со формула SO2. SO2 се
создава од вулканите, како и при различни индустриски процеси. Бидејќи јагленот и нафтата често
содржат сулфурни соединенија, со нивното согорување се добива сулфурен диоксид. Со
натамошната оксидација на SO2 (обично во присуство на катализатор како NO2) се образува
H2SO4, а со тоа и кисел дожд. Ова е една од причините за загриженост за користењето на овие
горива.
 Азотни оксиди (NOx) - особено азот диоксид се испушта при согорувањето на високи температури.
Може да се забележи во вид на кафеави магли над градовите.
 Јаглерод моноксид (СО) - е безбоен, без мирис и неиритирачки, но многу отровен гас. Тој е
производ на нецелосното согорување на горивата какви што се природниот гас, јагленот или
дрвото. Испустите од возилата се главен извор на јаглерод моноксид.
 Јаглерод диоксид (CO2) - е безбоен, без мирис и неотровен стакленички гас кој се поврзува и со
закиселувањето на океаните, се испушта при согорување, производство на цемент и дишење. Инаку
тој се рециклира во атмосферата во јаглеродниот циклус.

ОСНОВНИ ЗАГАДУВАЧИ
НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО АЗИЈА

You might also like