Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 19

СЕЛФ

Наташа Ѓорѓиевска
Селфот го претставува ‘Јас’, а во прв ред го означува односот на ‘Јас’
со околината.

Селфот се формира расте и развива на границата на контактот меѓу


Јас и околината, односно Јас-поле.
Тој е делот кој го доживува и организира контактот на границата
помеѓу личноста и околината.

Во Гешталт теоријата Селфот се разгледува како процес кој


постојано се менува, кој е динамичен и се креира во зависност со
потребите на личноста и околината.
Селф е контакт со сега и овде, фидбек кој
организмот го доживува перцепирајќи,
доживувајќи и размислувајќи во однос на
случувањата во околината, односно полето. Со
тоа може да кажеме дека селфот е рефлексија на
односот јас-околина.
Perls, Goodman и Hefferline велат:
Сложениот состав на контакти кој е неопходен за прилагодување во
комплексното поле, се нарекува Селф.
Со оглед на тоа што контактот се остварува на границата околина-
организам, селфот припаѓа и на околината и на организмот.
Едноставно границата не може да припаѓа само на едната страна,
туку и на двете.
Па оттаму организираниот, конструктивен капацитет на личноста го
нарекуваме Селф. Тој се случува на границата внатре-надвор, а
услов е способноста за диференцијација јас-ти, односно способноста
за формирање граници.
Селфот ги вклучува и двете ориентации и таа од внатре и таа од
надвор. Селфот го помирува внатрешнипт свет на желби и потреби
со светот од надвор, светот на можности, фрустрации и опасности.
Селфот претставува процес на активности на таа интеграција.
Полето претставува опкружување кое на многу активен, динамичен
и променлив начин делува на личноста.
Интеракцијата поле-личност и таа граница на контакт помеѓу го
претставува селфот.
Селфот има клучна улога во организирањето на нашата перцепција,
му дава значење на светот, а неговата активност се однесува на
формирање фигура/позадина во променливото поле.
Селфот ги интегрира прецептивно-проприоцептивните
функции, моторно-мускулните функции и органските потреби.
Оваа интеграција се одвива на свесно ниво, селфот се ориентира,
агресира, манипулира и емоционално доживува со цел за
ускладеност на околината и организмот.
Ускладеноста се одвива на темелот на креативната адаптација.
Селфот претставува процес на фигура/позадина, тој фромира гешталт
во поле.

Селфот е целина и секој обид да се раздели на делови го


прави бесмислен и неразбирлив. Секоја фрагментација ја губи
смислата. Или поточно би било да фрагментирањето има смисла ако
на крај фрагментите се интегрираат во една целина.
Динамиката на односот меѓу поле и организам е пропратена со
одредено ниво на енергија. Како се приближува задоволувањето на
потребата нивото на енергија ослабува, па ослабува и селфот. Селфот е
најсилен кога контактот е интензивен, кога постои конфликт, јасна
фигура. Кога се случува конфлуенција селфот ослабува.
 
Кога границата помеѓу селфот и другите/о станува нејасна, ја
губи пропустливвоста и тоа предизвикува пореметување во
разликувањето на селфот од другите, што понатаму предизвикува
пореметување во контактот и свесноста. Ова пореметување од една
страна се манифестира во конфлуенција, а од друга страна во
изолација.
својства/карактеристики на селфот:

- Спонтаност, се наоѓа во средишниот модус и е зафатен со


дадената ситуација. Спонтаноста го означува селфот како
уклучување и прифаќање. Он едноставно е таков, не е усмеруван,
ниту носен.
- Слефот делува во средишниот модус што значи дека е и активен
и пасивен. Најдобар пример на средниот модус се емоциите.
Личноста едноставно ги има, едноставно постојат.
- Трета карактеристика на селфот се однесува на “да се биде
(погоден од) со ситуацијата“. Не постои чувство – себе, чувствата
се непосредни, конкретни, присутни и интегрирачки.
Според Перлс селфот има 3 аспекти:

- Свесност за контактите

- Проценка што му е потребно на организмот во даден


момент

- Избор на реакции и активности во склад со дадената


потреба во дадена ситуација
Селфот има три манифестни значења, односно функции, односно три
основни структури:

- ИД

- ЕГО

- ЛИЧНОСТ (Персона)
Ид како структура на селфот е одговорен за енергијата која е
неопходна за реализација на акцијата.
Идот е несвесен, ирационален и расплинет.
Тој е позадината која е одговорна за енергијата. Се состои од
различни можности како што се телесно возбудување, минати
недовршени работи, нејасни емоции.
Идот е флуиден.
Его како структура на селфот има улога на актер. Селфот е активен во
смисла на носење одлуки. Манифестацијата на Егото е во
доживување на себе како на оној кој прави да се случуваат работите.
Его е средишна структура на селфот.
Перлс го дефинира како функција на контактите, формација на
фигура/позадина, систем на идентификување и одвојување, свесност
за селфот, пример за одговорност, феномен на граница која има
интегративна функција. Егото ги поврзува активностите на целиот
организам со неговата најизразена потреба и ги покренува функциите
на целиот организам кои се неопходни за задоволување на таа
потреба.
Една од најважните функции на егото е поставување на граници,
односно разликување на селфот од друг организам и околина. Во тој
контекст егото има две функции, спојување (идентификација) и
одвојување (алиенација).
Личност (Персона) како структура на селфот претставува состав на
ставови кои се заземаат во интерперсонални односи.
Личноста вклучува свест за себе, проучување на себе, рефлексија за
себе. Самосвесната личност е автономна, одговорна и
самоспознавачка. Транспарентна, видлива и манифестна.
Личност е она што човекот е и од нејзиниот темел може да се
разбере неговото однесување. Таа е дел од селфот кој претставува
одговорна структура.
Личност е фигура која станува Селф и која е асимилирана.
Во однос на функциите:
функцијата на Идот е чувствување и доживување
Со функцијата на идот личноста станува свесна за своите потреби, желби,
возбудувања и незадоволства.

Его – функцијата е разликување на јас од другиот


Со функцијата на егото личноста прави избор, се идентификува со
фигурата на интерес или се дистанцира управувајќи со контактот на
границата.

функцијата на Личноста зборува за тоа каква сака да стане личноста


Со функцијата на личноста се конструира моментална приказна за својот
живот на карактеристичен начин ускладен со погледите за животот и
составот на вредности, кои ѝ овозможуваат живот со другите и
околината.
Заедничко за сите Гешталт дефиниции за
Селфот е тоа што го нагласуваат Селфот како
резултат на контактот, односно Селфот
настанува, се формира и менува на границата
на контактот помеѓу личноста и околината,
помеѓу фигурата и позадината.
Селфот е оној кој се менува и оној кој менува.

Селфот е силата на растот и развојот.

Селфот дава чувство на живот, присуство, однос,


бидување и постоење.
Благодарам за вниманието!

Повелете на дискусија.

You might also like