Гудачки инструменти

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 11

ГУДАЧКИ ИНСТРУМЕНТИ

СУГС Марија Кири Сколодовска


Ментор Милан Кацарски
Изработил Никола Тодороски I-7
Гудачките инструменти името го добиле според начинот
на добивање на тонот: со влечење на гудалото преку
жиците, што предизвикува треперење на жиците и
создава тон. Гудачките инструменти имаат четири жици
со различна дебелина. Најдлабоките тонови ги
произведуваат недопрените жици, додека повисоките
тонови настануваат со нивно скратување, што се
постигнува со притисок на прстите од левата рака врз
жиците. Сите инструменти од оваа група се со слична
градба и техника, но различни по големина, распон на
тоновите и бојата на звукот. Во овие инструменти
спаѓаат: виолина, виолончело, виола и контрабас.
Виолина
 Виолината е гудачки инструмент кој има четири жици, кои се
штимаат во интервал на чиста квинта. Жиците, почнувајќи од
најдлабоката, се штимаат во висина на следните тонови: ге (g), де1
(d1), а1 (а1), е2 (е2). Виолината е најмалиот инструмент во семејството
на гудачки (жичени) инструменти, каде уште спаѓаат и виолата,
виолончелото и контрабасот. Виолина - виолината се состои од
кутија (резонатор), која го засилува звукот на жиците. Нејзиниот
горен дел е од смреково дрво, со исечени отвори во форма на
латиничната буква ф, и затоа се викаат f-отвори. Долната страна -
дното е направена од јаворово дрво. Страниците на кутијата се
составени од шест штички, на чии состави со горната и долната
страница, од внатрешната страна, се поставени клинови. Кутијата
продолжува со заоблен врат. Помеѓу вратот и главата се наоѓа праг,
штичка од тврдо дрво(абонос). Во главата се всадени четири чивии, а
главата завршува со полжав. На кутијата се наоѓа мовче (кобилица) -
тенка дрвена штичка, чија функција е да го пренесува треперењето
на жиците врз кутијата, а нејзината заобленост на горната страна
овозможува свирење на секоја жица посебно. На долниот крај на
кутијата жиците се прицврстени со т.н. кордар. Кордарот со еден
Виолончело

 Виолончело е музички инструмент кој спаѓа во групата на гудачки инструменти.


Свирачот на виолончелото се викa виолончелист. Виолончелото е многу популарен
инструмент кој може да се користи во соло изведба, во камерната музика и во
оркестрите. Исто така многу се користи во поп музиката. Виолончелото почнало да се
употребува од 16 век. Тоа во форма е исто како виолината но големината на кoрпусот
му е речиси двојно поголема. Начинот на свирење е исто така поинаков од свирењето
на виолина. Виолончелистот го држи виолончелото меѓу нозете, потпрено на колена,
а на подот е потпрено со метална ногарка. Деловите на виолончелото се исти како на
виолината а се свири со гудало и со помош прстите. Жиците се штимаат една октава
пониско од виолината на тоновите А-D-G-C така што овај инструмент е подлабок, со
басовски регистер па така и основниот клуч му е басовски. Меѓутоа благодарение на
свирачките можности со левата рака која може да стигне до крајот на вратот, тонскиот
опсег му е дури и во оркестарската изведба многу голем така што за нотирање
потребно е да се применат и други клучеви, првенствено тенорскиот С-клуч а за
највисоките регистри и виолински. Поинаквите и подебели жици, го прават звукот на
виолончелото богат а на нависоката А-жица може да биде многу распеан и продорен.
Ова најмногу доаѓа до израз во музика од романтичен стил. Вилончелото настанало
со примена на обликот на виолината на старата виола да гамба. Најстарите зачувани
примероци датираат од крајот на 16 век, изработени од фамилијата Амати.
Виола

Виолата е гудачки инструмент, сличен на виолината, само


нешто поголем. Кај виолата горната граница на висината
на тонот е c3 во оркестарска изведба, а во солистичката достигнува
и до а3. Виолата е помалку виртуозен инструмент, а тонот го
одликуваат потемни бои од виолината. Мекиот звук на виолата
често се користи за пополнување на внатрешните хармонии.
Постои уште една разлика меѓу овие два инструмента, а тоа
е нотацијата. Кај виолата записот на нотите се врши во alt-C клуч,
додека кај виолината се врши во виолински. Виолата е претежно
оркестарски и камерен инструмент. Соло литературата за неа е
оскудна. Волфганг Амадеус Моцарт ја компонирал Концертната
симфонија за виола и виолина, а Хектор Берлиоз ја напишал
симфонијата "Харолд во Италија" за соло виола. Исто така, постојат
и концертите за виола на Георг Фридрих Хендл и Јохан Кристијан
Бах
.
Контрабас

Контрабасот е најголем и според


регистрите најдлабок гудачки инструмент
со четири жици (порано имал три). Припаѓа
на групата гудачки инструменти, како
и виолината, виолата и виолончелото.
Гудалото за контрабас е најкратко и
најтешко во однос на останатите. Се свири
стоејќи или седејќи на висок стол.
Регистарот на контрабасот е во квартно
растојание од 1Е,1А,Д,Г. Својата солистичка
улога контрабасот ја стекнал дури во малите
состави на џез музичарите.
Ви благодарам на вниманието

You might also like