Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

Самоиловата држава

СУГС Марија Кири Сколодовска


Изработил Никола Тодороски II-7
Ментор Владо Видески
 Самоилово царство или Славинија — средновековна држава на
територијата на денешните Македонија, Бугарија (без Тракија,
романска Добруџа, Србија (без Банат и Бачка), Црна Гора (без
приморјето), Албанија, Косово и северозападна Грција, која под водство
на цар Самоил постоела од 976 до 1018 година.
За престолнина на царството се смета Охрид, иако царскиот двор
своевремено бил сместен и во други градови. Најголемиот дел
од населението било словенско. Некои византиски, хрватски , арапски  и
други историчари од средниот век ја нарекуваат оваа држава Бугарија,
бидејќи Византијците и другите народи ги нарекувале некои
соседни словенски народи на Византија Бугари. Во овој период,
името Македонија било име на византиската тема Македонија. Според тезите
на многу историчари и теоретичари, не постоело диференцирање на посебни
словенски народи во Самоиловото царство. Од друга страна според
македонскиот проф. Иван Микулчиќ од почетокот на десетиот век
словенските племиња на широкиот простор од Дунав до Егеја и од Јадран до
Црното Море го биле прифатиле заедничкиот етникон "Бугари". Ова, заедно
со покрстувањето и прифаќањето на словенскиот јазик за официјален, имале
ефект на спречување на асимилацијата на тие Словени во византиската
култура, кое го промовирало формирањето на посебен идентитет.
Населување на Словените и создавање на царството

 Долгите налети на Словените кон Балканот, при крајот на 7.


век, резултирале во изменет состав на населението
на Македонија, коjа се стекнала со нови жители и станала
словенска територија . Уште долго таа останала
под византиска власт, а подоцна (во средината на 8. век)
била присоединета кон Бугарија. По падот на Првото
Бугарско Царство (971) и опаѓањето на Византиското
Царство, Самоил, вешт воен водач и државник, создал силна
држава чии граници ги опфаќале
Македонија, Тесалија, Епир, Албанија и поранешните
крајбрежни склавинии Дукља, Травуња, Захумје и регионот
Неретва, дел од Србија (Рашка), Западна и Северна Бугарија
Државни карактеристики

 Самоил имал круна (предадена од страна на римскиот


папа Григориј V како „бугарска“), секретеријат
и бирократија. Официјален јазик на Самоиловото
царство бил старословенскиот,иако како дипломатски
јазик бил користен и грчкиот. Охридската
архиепископија тој ја подигнал на степен
на Патријаршија, а Охрид станал религиозен центар и
главен град на царството.
 За судството од тоа време не постојат посебни
документи, освен дека самиот владетел бил врховен
судија
Тактика и стратегија

 Самуил со помош на своите војсководачи и синот


Гаврило Радомир успеал да собере голема војска и да
изгрди борбена тактика со која можел да води успешни
војни против Византија. Стратегијата која ја создал
Самуил се сведувала на брз и изненаден напад врз
Византија. Самуил и неговите војсководци го пуштале
противникот да мине низ тесните долини, а на враќање
во заседа го сочекувале и уништувале. Исто така, бил и
усовршен системот на градење деми (прегради).
Ваквата стратегија овозможила македонската војска
долго да и се спротиставува на Византија.
Губење на независноста

 По Битката кај Беласица во 1014 армијата под водство


на императорот Василиј ІІ Бугароубиец ја порази
војската на Самоил при што 14.000 војници биле
заробени, ослепени и пратени на Самоил. Глетката
била премногу за Самоил кој се разболе и умре по три
месеци, на 6 октомври 1014. По неговата смрт Самоил
го наследува неговиот син Гаврило Радомир. Набрзо,
тој ќе биде убиен од страна на неговиот
братучед Јован Владислав, кој владее до 1018, кога и
конечно Самоиловото царство потпаѓа под византиска
власт.

You might also like