Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 18

Предмет:

Тема 3.:
Електрични машини и
Асинхрони мотори трансформатори III8

3.5. Теслин повеќефазен индуктор

Предметен наставник : Оливера Бојаџиева


Струка: Електротехничар-енергетичар
2022/23
Теслин повеќефазен индуктор
 Кај вистинските машини индукторот се состои, според Теслиновиот принцип од
намотки кои под секој двоен полов чекор се заемно просторно оддалечени, така што
на секоја фазна намотка по еден пол и припаѓаат m жлебови.

• Низ овие намотки течат наизменични струи со иста фреквенција, значи и еднакво
траење на периодот, но кои не се едновремене туку една спрема друга задоцнуваат за
T/q.

Таков индуктор создава Теслиновиот вртлив магнетен флукс.

• Тесла прв дошол на идеја да создаде вртлив магнетен флукс со помош на неподвижни
намотки. Тој прв увидел и покажал дека таквиот флукс може да се добие само со
помош на повеќефазни наизменични струи, кои една спрема друга задоцнуваат.
Создал генератори, мотори, трансформатори, асинхрони машини... цел еден систем кој
се нарекува Теслинов повеќефазен систем.
Теслин повеќефазен индуктор
• Двополов (2p=2), трифазен (q=3) индуктор со еднослојна пречничка намотка (y=τ) во која секоја
фаза се состои од еден навоен дел (m=1) е прикажан на сликата:

• Фазните намотки меѓусебно се раздалечени за λ/3.


Ако низ тие намотки течат трите фазни наизменични струи, секоја од нив ќе произведе
наизменичен магнетен флукс.
И овие три флукса ќе бидат раздалечени за λ/3.
Насоката на магнетниот флукс се одредува според Амперовото правило.
Теслин повеќефазен индуктор
Теслин повеќефазен индуктор
• На сликите се дадени основните бранови за магнетните индукции на одделните фази,
чии амплитуди зависат од јачината на на струјата.

 Основниот бран на
индукцијата кој
одговара на
резултантниот флукс ќе
биде во секој момент
еднаков на збирот од
основните бранови на
индукциите кои
одговараат на
неподвижните магнетни
флуксеви од трите фази.
Синусоидата со која на
сликата е претставена
резултантната индукција
е нацртана со здебелена
линија.
Теслин повеќефазен индуктор
 Од Теслиниот повеќефазен индуктор може да се воочат два важни факти:

1. Максималната индукција на резултантниот флукс се движи ширум меѓужелезото и


тоа така што секогаш се наоѓа во оската на таа намотка во која струјата во тој
момент има максимална вредност.
Гледаме дека резултантниот магнетен флукс се врти во насоката на движење на
стрелките на часовникот. За време еднакво на периодот Т изминува по обемот на
индукторот двоен полов чекор. Неговата периферна брзина е:

2. Максималната вредност на основниот бран на индукцијата од вртливиот магнетен


флукс, кој е произведен со помош на трифазен индуктор е поголем за 1,5 пати од
максималната вредност на индукцијата од основниот бран на неподвижниот флукс
од една фаза:
Теслин повеќефазен индуктор
Теслин повеќефазен индуктор
Предмет:
Тема 3.:
Електрични машини и
Асинхрони мотори трансформатори III8

3.6. Индуцирани напони во повеќефазни


намотки
3.7. Поим за асинхрони мотори

Предметен наставник : Оливера Бојаџиева


Струка: Електротехничар-енергетичар
2022/23
Индуцирани напони во повеќефазни намотки
 Кога низ повеќефазен индуктор течат повеќефазни струи, тие ќе произведат
магнетен флукс кој во меѓужелезото ќе се движи со постојана брзина.
 Во меѓужелезото и во забите на индукторот флуксот е радијален, а се движи
нормално на сопствената насока.
Индуцирани напони во повеќефазни намотки
• Во неподвижните проводници на индукторот тогаш ќе се јават индуцирани електрични
сили.
• Збирот на тие електрични сили во проводниците што припаѓаат на една фаза ја дава
резултантната електрична сила на таа фаза.
 Случај 1: За да го најдеме изразот за резултантната електрична сила, ќе го земиме
најпростиот случај дека на секоја фаза и припаѓа по еден жлеб по пол (m=1) и
навојниот чекор да е еднаков со половиот (y=τ).
 Под секој пар полови секоја фаза има по еден навоен дел.
 Магнетниот флукс што продира низ навивката, се менува хармонично и може да се
претстави со изразот:

 Електричната сила, која ја индуцира флуксот, ќе се менува според законот:

 Максималната вредност на електричната сила е:


Индуцирани напони во повеќефазни намотки
 Бидејќи електричните сили во сите навивки се еднакви и едновремени, електричната
сила за еден навоен дел ќе биде:

каде Nж е бројот на навивки во еден навоен дел т.е. број на проводници во еден
жлеб.

 Ако индукторот е со p парови полови и ако сите навојни делови се редно врзани,
електричната сила ќе биде p пати поголема:
Индуцирани напони во повеќефазни намотки
 Случај 2: Го земаме случајот кога на секоја фаза и припаѓаат повеќе жлебови (m>1) и
навојниот чекор да е еднаков со половиот (y=τ).
 Електричната сила не може да се добие со множење на последниот израз со m,
бијдеќи електричните сили во одделните навојни делови не се едновремени, туку
задоцнуваат една спрема друга.
 Геометрискиот збир на електричните сили на навојните делови е помал од
алгебарскиот збир, што се зема преку појасниот навоен коефициент kn.
Појасниот навоен коефициент се пресметува како:

 Според тоа, максималната вредност на резултантната електрична сила ќе биде:


Индуцирани напони во повеќефазни намотки
 Односот помеѓу геометрискиот и алгебарскиот збир на електричните сили по еден
проводник се дефинира со коефициентот kτ
 Се пресметува како:

 Производот претставува резултантен навоен коефициент.

 Вкупниот број проводници за една фаза се пресметува како:

 Ако овој израз го замениме во изразот за максималната резултанта електрична


сила, ќе се добие:
Индуцирани напони во повеќефазни намотки
• Со оглед на тоа дека , за ефективната вредност на електромоторната сила
по фаза ќе се добие:

каде:
f - фреквенцијата на мрежата на која е приклучен индукторот,
k - резултантен навоен коефициент,
N - број проводници по фаза,
ФВР - магнетен флукс на еден напон
E – ефективна вредност на електромоторна сила по фаза
Em – максимална вредност на електромоторна сила
3.7. Поим за асинхрон мотор
Поим за асинхрони мотори
 Асинхрона или индукциона машина е врста на електрични машини за
наизменична струја.
• Индукциски мотор или асинхрон мотор е електричен мотор со наизменична
струја во кој електричната струја во роторот се добива со електромагнетна
индукција од магнетното поле на намотката на статорот.
Поим за асинхрони мотори
• Се користи како електричен мотор, а ретко како генератор.
• Асинхроните мотори претставуваат основни преобразувачи на електричната енергија во
механичка и денес трошат повеќе од 40% од вкупната произведена електрична енергија
во светот.
• Имаат широка примена како електромоторни погони, а се користат и во уредите за
автоматика и телемеханика, во куќните апарати, медицински уреди и сл.

• Се произведуваат во широк опсег на моќноста, од делови вати до неколку десетини


мегавати.

• Брзината на вртење на асинхроните мотори за општа намена е од 3000 врт/мин до 500


врт/мин, а специјалните асинхрони мотори достигнуваат и до неколку десетини илјади
вртежи во минута.

• Асинхроната машина ретко се користи како генератор за производство на електрична


енергија, бидејќи тогаш се бара постоење на посебен извор за реактивна енергија.
• Нивната широка примена се заснова на нивната проста конструкција, сигурноста во
работата, добрите експлоатациони својства, ниска цена и едноставно одржување.

You might also like