Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

Грнчарство

Што е грнчарство
 Грнчарството е занает од вековната македонска традиција.
Корените на грнчарството во Македонија датираат уште од
праисторијата, па преку античкиот, византискиот и отоманскиот
период можат да се видат и денес. За тоа сведочи керамиката што
се пронаѓа во археолошките локалитети и го презентира
уметничкиот израз на некое време.
Грнчарство-традиционален
занает
Овој традиционален занает што успеа да преживее
векови на предизвици се негува и денес. Во
минатото со грнчарство се занимавале
сиромашните семејства. Грнчар бил и Кочо Рацин,
еден од најголемите македоски поети.
Видови на грнчарски производи
 Грнчарите изработуваат врвни дела и секој производ е уникатен и има
единствена вредност. Грнчарските садови се изработуваат од глина,
најчесто на грнчарско тркало придвижувано со нога и декорирани се на
примитивен начин, боја, графит и примена на релјефни мотиви.
Изработените бардаци, стомни, тави, грниња и други производи се сушат
и печат во специјални печки. Со своите разновидни форми и богата
декорација, тие се одраз на вистинска уметност и богата имагинација.
Грнчарските предмети сеуште се
произведуваат
Денес, грнчарските производи се сè уште барани
на пазарот што ја одржува традицијата, но и
занаетот. Освен за потребите на домаќинствата,
тие служат и како украс во домовите на
вљубениците во традицијата, раскажуваат за
историјата и го носат духот на македонската
умешност.
Изработил: Божидар Давидовски

You might also like