јавни објекти 3 пр12

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 41

МИТ УНИВЕРЗИТЕТ СКОПЈЕ

ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА

ЈАВНИ ОБЈЕКТИ 3
ПРЕДАВАЊЕ 12
ГАРАЖИ
Гаража со капацитет над 20
моторни возила се сматра за
голема гаража.
Има повеќе типови на гаражи:
во вид на приземни боксови, во
вид на просторни хали каде
возилата можат да бидат слободни
или во боксови, и ги има во вид на
спратни згради каде возилата се
гаражираат на сите спратови.
Потребен простор за едно возило е
површина со големина 2,0 х 5,0 = 10
односно 2,85 х 6,0 = 17,1 м2 во
затворен бокс.
Ова ќе ни користи за одредување на
димензии на боксови и гаражи.
По правило корисник не треба да
пројде повеќе од 400 до 500 м (околу
5 минути) до определено место.
Во европските градови се рачуна
со следните број на места за возила:
- Во зона на становање - 1 место за
возило по породица
- Кај ресторани - 1 место за
возила на 10 особи
- Кај хотел - 1 место за
возило на 2 кревета
- Кај кино Сали - 1 место за
возило на 15 места
- Кај адм. Објекти - 1 место за
возила на 120 м2 простор
- Кај трговини - 1 место за
возило на 60 м2 простор
- Кај индустрии - 1 место за
возило на 120 м2 простор или на 10
работници
Потребни површини по возило за:
туристички возила 25 м2, камиони 75
м2, автобус 140 м2, мотор 8 м2, мотор
со приколка 12 м2.
Максимални нагиби за рампи се
следни:

- За прави рампи 20 %, за кружни


рампи 8,5 %.
Рампи се потребни да се градат
од несогорливи материјали.
Прикажани се неколку врсти на
почесто користени рампи.
а/ еднострана дупла надворешна рампа за качување и симнување, б/
сличен случај како и на (а) само не е двосмерна рампа, излезот е на
спротивната подолжна страна од зградата,
с/дупла рампа од квадратен облик во самата зграда, д/ исти случај
како на слика с, разликата е во обликот на рампата,
е/ две рампи со двостран смер, совладувани се полуетажни висини,
ф/ исти случај, само што е една централна рампа двострана.
Неколку примери на рампи најповеќе
користени кај големи гаражи

а/ две еднокраки бочни рампи, б/ четворокрака рампа во агол


на зградата,
с/и д/ кружна рампа со дупла стаза за движење
на возилата во двата смера,
е/ рампа со елипсовиден облик,
г/ на крај од зграда поставени две кружни рампи,
х/ кружна рампа, централно лоцирани.
Современа гаража на Флорида
Современа гаража на Флорида
. Современа бензиска пумпа во Нови сад

БЕНЗИСКИ СТАНИЦИ
ПОЛОЖБА

Ситуирањето на бензиските
станици во малите градови е при
влезот, односно при излезот од
градот.
Во поголемите градови
бензиските станици се ситуираат и
во самите градски територии.
Бензиските станици се
изведуваат и на сите автопати,
меѓутоа, тие треба да се
поставуваат на едно определено
меѓусебно растојание.
На патиштата е добро
бензиските станици да бидат
предвидени на двете страни од
сообраќајницата со цел да не се
нарушува сообраќајот.
Меѓутоа, на патиштата што
имаат одвоен сообраќај
(автостради) бензиските станици
можат да бидат поставени на
средината меѓу коловозите.
Бензиски станици предвидени
надвор од населени места
Во градовите бензиските станици
би требало да се предвидуваат по
улици кои не се оптоварени со голем
број возила и пешаци.
Значи, треба да се одбегнуваат
поважните сообраќајници ,
плоштадите и крстосниците.
Општо правило при ситуирањето
на бензиските станици е да бидат така
поставени да можат и оддалеку да
бидат забележани.
Ако бензиските станици, од кои
и да било причини треба да се
постават на крстосници, една од
улиците би требало да биде со
помала важност.
Бензиски станици предвидени во град
УРЕДУВАЊЕ НА ТЕРЕНОТ

Влезот, односно излезот од


бензиската станица се поставува
така, возилата да можат да го
напуштат правецот на движењето и
да се вклучат повторно вон его со
брзина од 40 км/час, без да се прават
други маневри.
Отстранувањето на оската на
патот од оската на приклучниот пат
треба да изнесува 30о.
При поголеми движења на возила
и пешаци, на пример во градските
територии, тој агол треба да
изнесува 45о.
Ширината на патот при влезот,
односно излезот, треба да биде 6 м,
додека внатрешните патишта треба
да се со најмала ширина од 3 м.
Растојанието меѓу влезот и излезот
од бензиската станицатреба да
изнесува најмалку 16 м, а обично се
предвидуваат 20 м.
Кај бензиските станици поставени
на крстосници и тоа растојание
изнесува 10 м од крстосницата.
Најголемата дозволена кривина за
вртење на товарните возила и
автобусите е со радиус од 14 м.
Таа кривина е сосема доволна и за
сите лесни возила.
Пумпите со обичен и супер
бензин се поставуваат на растојание
од 8 м од пресекот на оската на
приклучниот пат со границата на
парцелата.
Додека, пак, тоа растојание до
пумпите за дизел гориво треба да
биде најмалку 22 м.
Пумпите се поставуваат на
остров кој е широк 125 и висок 15
см. Растојанието меѓу пумпите
треба да биде 4 м.
Бензиска станица на важна сообраќајница (по Нојферт)
Островот со пумпите и патеките
за поминување на возилата се
покриваат со стреа која е висока
4,20 м.
Стреата служи да ги заштити
лицата што се околу пумпите од
дожд, снег и силно сонце.
Горивата се чуваат во резервоари
кои се сместуваат надвор од
зградата.
Тие треба да бидат закопани и
покриени со земја најмалку 1 м. за
да не дојде до рѓосување на
резервоарите, пред да се закопаат се
изолираат со хидроизолација.
Нивниот капацитет изнесува од
1,000-5,000 литри.
Сите водови што доаѓаат од нив
до бензинските пумпи се
бетонираат 10-15 см под почвата.
ВИ БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕ

You might also like