Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 59

МИТ УНИВЕРЗИТЕТ СКОПЈЕ

ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА

ЈАВНИ ОБЈЕКТИ 1
ПРЕДАВАЊЕ 14
• Хол (вестибил)

По влезот и ветробранот се доаѓа


до една поголема просторија која
се вика хол или вестибил.
Во неа лицата не се задржуваат
многу а служи да ги упати до
бараните простории или
одделенија.
Тоа упатување се врши преку
ходниците, или, пак, ако тие се на
кат, преку скалите, односно
лифтовите.
Според тоа, холот претставува
една многу важна просторија каде
се вкрстосуваат сите хоризонтални
и вертикални движења во зградата.
Хол каде се вкрстосуваат хоризонтални движења од ходниците и вертикални од
скалите. Скалите се јасни и нагласени од влезот
Хол во административна зграда. Од холот преку ходниците и скалите се
доаѓа до разните простории на зградата. / 1. Влез, 2. Ветробран, 3. Хол, 4.
Ходници, 5. Канцеларии, 6. Сали, 7. тоалети
За да се постигне правилно
движење, односно тоад а е
непрекинато, многу е важно како
ќе бидат поставени скалите,
гардеробите и тоалетите во тој хол.
Скалите се поставуваат така,
што веднаш да се забележат од
влезот и по најкус пат да се дојде
до нив.
Скалите не треба да се скриени,
или, пак, да се многу оддалечени
од влезот.
Димензионирањето на холот се
определува од бројот на лицата
кои:

- Минуваат, или
- Претстојуваат извесно време во
холот.
Ако лицата само минуваат низ
холот, за секое лице се предвидува
по 2,0 м2. Меѓутоа, при тоа треба
да се установи точниот број на
лицата кои едновремено ќе се
најдат во холот.
На пример:
Во влезниот хол на една
административна зграда е
предвидено при минувањето
едновремено да се најдат 15 лица.
Ако овој број се помножи со 2,00
м2, ќе се добие вкупната површина
на холот, а таа изнесува 30 м2.
• Скали

Ако зградата има неколку ката и


ако е долга, потребно е да се
предвидат главни и помошни
скали.
Главните скали почнуваат од
главниот хол и одат нагоре,
поврзувајќи ги сите катови во една
целина.
Тие треба да бидат нагласени и
да се во јасна врска со влезот на
зградата.
Главните скали, во зависност од
тоа како се поставени во холот,
можат да бидат:

- Слободно поставени во холот


- Во засебни површини поставени
веднаш до холот.
Главните скали по својата форма
можат да бидат:

- двокраки
- трокраки
- кружни.
Скали во засебни површини поставени во
непосредна близина на хол
Помошните скали се поставуваат
на крајот од ходникот или, пак, во
аглите на зградата. Максималното
растојание меѓу главните и
помошните скали е 50 м. Челата,
односно газиштата на главните
скали се изведуваат со големина од
14-16/30-34 см, а на помошните
скали од 17/28 см.
Скали во зграда и максимално растојание на просториите од неа
Ова ограничување не наведува
на фактот дека скалата во основа
треба да биде централно
поставена, со цел просториите
еднакво да бидат оддалечени од
неа.
Скали во основа централно поставени а просториите се еднакво
оддалечени од нив
Скали лошо поставени во основа, бидејќи просториите не се еднакво
оддалечени од нив
Повеќе скали во една зграда и нивната
максимална меѓусебна оддалеченост
Во зградите што имаат повеќе
скали, може да се направи
разграничување на тие скали, и тоа
на: главни и помошни (споредни)
скали.
• Лифтови

Административните згради што


имаат висина поголема од П+2 ката
треба да имаат и лифтови.
За полесно користење од страна на
публиката, лифтовите треба да се до
скалите и, во многу случаеви,
групирани со тоалетите.
Во многукатните административни
згради каде што се главни вертикални
комуникации, лифтовите се групираат
по неколку на едно место.
• Ходници

Ходниците можат да бидат со


канцеларии само од едната страна и
со канцеларии од двете страни.
Поекономично решение е ако
ходникот е изграден со канцеларии
од двете страни.
Но, овие ходници имаат некои
недостатоци, како на пример:

- челно осветлување
- Големо движење итн.
Ширината на ходникот се
определува во зависност од
движењето во него и од тоа дали
вратите се отвораат во
канцелариите или во ходникот.
Ходниците претставуваат главни
хоризонтални комуникации во
секоја зграда.
Тие ги поврзуваат сите простории
на еден спрат во една органска
целина, а таа целина, пак, се
поврзува со скалите и влезот од
улицата.
Во зависност од тоа дали
ходниците се изградени со
простории само од едната, или од
двете страни, е условено нивното
осветлување и проветрување.
Ако ходникот е изграден со
простории само од едната страна,
тој се осветлува со прозорци кои се
поставуваат од другата страна.
Ходник изграден само од едната страна, осветлен со прозорци
поставени од другата страна / 1. Ходник, 2. Простории, 3. Осветление
Меѓутоа, ако ходникот е изграден
од двете страни, тогаш тој се
осветлува од челните страни.
Ходник изграден од двете страни, осветлен од челните страни / 1. Ходник,
2. Простории, 3. Осветление
Од челните страни
осветлувањето може да навлезе во
длабочина на ходникот 15-25 м.
Тоа значи, ако ходникот е многу
долг, тој треба да се осветли и на
друг дополнителен начин.
Ова дополнително осветлување
може да се постигне со:

- Неизграден дел од едната страна


на ходникот, или
- Ако се предвидуваат скали, со
осветлување преку скалите.
Ходник, осветлен од челните страни, од скалите и од неизградениот дел
/ 1. Ходник, 2. Простории, 3. Скали, 4. Осветление
Ходниците се осветлуваат и
индиректно со помош на натсветла
кои се поставуваат на ѕидовите
меѓу просториите и ходникот.
Ходник индиректно осветлен со натсветла /
1. Ходник, 2. Простории, 3. Осветление
КОНСТРУКЦИИ

Административните згради што


имаат мала висина (П или П+1
кат) можат да се изведат со
масивни конструкции, и тоа со
надолжни а никако со напречни
носечки ѕидови.
За згради со средна висина до
(П+18 ката), со оглед на еднаквите
оскини растојанија произлезени од
димензиите на канцелариите, како
најприфатлива се наложува
скелетната конструкција од армиран
бетон, додека за зградите повисоки од
П+18 ката прифатлив е челичниот
скелет.
АРХИТЕКТОНСКО
ОФОРМУВАЊЕ

За архитектонското оформување на
главните внатрешни простории, како
на пример:
- Влезовите
- Холовите
- Ходниците и
- Скалите
Се користат поскапи материјали,
и тоа:

- Гипс
- Мермер
- Керамика
- Стакло
Во салите за состаноци некои
ѕидови можат да се обложат и со
благороден материјал што ќе внесе
поголема топлина во внатрешниот
простор.
За да можат работните простории да
бидат максимално осветлени и
проветрени, а, од друга страна, да
овозможуваат добар поглед кон
околниот терен, се изведуваат со
големи отвори кои на фасадата од
зградата се обработени како челични
прозорци што се простираат по целата
должина на катот.
Но, ако на фасадата се
потенцирани столбовите од
главните вертикални конструкции,
тогаш прозорците на катот се
шират од столб до столб.
Вака изведени фасади ја
изразуваат најкарактеристичната
страна на архитектонското
оформување на овие згради.
Меѓутоа, со појавата на се
поразновидните административни
згради, тешко е да се даде однапред
готов рецепт за нивното
оформување.
Сепак, сигурно е дека
административните згради треба да
се разликуваат од нашата
традиционална претстава за нив.
Новата содржина, како и новите
материјали и конструкции
неминовно ќе го стават својот печат
врз нивното современо оформување.
Основа на приземје на административен објект
Основа на кат на административен објект
Ситуација / објект администрација
ПРОЕКТАНСКО БИРО

Црталните се оријентираат према


север или исток. Прозорите треба да
се обезбедени со ролетни поради
заштита од сонце.
Зидовите и балконите да се
офарбаат во еден светол тон.
Намештајот што поедноставен и
практичен.
Кај подолги простории треба да се
предвидат дополнителни
осветлувања-базиликално или
зенитно. Осветлувањето /одозгора/
не е реткост.
а/ Кај цртањето светлоста треба да доаѓа од левата страна или од
напред. Ако доаѓа од десна страна самата рака прави сенка.
б/ Светлоста што доаѓа од позади прави сенка.
с/ Фронталната светлосѕ во лице-засенува
д/ Таблите за цртање нормирани се према норми за хартија; А0 /92 х
127 см; А1 /65 х 90 см; А2 /47 х 63 см; А3 /37 х 44 см;
а/ Табле за цртање и телењир
б/ На работен стол можно е да се монтира табле за цртање со
прицврстена лампа.
с/ орман за цртање чии фиоки се држат на крилата од врата
д/ Голема табле за цртање во стоечки став која ја користат
претежно градежни и машински инженери.
ВИ БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕ

You might also like