Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 19

СТЕ - Сектори

Домашни задачи
Здравствен сектор
Во Општина Битола има еден здравствен дом др.
Хаим Абраванел и тој дом нуди услуги за
населението на Битола и околината, со цел да
обезбеди најквалитетна здравствена грижа
неопходна за секој пациент.
Во Општина Битола има голем број на реонски
центри и исто така и во околината каде што
работат матични лекари.
Во здравствениот сектор под електро струка
спаѓаат работните места: шалтери кои што работат
преку мој термин, апарати за рентген снимки и
голем број на апарати за разни испитувања.
Мерки за заштита и безбедност во здравствениот
сектор се: носење на заштитна маска, носење на
везир, носење на скафандер (во услови на
пандемија), носење на заштитни ракавици, држење
на минимална можна дистанца помеѓу пациентите
и персоналот, редовна дезинфекција и хигиена.
е- health
. e-health означува електронско здравство,
односно тоа ги опфаќа сите апликации коишто
користат современи хардверско – софтверски и
комуникациски решенија за изведба на било
какви здравствени услуги
многу често e-health апликациите реализираат
изведба на полесни здравствени прегледи и
контроли од дома наместо да се оди на лекар, а
измерените вредности преку Интернет се
достапни за лекарите и/или за други лица
коишто се грижат за пациентот
M- health
• m-health означува електронско здравство
коешто наместо преку PC, се реализира преку
мобилен уред на пациентот (најчесто smart
phone, таблет или сл.)
• мобилните уреди може да имаат вградени
сензори или пак да користат екстерни сензори
• мобилните уреди се поврзуваат на Интернет и
мерените податоци стануваат достапни за
лекарите и лицата што се грижат за пациентите
Web 2.0
• web 2.0 се втората генерација на web страни коишто, за
разлика од првата генерација, овозможуваат
интерактивност (корисникот не гледа само текст, слики,
видеа и други информации туку преку web страната може да
заврши некоја конкретна работа како на пр. резервација на
билети, порачка на храна и сл. но и да стапи во контакт со
други луѓе
• денес постојат многу web 2.0 страни коишто на пациентите
им овозможуваат контакт со лекари
• понекогаш може ваквите web 2.0 страни да ангажираат
лекари волонтери или се финансирани од хуманитарни
фондови па пациентите ги користат бесплатно
Перспективи за работа во сектор
машинство
Работни места во електрострука машинство:
Рек Бтитола
Оддржување на машини
Мониторинг
Управување од далечина
Мерки за заштита
• пред да се користи било која машина треба да се прочита нејзиното упатство
за употреба и да се посети обука
• машините мора да имаат воочливо и лесно достапно копче за нивно брзо
исклучување во случај на опасност
• секое невообичаено однесување (невообичаени вибрации, звуци, брзини на
работа, мирис, потешко вклучување или исклучување, нереагирање на
команди) на машината треба да се пријави по што таа треба детално да се
провери
• при работа со секоја машина да се носи соодветно пропишана заштитна
опрема (на пр. заштитни очила, заштита на ушите, нараквици, маска итн.)
• пристапот до опасните машини (особено тие што имаат масивни подвижни
делови или самите се движат) мора да биде ограничен и обезбеден со
физичка преграда
• машините треба да имаат сензорски систем којшто ќе ги исклучува ако човек
несакајќи стави екстремитет или било што во опасно подрачје
Мехатроника
Мехатрониката е спој помеѓу механиката и електротехниката
Денешните машини во најголем број на случаи се ваков спој
односно содржат и механички и електротехнички
компоненти
• Примери за машини коишто претставуваат мехатроника се:
 авион
 автомобил
 принтер
 кафемат
 hard disc
 индустриски робот
 автоматизирани производствени ленти
 Дронови
Raspberry Pi
• Raspberry Pi е минијатурен компјутер од
класата single board computer на којшто може
да се приклучат монитор, тастатура и глувче со
што тој може директно да се користи и
програмира без потреба од PC
• димензиите се 8.5 x 5.3 x 1.7 cm
• Во машинството Raspberry Pi може да се употреби за
автоматизација на некоја машина
• Под поимот автоматизација се подразбира дека
некои работни параметри на машината (брзина,
температура, притисок и сл.) се одржуваат на
сакани вредности автоматски без интервенција на
човек
• Автоматското управување ги одржува параметрите
на сакано ниво и покрај влијанието на пречките и
другите фактори кои предизвикуваат отстапки
Машинство
Internet of Team е мала компанија со тим од многу
искусни технички експерти, со страст да ја
подобрат индустријата за управување со
капацитети преку употреба на технологијата на
интернет на нештата. IofTeam користи високо-
технолошки, научни методи за решавање на
вашите деловни проблеми со заситеност на
податоци.
Туризам
За рекламирање и презентација на одредени туристички
дестинации во последно време мошне често се користи
виртуелната реланост (анг. Virtual Reality - VR)
 
•VR е симулирана средина, потполно различна од реалноста
околу нас
 
•VR може да биде:
oнепостоечка (се симулират места коишто не постојат, на пр.
сеуште неизградени туристички хотели и комплекси, и сл.)
oпостоечка (се симулираат места коишто реално постојат, но ние
не сме таму)
Збогатена реалност
 
•Збогатената реалност (анг. Augmented Reality -
AR) е подобрена верзија на реалноста околу нас креирана со
користење на технологија за да се додаде дигитална
информација врз некоја слика
 
•На пример, AR туристичка апликација на таблет (или било кој
друг уред со камера и екран) се користи такашто со таблетот се
снима реалниот свет пред нас, а на екранот од таблетот ја
гледаме реалната слика и врз неа додаден слој на информации
(обично полупровидни слики, текст, табели и сл.)
Земјоделство
Во оваа лекција најнапред ќе се дадат основните поими за вештачката
интелигенција (анг. AI – Artificial intelligence), а потоа ќе се разгледаат три
примери за примена на вештачка интелигенција во земјоделството
•Вообичаената дефиниција за вештачка интелигенција гласи дека тоа е било
која техника што овозможува компјутерите да имитираат човечка
интелигенција
•Оваа дефиниција е прилично “растеглива” бидејќи го отвора прашањето:
-А што е тоа човечка интелигенција?
•Понатаму, размислувајќи што е тоа човечка интелигенција се отвораат нови
прашања, како на пример:
-Што е мислењето?
-Дали ако машината има вештачка интелигенција значи дека таа мисли?
•Конечно се поставува и прашањето:
•Дали човекот не е ништо друго освен една сложена машина?
Перспективи за работа во секторот земјоделството и безбедност во него
 
•Во неразвиените земји многу голем процент од популацијата се занимава со
земјоделство но производството е оскудно, односно таму:
-квалитетот на земјоделските производи е мал
-произведената количина на производи тешко ги задоволува потребите на
самата држава
-обично нема доволна количина и доволен квалитет за значаен извоз
•Во развиените земји многу мал процент од популацијата се занимава со
земјоделство но производството е големо, односно таму:
-квалитетот на земјоделските производи е голем
-произведената количина на производи лесно ги задоволува потребите на
самата држава
-обично има доволна количина и доволен квалитет за значаен извоз

You might also like