Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 28

ПОЗИТИВНИ ОДНОСИ

1.Позитивни односи
• Потребата да бидеме со други луѓе и да градиме и одржуваме блиски односи има вродени
основи.
• Денес , прашањата за природата на односите меѓу луѓето, за љубовта, за пријателството, се
испитуваат како од психолошка, социјална, антрополошка позиција, така и од еволуциска, но
и потесно, од биохемиска перспектива.
• Во истражувањето на биохемиската основа на љубовта, науката денес е насочена кон
испитување на улогата на окситоцинот, супстанцијата која е слична на хормоните, за која сега
знаеме дека се произведува и ослободува во нашиот организам при социјални контакти, а
посебно при телесен допир. Создавањето на окситоцин се зголемува со текот на бременоста,
со зголемен наплив во текот на породувањето.
• Окситоцин се создава при емоционалните контакти меѓу луѓето воопшто, посебно при
телесен контакт, поради што е наречен “хормон на гушкањето”. Поради тоа, се смета дека
претставува биохемиски механизам кој е во основата на создавањето на врски меѓу луѓето, во
генезата на љубовта, а можеби дури и на моногамијата.
• Значењето на оваа супстанција е уште поголемо кога се знае дека нејзиното
производство е поврзано и со истовремено лачење на допамин.
• Кај луѓето кои изјавуваат дека се “лудо вљубени”, активноста на мозокот и на
нервните патишта е поинаква кога гледаат во фотографија на лицето кое го сакаат,
во споредба со ситуација кога гледаат фотографија на пријатели од ист пол и на иста
возраст. Иако не може да се направи апсолутна паралела, најдено е дека се
активираат истите нервни патишта како и при дејство на кокаин. Истите автори
дошле до сознание дека, кога мајката гледа во фотографија на своите деца, се
деактивираат деловите од мозокот кои се одговорни за негативни емоции и
социјална споредба.
• Овие биохемиски механизми ни покажуваат дека ние сме биолошки предиспонирани
да се врзуваме и приврзуваме со други лица, да тежнееме кон заедништво со лица
кои ни се блиски и ни значат. Гледано низ призманта на еволуциската психологија,
причината да се формира силна врска меѓу родителите е во потребата да се
обезбедат услови потомството не само да опстане, туку и да ја доживее возраста
кога ќе биде репродуктивно способно. Од друга страна, од истата причина потребно
е новороденчето да поседува механизми со кои ќе ги повика родителите и ќе ги
привлече во ситуација на потребна грижа.
• Луѓето во исто време може да живеат во заедници од различен тип, на
пример заедница со родители, со своите деца, со врсници, во романтични
заедници, професионални заедници итн. Ние стапуваме во различни
интерперсонални односи со различни луѓе, а различни интерперсонални
односи задоволуваат различни потреби и овозможуваат различни нешта.

• Според Арѓајл:
 Романтичните односи и бракот пружаат можности за најголема блискост, но може
да бидат и извор на најголеми конфликти;
 Пријателите најчесто се најголем извор на позитивни емоции;
 Соработниците се извор на помош при тешкотии во работен контекст,
овозможуваат дружење, но се и можен извор на конфликти и анксиозност;
 Роднините се извор на помош во тешки животни ситуации;
 Соседите се извор на помош кога се во прашање помали проблеми;
2.Љубов, романтични односи и СД
• Од времето кога единката влегува во адолесценција па натаму, љубовта е меѓу
најпосакуваните нешта за сите луѓе. Маслов пред повеќе децении истакнал дека е
несфатливо колку малку во емпириските науки се зборува за љубовта.
• Во 1975 година, за прв пат една институција доделила грант за истражување на
љубовта. Иако нивната цел, всушност, била да ги истражуваат последиците од
отсуството на љубов, доделувањето на овој грант предизвикал лави на реакции.
Сенаторот Вилијам Проксмајр протестирал поради тоа што биле дадени пари од
буџетот на државата за ова истражување и според него нетребало да се истражува и
требало да остане мистерија. Според резултатите, 88% од анкетираните го
поддржувале сенаторот. Причините поради кои идејата да се проучува љубовта
предизвикала ваква негативна реакција веројатно се различни.
• Веројатно поради тоа што љубовта ни е толку важна, а во исто време таа е и толку
секојдневна.
• Љубовта и отсуството на љубовта се поврзани со појави кои се исклучително
значајни за психологијата и ангажираната наука: со среќата, или мизеријата и
депресијата; со добриот живот или осаменоста; со добриот брак и семеен
живот, или конфликтен брак со можно семејно насилство, психичко и физичко
повредување на сопружниците и децата. Иако чувството на осаменост не е
засебна психијатриска дијагностичка категорија, може да се каже дека со
негативните последици е близу до категориите како анксиозност, депресија,
злоупотреба на супстанци и др.
• Централна теорија во перспективата која ги нагласува когнитивните моменти
е Теоријата на правичност, додека централна теорија во перспективата која
ги нагласува емоциите е Теоријата на приврзаност.
2.1.Интерперсоналните односи и
теоријата на правичност
• Теоријата на правичност се однесува пошироко на интерперсоналните релации, пред се, на
романтичните врски и пријателствата.
• Во врската меѓу две единки обете нешто “пружаат” и нешто “добиваат”. Според оваа
теорија, блиските односи, романтични врски и пријателствата опстојуваат во оној степен
во кој обете лица во односот веруваат дека за возврат добиваат правично и
пропорционално на она што го вложуваат. Врските во кои “размената на добра” е правична
и пропорционална, има шанси да траат долго, а врските во кои таа размена е неправична,
или барем од едниот член е доживеана како неправична и непропорционална, почесто се
прекинуваат. Секако, вредноста на она што се дава и добива е многу релативна. Личната
проценка за вложеното и добиеното е под силно влијание на емоциите кон другото лице.
• Оваа концепција е заснована на економските модели на однесувањето на луѓето. Во таков
контекст, нештата кои се “разменуваат” ја чинат т.н. листа на интерперсонални ресурси, а
тоа се:
 Нематеријални и материјални добра
 Информации
 Љубов
 Пари
 Услуги
 Статус

• Ресурсите од оваа листа може да бидат заменувани, односно едниот член во врската
дава нешто од една група на ресурси, а може да добие нешто друго – што произлегува
од друга група на ресурси. Оваа теорија предвидува дека доколку членовите во
врската не се еднакво споредливи во однос на некоја димензија (на пр. физичка
атрактивност), неопходно е таа нееднаквост да се компензира кај друга димензија (на
пр. професионален успех).
• Тука спаѓа и една листа која потекнува од проучувањето на природата на социјалната
поддршка. Оваа листа покажува во што се состои поддршката од другите кога тие ни
помагаат во справувањето со стресните настани. Тоа се:
 Поддршка во проценка на разни ситуации кои се важни за нас: давање конструктивен фидбек,
афирмација, социјална споредба;
 Емоционална поддршка: се манифестира низ емпатија, меѓусебна доверба, грижа и нега;
 Информациска поддршка: давање умерени и конструктивни совети, предлози, решенија;
 Инструментална поддршка: овозможување опиплива помош и услуги;
• Познато е дека социјалната поддршка е поврзана со добро психичко здравје, бидејќи
делумно го амортизира негативното дејство на стресорите. При тоа, ваков позитивен
ефект постои при вистинска и реална социјална поддршка од луѓе кои навистина ни се
блиски и ни значат.
• Веројатноста дека врската ќе биде прекината е помала при одредени услови, како што се:
кога постои поголемо задоволство од врската кај партнерите; кога алтернативи за
воспоставување друга врска не се присутни или достапни; или кога партнерите
инвестирале многу во врската.
• Сепак, Теоријата на правичност неможе да ја објасни сета сложеност на љубовта и
пријателствата. Многу луѓе во многу ситуации се однесуваат алтруистично, несебично,
даваат и помагаат без да калкулираат дали е тоа пропорционално или не. Многу често,
да се дава социјална поддршка е покорисно одколку да се прими поддршка.
• Теорија на правичност ја нагласува когнитивната компонента, а ги занемарува емоциите.
2.2.Емоционалната приврзаност и
интерперсоналните односи
• Втората перспектива во проучувањето на романтичните врски и пријателствата е
фокусирана на емоциите и на емоционалната приврзаност( или атачмент –
attachment). Според Теоријата на приврзаност на Боулби, ние имаме вродени
предиспозиции емоционално да се поврзуваме и приврзуваме со други луѓе. Овој
механизам е заснован на потребата на новороденчето да се “поврзе” со возрасна
единка која ќе се грижи за него.
• Cindy Hazan и Phillip Shaver сметаат дека и во возрасна доба ние во голема мера го
задржуваме стилот на приврзаност формиран во детството: стил на сигурна
приврзаност, избегнувачки стил и амбивалентен стил. Стилот на приврзаност има
влијание на начинот на кој ги воспоставуваме и одржуваме односите со луѓето, како
и на тоа што ќе очекуваме од нив.
3.Пристапи и типологии на љубовта
• Концепциите зза љубовта можат генерално да се поделат во два пристапа:
 Биолошките концепции се засновани на еволуцијата, емоциите и телесноста. Од
еволуциски позиции, љубовта е механизам кој обезбедува врската меѓу двата
родители да биде цврста и долготрајна, што обезбедува подобри услови за грижа
за потомците до нивна репродуктивна возраст. Со тоа се зголемуваат шансите за
оспстанок и продолжување на “сопствените гени”.
 Психолошко-социолошките концепции се засновани на когнитивните процеси,
мотивацијата и комуникацијата меѓу партнерите. Меѓу нив се концепциите на
Рубин и на Стернберг. Рубин во 1973 ја развил првата разработена концепција за
љубовта , во која издвоил три “состојки” на љубовта, а тоа се приврзаноста,
грижата и блискоста. Стернберговата триангуларна теорија на љубовта од 1986 е
засновата на сфаќањето дека љубовта има три компоненти: блискост, страст и
верност(или лојалност).
3.1. Љубовта и бракот
• Транзицијата од појавата на романтична љубов до брак се одвива во три фази.
Најпрвин, потенцијалниот партнер се проценува на основа на карактеристики
како што се појавноста (изгледот), социјалниот статус и начинот на однесување.
Во следната фаза се прави (свесно и несвесно, намерно и ненамерно) подлабоко
анализирање на ставовите, вредностите, верувањата. Доколку тие во значителна
мера се совпаѓаат кај потенцијалните партнери, поголема е веројатноста за брак.
На крај, потенцијалните партнери се избираат меѓусебно доколку се совпаѓаат и
нивните потреби.
• Истражувањата покажуваат дека задоволството од бракот е највисоко во првите
неколку години, а најниска точка достигнува во периодот кога децата се во
адолесценција. Текот на времето не е најважниот фактор за задоволството од
бракот, туку тоа зависи и од емоционалната сигурност, меѓусебното почитување,
квалитетот на меѓусебна комуникација, сексуалната интимност и лојалноста.
4.Односи родители-деца и субјективна
добросостојба
• Односите меѓу родителите и децата се од суштинска важност и за родителите и за
децата во поглед на нивната субјективна добросостојба, пример, кога зборуваме за
мали деца, бидејќи тие не можат прецизно да ја вербализираат својата состојба,
заклучуваме преку емоционалните реакции.
• Потребата за поврзаност како вродена ја овозможува цврстата поврзаност на детето
со родителите или возрасните кои се грижат за него, со што се зголемува
веројатноста за остварување на услови за нормален развој и опстанок.
• За повеќето деца најважно е лицето на мајката, но тоа може да биде и таткото
или лицето кое се грижи за тоа дете. Ран, континуиран и топол однос со
родителите ја поттикнува психолошката добросостојба.
• Детето кое е сигурно поврзано и на чии потреби се реагира позитивно, тоа и
во иднина ќе очекува на неговите потреби позитивна реакција. Додека,
детето кое е несигурно поврзано и на чии потреби не се реагира, ќе развие
недоверба и кон другите, ќе биде склоно кон депресија, анксиозност и
проблематични интерперсонални односи.
• Проучувањето на односите на родителите со своите возрасни деца е
условено од две прашање:
1. Дали возрасните кои имаат деца имаат повисока СД од оние кои
немаат деца?
2. Како е поврзан квалитетот на односите родители-деца со
добросостојба на едните и на другите?
• Истражувањата покажале дека кај старите лица важна е поддршката
што ја добиваат од своите возрасни деца.Тоа може да значи дека
добросостојбата кај оние кои немаат деца е загрозена, но постои
разлика меѓу оние кои свесно одбрале да немаат деца – не се
разликуваат во поглед на добросостојбата. И оние луѓе кои сакале а не
можеле да имаат – се помалку среќни и задоволни од животот, а и се
подепресивни.
• Квалитетниот однос со децата може да биде значаен предиктор за
добросостојбата на родителот, тој однос е поврзан и со задоволството од
животот.
• Постои едно популарно сфаќање дека родителите (посебно мајките), тешко го
поднесуваат напуштањето на домот од страна на нивните возрасни деца. Но,
доколку се успешни тие деца и напуштањето на домот им е чекор за напредок
во нивниот живот, тогаш за родителите ваквиот период ќе биде со највисоко
задоволство од животот.
5.Односи со браќата и сестрите и
субјективната добросостојба
• Односите со браќата и сестрите се најдолготрајни и се извор на поддршка, но често
пати може и на кофликт и компетитивност.
• Истражувањата не потврдуваат дека единците се поосамени, подепресивни и со
пониска СД, но бидејќи тие ја немаат поддршката која ја имаат оние деца со браќа
или сестри, остваруваат подлабоки и поцврсти односи со другите луѓе кои самите
ги одбрале.
• Доколку пак, односите со браќата или сестрите се квалитетни, тоа ќе биде фактор за
повисоко ниво на субјективна добросостојба.
6.Пријателски односи и субјективна
добросостојба
• Квалитетот на пријателскиот однос е условен од увереноста кај двете страни во
реципрочноста во давањето и добивањето.
• Првите пријателства децата ги стекнуваат на околу 3-4 години, и тоа со децата со кои
најмногу сакаат да си играат и тогаш зборот дригар/ка станува дел од нивниот
речник.
• Во адолесценцијата повеќето од луѓето имаат неколку добри пријатели, кои им
претставуваат и емоционална поддршка.
• Кај возрасните, честопати пријатели се луѓе со кои работат и нивното пријателство е
засновано на заедничката работа, во мера што доаѓа до т.н. фузија на
пријателството со работата.
• Во училишниот период децата имаат 3-5 пријатели. Најмногу пријатели имаат
младите парови, што е резултат и на спојувањето на нивните кругови на
пријатели, додека пак во средните години луѓето имаат просечно 5 пријатели,
по што бројот се намалува.
• Тоа што ние имаме релативно мал број пријатели или вистински пријатели, се
должи на два чинители:
1. Првиот чинител - ние имаме ограничен “социјален капацитет” за градење
блиски односи со луѓе со кои сакаме и можеме да ги споделуваме важните
моменти од животот и убаво да го поминуваме времето заедно.
2. Вториот чинител – е во очекувањата од вистинскиот пријател, т.е.
карактеристиките на пријателството.
• Пријателството има осум очекувања од пријателите:
- искреност
- на располагање ни се кога ни се потребни
- поминуваат време во заеднички активности со нас
- водат сметка за нас
- доверливост
- лојалност
- имаат разбирање за нас
- сочувствуваат со нас
• Пријателските односи може да се формираат со луѓе за кои сме емоционално
приврзани, кои ги сметаме за пријатели, но не ни пружаат поддршка и во
ваквите пријателства нема однос на правичност и пропорционалност, туку
едното лице повеќе емоционално или материјално го искористува другото.
7.Квалитетот на интерперсоналните
односи и добросостојбата
• Квалитетните интерперсонални односи на индивидуално ниво се со повисока
СД и оптимално психолошко функционирање.
 според Арѓајл, добрите односи се поврзани со должината на животот во мера како
и пушењето или високиот крвен притисок.
 според Селиџмен, 40% од луѓето во брак изјавуваат дека се многу среќни, а оние
кои никогаш не биле во брак истото го изјавуваат 23%.

• Слични ефекти се најдени и во едно истражување на терминално болни од


рак.
8.Емпатија и интерперсонални односи
• Квалитетен интерперсонален однос подразбира дека едниките ги разбираат
потребите, мислите и чувствата кај другото лице.
• Емпатијата е сфаќање и заземање на позицијата на другите лица. Тоа овозможува да
сфатиме дека и ние сме дел од тие односи и дека нашата состојба, однесување,
постигнувања и статус се делумно резултат на однесувањето на другите луѓе кон нас.
Кога тоа ќе се сфати, се создава основата да се јави чувството на благодарност.
8.1.Алтруизам
- појава која е поврзана со личносната структура и подразбира мотивација за
однесување од кое има корист друга личност.
• Некои автори сметаат дека алтруистично однесување не постои, туку се што
индивидуата прави е насочено кон задоволување на лични интереси и потреби,
односно е насочено кон:
 намалување на сопствената напнатост
 намалување на чувството на вина
 стекнување на некоја лична корист или социјален бенефит
• Алтруистичното однесување понекогаш бара жртвување кое во тие моменти може да
биде проследено со непријатни чувства, но на долг рок алтруизмот резултира со
позитивно доживување.
8.2.Благодарност
- склоност и способност да се увиди улогата и значењето на другите луѓе и
случувањата во нашиот живот.
• Да се биде благодарен за нештата кои ни биле пружени и овозможени е во основата
на здравиот и конструктивен однос кон минатото, а воедно е поврзано со
конструктивен поглед на односите и случувањата во сегашноста.
• Автентична благодарност укажува на чувство на себеприфаќање и интегритет.
• Благодарноста како корисно искуство има неколку компоненти: е пријатно чувство
на уважување некого или нешто, добри желби насочени кон тоа лице, а поттикнува и
тенденција ние самите да направиме нешто позитивно.
Индикатори на благодарноста се:
 кога добиеното се вреднува позитивно
 кога добиеното не се препишува на сопствените напори
 кога за добиеното се возвраќа со благодарност намерно и свесно

• Луѓето со повисоко изразена благодарност како особина имаат повисоко ниво


на добросостојба и енергичност, тие се почесто позитивно расположени,
помалку им се важни материјалните работи, помалку се депресивни, помалку
осамени и помалку склони кон невротицизам.
8.3..Простување
- подготвеност да се одречеме од правото на негативна проценка и игнорирање на
лицето кое не повредило. При простување може да се развијат сочувство,
великодушност, како и љубов.
• Простувањето е целосно кога се исполнети два аспекти:
1. когнитивен – се темели на свесна одлука дека нема да бараме одмазда.
2. емоционално простување – негативните чувства се надминати и се заменети со
позитивни.
• Простувањето се одвива во четири фази:
1. фаза на разоткривање – лицето го истражува и увидува негативното
влијание на огорченоста, омразата и гневот врз сопствениот живот.
2. фаза на одлука – се носи одлуката да се прости.
3. работна фаза – се “разработува” простувањето, односно лицето се
обидува на случувањата да гледа од поинаква перспектива.
4. фаза на барање смисла – лицето поминува низ процес во кој се обидува
да го разбере поширокото значење на она што се случува и да најде смисла на
она што поминало.
• Како краток заклучок на сето тоа би било:
 алтруизмот, благодарноста и простувањето се појави засновани на
емпатијата, и без неа овие процеси не би биле поттикнати.

• Илустрација за важноста на овие појави е изјавата на социологот Георг Зимел


кој вели:
“благодарноста е морално помнење на човечкиот род и кога
случајно би исчезнала, би се срушило и човечкото
општество.”

You might also like