Professional Documents
Culture Documents
Team Canvas
Team Canvas
Билдинг 2022
ЦЕЛ
Team Canvas е стратешка рамка која помага да се доведат членовите на тимот на
истата страна (насока). Оваа алатка е направена за брзо да ги усогласи тимовите, да
ја зголеми кохезијата и перформансите и да создаде продуктивна тимска култура.
Team Canvas може да се користи на различни начини:
• создавање тим;
• разјаснување на целите и решавање на севкупните перформанси на тимот (на
пр. кога се чувствувате заглавени како тим или кога треба да завршите многу
работи);
• растење и вклучување на нови членови на тимот;
• општи сесии за усогласување (се препорачува на секои 2-3 месеци).
ПРИМЕР
ВОВЕДУВАЊЕ НА ТИМОТ ВО
АЛАТКАТА
Пред да се започне со користење на оваа алатка треба на тимот да им се објасни
која е целта на оваа сесија и зошто сакаме да ја спроведеме.
Пример:
Здраво, нашата работа беше малку нејасна во последно време, и мислев дека би
можеле да поминеме некое време расчистувајќи ги работите и да застанеме на
иста страна. Постои добра алатка за тоа наречена Team Canvas, што може да ни
помогне да се усогласиме и да се структуираме како тим. Што велите ако го
користиме за сесија за усогласување?
ВОДЕЊЕ НА СЕСИЈАТА
Времетраење: 90-120 минути