Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 29

Гане Тодоровски

ИЗРАБОТИЛА : ЕЛЕНА СТОЛЕСКА


МЕНТОР : ТАЊА СТОЈАНОСКА
Биографија
ГАНЕ ТОДОРОВСКИ
Биографија
• Гане Тодоровски завршил Филозооски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и
Методиj" во Скопе каде што и докторирал на темата "Веда Словена и неізините
мистификатори". Работел како новинар во Танjуг, „Млад борец" и „Студентски
збор". Бил долгогодишен професор по хрватска и македонска книжевност - XIX
век на Филолошкиот факултет во Cкoпje. Co книжевна активност започнува
непосредно по ослободуваето, и тоа во „Нова Македонија", „Пионерски весник",
„Нов ден" и др. Претежно се занимава со поезија и препеви. Има издадено повеке
збирки поезија. Се занимава и со критика и есеистика. Бил уредник на
книжевните списанија: "Иднина", „Современост", „Културен Живот”, "Млада
литературa”, „Разгледи" и други. Пишува и филмски сценариjа, а дебитира со
документарниот филм „Проштевање" (1963), како ко-сценарист. Во 1951 година
станува член на Друштвото на писателите на Македонија, а во два наврати (1969-
1971 и 1985-1986) е и негов претседател. Бил претседател и на Советот на
Струшките вечери на поезијата (1970-1971) и одговорен уредник на списанието
„Млада литература" . Член е на МАНУ од 1997 година.
Биографија
• Во 1990 година Тодоровски е избран за прв претседател на
Движењето за семакедонска акциіа МААК. Подоцна е назначен за
прв амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација.
Починал на 22 мај 2010 година. Закопан е во црквата “Свети Спас"
во скопското село Кожле на 26 мај 2010 г. Со литургијата
чиноначалствуваше Архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.
Негова последна желба било токму во ова село да биде погребан и
неговата песна “Завет" да биде прочитана на закопот. И желбата му
била исполнета.
Творештво
ГАНЕ ТОДОРОВСКИ
Творештво
• Во утрините (поезија, 1951) • Трактати за сонцељубивите (есеи и записи,
1974)
• Тревожни звуци (поезија, 1953)
• Веда Словена (1979)
• Спокоен чекор. (поезија, 1956)
• Маѓепсан мегдан (литературни записи,
• Божилак (поезија, 1960) 1979)
• Апотеоза на делникот (поезија, 1964) • Скопјани (поезија, 1981)
• Претходниците на Мисирков • Подалеку од занесот, поблизу до болот
(студии и огледи, 1968) (студии, 1983)
• Горчливи голтки непремолк • Со збор кон зборот (студии и критики,
(поезија, 1970) 1985)
• Снеубавен ден (поезија, 1974) • Поход кон Хеликон (студии, 1987)
Творештво
• Неволици, неверици, несоници (поезија, 1987),
• Неодложни лубопитства (студии, записи и
критики, 1987),
• Недостижна (поезија, 1995),
• Осамен патник (поезија на англиски, 1996).
• Составувач е на антологиите: Песната - храброст
(1975), Австриската поезија на XX век (1982) и
други.
• Како коавтор ги приредил антологиите:
Словенечки поети (1956), Езерска земја (1967),
Правостоина (современи поети од албанската
народност во Југославија, 1968), Нова хрватска
поезија (1973), Современа хрватска поезија (1981).
Поетското творештво на Гане
Тодоровски
ГАНЕ ТОДОРОВСКИ
Поетското творештво на Гане Тодоровски
• Поетското творештво на Гане Тодоровски ги следи сите три фази на развој на
македонската поезија. Во првата фаза то својата поезија jа посветува на татковината, а во
втората фаза, неговите песни се интимни, искрени, длабоко копнежливи. Третата фаза,
пак, е урбана, современа, каде ја искажува својата загриженост за човековото
секојдневие во светот во кој живееме. Гане Тодоровски на специфичен начин, на сосема
свој јазик ги искажува своите поетски трепети. Карактеристични за него се
неологизмите, бескрајната низа зборови кои ги создава и пресоздава (непрегор,
неизгор, непребол, непремолк, непобедници итн). Но, колку што е поетски комплексен
и иновативен, толку може да биде и едноставен. Доказ за тоа е песната "Биографија".
• Избор од поетското творештво на Тодоровски
• Гане Тодоровски на специфичен начин, на сосема свој јазик ja создава својата поезија.
Дел од неа е урбана, современа, каде ја искажува својата загриженост за човековото
секодневие во светот во кој живееме. Во продолжение се избор од четири песни на Гане
Тодоровски: "Нашинска“, "Нашинска III", „Фуснота без повод" и "Нерези”.
НАШИНСКА

Да ни е да сме доста
колку да се разбистри небото
над Бистрине, Корабине —
Да ни е да сме доволно
колку за да се довардиме
покрај Вардарине и Струмине —
Да ни е да сме мерата
колку да се прелееме
од колено во колено до кај истрајвекот -
Малцичка сме ли ете па што
малцичка божем а веќе со векови
по стопати по севезден нè пребројуваат
Но ние сме како што сте како што се
И покрај сè и покрај сè
колку сме толку сме токму сме!
• Силната љубов кон татковината блика од секоја патриотска песна на Гане
Тодоровски.
• Љубов чиста, искрена, едноставна, љубов кон земјата, кон народот, кон
историјата. Неговите песни кога и да се напишани, секогаш се актуелни,
секогаш погодени, зашто кај нас иако многу се менува, ништо не е
променето.
• Секогаш актуелна ќе остане песната „Нашинска“ (од стихозбирката
„Снеубавен ден“, 1974), зашто иако е мачно да се признае — сè е така, сè е
вистина. Ние сме тука, на нашево парче земја, под небото, под Бистра и
Кораб, едвај истрајуваме крај Вардар и Струма, и, да, малку сме, ама и тие
малку на другите им пречиме, па сите на свој начин нè пробројуваат и
прекројуваат. Но, и покрај сè, иако сме малку, ние успеваме да опстанеме, да
преживееме, да продолжиме…
• Истата поента ја има и песната „Нашинска (III)“ (од стихозбирката
„Скопјани“, 1981).
НАШИНСКА (III)
Икари и прометеи топовско месо
Минеjки преку минливото
Одеки низ недоодливото Гробари на својот грев и очај
А едно густо име Крадачи на сопствената вера
Со многу жилки од животек По првпат Питу по вторпат Питу
Слоевито и збито и деветорно Итромани дудуци лесноверци
Се лепи милениумски
Низ нашите изморени стапалки: Последни претплатници на слогата
Македонци! Одиме се пореваме се исправаме
Ем-Ma-ем-ке-ем-дон-ем-ци Се извишуваме подзастануваме продолжуваме
Ем-донци-маке-ем-кедон-маци Преку кресни илинденски грамоси
Ем-донма-цике-ем-цима-донке
Вртени превртувани извртувани Преку беаскули подрумкалиња черни џамии
Делени разделувани раскинувани Преку лепоглави сремски митровици
На слогови на маки и на фили Преку голиотоци и сибири
На егеи на вардари на пирини
Ослепени еднооки видовити
Одиме одиме одиме
Кучкини синови ѓаволско соило црно семе За да се доболи болливото
Миаци брсјаци копановци За да се догледа гледливото
Мрваци бандовци пуливаковци За да се доосвои најсвоето
Одиме одиме одиме
Со препал и со уплав
Да не би да се испогубиме
Низ маглата на вековите -
Одиме своеглаво одиме упорито
Одиме прекутрупа одиме гласовито
Преку бришаниот простор на постоењето
Одиме одејќи накај себеси
Нашински препознавајќи се -
Нашински престигнувајќи се -
Нашински издржувајќи.
ФУСНОТА БЕЗ ПОВОД
ГАНЕ ТОДОРОВСКИ
Дотековме, дотрчавме, доклинкавме,-
Ој, Македонијо, кај ти е без нас алот!
Ој, Македонијо, градска и социјалистичка,
ФУСНОТА БЕЗ ПОВОД натема ти го селото обескозено,
обезлуѓено, како по чума поморија,
Ги оставивме мускулите на село, Ој, Македанијо, сo пет епископи
ги оставивме легендите, ливадите, лошините, и илјада икони испокрадени,
зареците, клетвите, благословиите, Ој, Макадонијо со сојузни министри
дотековме како пролетен порој - оденадеж, и судбина на периферија.
за да му станеме квасец на градот, Ој, Македоиијо, со јоги душеци, со терени за
за да му станеме озон на градот, скијање,
за да му станеме фермент на градот, со пленуми, со црква автокефална,
за да го помакедончиме Скопје - со тела самоуправни, со штедни книшки,
Oj, Македонијо, малодушна и кибарна, со приватни земјоделци, со коли половни,
кај ти е без нас алот!
со сметки девизни, со дефицитарно осигурување
Дотековме во град по весници, по струја, по
телевизори, по стадиони, по кина, со први домати во Републиката,
по бањи домашни, по чисти клозети, по со четиринаесет академици, со безброј
тротоари, политичари,
дојдовме за да дринчиме секој први со евтин зеленчук, со таан-алва,
пред благајните, со голем број дипломи и со ниски плати,
со две затворени граници, со трета хипокритска
и четврта замислена, —
Ој, Македонијо на конкурси и конгреси, Ој, Македонијо, кај ти се селата
мијачки?
на два Илиндена и филмови нетитлувани Кај се Помаците? Кај се ветросаа?
на македонски, — Кај се Егејците? Кај се витосаа?
О, Македонијо, пленумска, синдикална, Ој, Македонијо, распослана од
од лани уште синодална, автокефална, Узбекистан
до Анадолија, Канада и Австралија,
колку ќе биде платен тутунот годинава? од Балтик до Карпатите,
Колку кредит ќе ветат банките? до немај-каде, до глувчина дупка,
Колку ли уште приватни крчми ќе отвориме? до канцелариите на бирократите.
Ој, Македонијо, не пати за Патакос,
Колку девизи надвор ќе депонираме? многушто уште ќе доживееме!
Ој, Македонијо, пушти го родот
Ој, Македонијо, со голем број неписмени, нека се растура
со академија на науките и уметностите, небаре семето Хамово, небаре
со беспрекорна грижа за народностите, проколнатици.
Живите треба да живеат, мртвите
со мал тираж на весници, со многу пензии, ќе починуваат
колку навистина ќе биде платен тутунот? а безработните ќе трагаат пo
работа.
Ој, Македонијо, науми почит кои мртвите,
збери ги коските на своите закубеници,
коските Мисирковите, коските Цепенковите,
коските Ѓорче Петровите,
прибери ги во Скопје,
покpaj Гоцевите, покрај најсветите,
и крени крај нив паметник
на неродениот Македонец —
Ој, Македонијо,
колку ли уште ни треба
за да те домакедончиме!
• Со блага иронија и прекор прозвучува песната
„Фуснота без повод“ (од стихозбирката „Горчливи
голтки непремолк“, 1970) која иако е напишана
шеесттите години од минатиот век, таа е сè уште
актуелна како да е напишана сега (освен државното
уредување – социјалистичко).
• Поетот ги прекорува своите сонародници што сите
сакаат да станат „граѓани“, што го напуштаат селото,
традициите, што се модернизираат за да бидат во
„тренд“ и што така забораваат кои се. Луѓето го губат
коренот, се губат себеси. Поетот разочарано на крајот
ќе повика, свесен што му се случува на народот, свесен
каде води политиката: Ој, Македонијо, колку ли уште
ни треба за да те домакедончиме!

Во секој заглед: Занемена големина!


Во секоја мисла: Победа на невремето!
И одвет: Ваше сум Вчера!

НЕРЕЗИ Колку е малку нужно в очи да те збереме,


колку е многу нужно во дланките на
самочувството
да те сочуваме.

Витосни векови време требало да се надживеат,


векови невекувани,
години неизгодинети,
денови неразденети.

Витосни векови време во костец со забравата,


и — пак те имаме!

Тука сме, речи ни: почесто елате тука


и узнавајте ја смислата
на своето постоење.

Бликотен врутоку влеј се во нашите пориви,


така да истрајуваме,
така да се осмислиме,
така да убавееме.

Многузборлива немотијо, велиш ли:


и покрај сè —
живееме, живееме, живееме.
Нерези
“Нерези” е патриотска песна во која поетот со воодушевување пее за постојаноста и
траењето низ вековите. Преку манастирот, тој всушност пее за својот народ кој успеал и
покрај сите тешкотии да опстане и се уште да постои. Песната започнува со восклик и
воодушевување од погледот кон манастирот, од неговото истрајување и победа на
невремето. Тој е постојан и цврст иако преживеал “витосни” векови, години и денови, не
му потклекнал на невремето, не му потклекнал на заборавот. Тој е тука и не потсетува на
нашето минато, не потсетува дека тоа сме ние. Поетот е горд што и припаѓа на оваа
традиција, на овој народ кој успеал да преживее се и повторно да опстане и да опстои.
Секој од нас треба да биде свесен на оваа големина (многузборлива немотија), на
минатото и традицијата и таа да биде изворот, “бликотен вруток”од каде што ќе ја црпиме
силата за нашата иднина.
Инспирација за оваа песна поетот нашол во манастирот Св. Пантелејмон, кој се наоѓа во
Нерези, на Водно и кој е изграден 1164 година.
Во оваа песна ништо буквално не се однесува на Нерези, нема опис што ќе нè поврзе со
Нерези, само насловот е тој што нè пренесува во минатото, кон нашата историја и кон
воодушевувањето од старите градби како наше непроценливо културно наследство.
,,Седум навраќања кон мотивот трепетлика’’
(од збирката Спокоен чекор)
  Зелени клепки несон.
  Зелена, нема разбранетост.
  Таа е лична средполка,      
средполе сон прегладнета.
           
Ставата и е зеленило пеперуги
пленети вечно во вишна вертикала.
Ја мачи ли безсоница, во уплав ли се тресе
Прекопната за спокој, неспокојна се траќа, грешно-прегрешна јаловица занесена?
трепери простум, се вѕира во облаците,
го следи патот, тагува по катунците
  и ѕемне кога спотнат средлетните безветрини

Крстеник да ми беше, со Немир би ја крстел,


немир-немирлика, неродна полска висотија.
Вечерник да сум, трепетот би и го брстел,
трепетот, показ на стравлива самотија.
 
 Колку е само плашливка, самата ќе ви рече,
везден треперење: Утрина. Пладнина. Приквечерж

Им се заблазува на птиците
гнезда што свиле во неа,
на сонот, рожбите, починката им заблазува,
Несонка. Неротка. Зелена неспокојничка.
И насловот и песната „Седум навраќања кон мотивот
трепетлика“, се инспирирани од народното творештво. Во
народните песни, трепетликата се јавува и со името: трепетуша,
јасика, топола. Треперењето на јасиката, според легендите
всушност е божја казна. Од неа биле направени клиновите со
кои бил прикован Исус на крстот. А и пред тоа, уште при
бегството на Богородица со Христос пред гонителите, кога
мајката Божја се скрила зад трепетликата, таа ја предала со
своето треперење. Јасиката ја искажала својата гордост и
непокорност не поклонувај- ќи им се на светците кои минувале
низ шумата. Тогаш, Богородица ја проколнала јасиката – да
трепери до века, ни од ветар, ни од дожд, ами од стравот божји,
а во други преданија ја проколнала и со неплодност. Исто така и
бројот седум, во народното творештво има магиско значење.
• „Седум навраќања кон мотивот трепетлика“ е лирско-медитативна, рефлексивна песна во која
предмет на набљудувањето е трепетликата (јасиката). Навидум песната е пејзажна, но всушност, таа е
песна за јаловата убавина, за бесцелното, неплодно постоење.
• Составена е од седум строфи во слободен стих, наизменично катрени и двостишја (4 – 2 – 4 – 2 – 4 – 2
– 4).
• Набљудувајќи ја трепетликата, поетот ни ја опишува и од нејзината надворешна и од нејзината
внатрешна страна. Однадвор, таа е прекрасна, „лична средполка“, „снагата и е зеленило пеперуги“, таа
е разлистена, зелена, висока убавица. Но, во нејзината внатрешност, таа преживува вистинска драма.
Таа е несонка, „сред поле сон прегладнета“, таа е немир, „прекопната за спокој“, таа е „неродна полска
висотија“, „грешно-прегрешна јаловица занесена“, таа е плашливка „показ на стравлива самотија“.
Внатрешната болка ја прави завидлива кон сите што имаат мир, спокој и сон, кон сите што имаат свој
дом и рожба.
• Тоа е песна за човекот, за девојката, чија надворешна убавина пленува, но таа не мора секогаш да биде
и показ на внатрешната убавина.
Прашања
• 1.Која година станува чен на Друштвото на писатели на Македонија и што бил тој на Советот на
Струшките вечери на поезијата ?
• 2. Кога починал, каде е закопан и која му била последната желба?
• 3. Колку фази на развој има поетското творештво на Гане и кои се тие?
• 4. Што искажува Гане со својата поезија?
• 5. За што се пее во песната ,,Нашинска” ?
• 6. Кога е напишана песната ,,Фуснота без повод” и за што се зборува во неа ?
• 7. Каква песна е ,,Нерези” и како започнува таа ?
• 8. На која збирка песни припаѓа песната ,,Седум навраќања кон мотивот трепетлика” ?
• 9. Каква песна е ,,Седум навраќања кон мотивот трепетлика” и што е предмет на набљудување?
• 10. Од колку строфи е составена песната ,,Седум навраќања кон мотивот трепетлика” ?
• 11. Објасни како Гане ја опишува трепетликата (јасиката) однадвор, а како одвнатре?
АВГУСТ 2009
ЈУНИ 2011
АВГУСТ 2015- ПРВ ДЕЛ
ЈУНИ 2018

You might also like