Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 10

ПОИМОТ И НЕГОВИТЕ ОСНОВНИ

БЕЛЕЗИ

Мартина Мојсоска
ПОИМ
 Во секојдневниот живот често го употребуваме зборот поим.
Кога спориме со некого за нешто, велиме дека ,, ги измешал
поимите’’или дека ,,нема поим за она што зборуваме’’. Кога,
пак, за некого немаме добро мислење велиме дека има ,,чудни
поими’’
 И во нашите учебници го среќаваме овој збор: поимот сила,
поимот моитивација, поим за паралелограм итн.
 Постојат различни теории за поимот
ПРЕДМЕТИТЕ И ПОИМИТЕ
 За предметите со кои доаѓаме во допир во секојдневните практични
ситуации имаме различни искуства. Така на пример кога читаме книга ,
доживуваме различни мисли и сознанија. Забележуваме дека таа има
големина, корица, вид на хартија и букви различни од некоја друга книга.
Таа настанала како резултат на определен умствен и физички труд, а од
своја страна е причина за проширување на знаењата или предизвикува
определено естестко доживување.
 Тоа се различни искуства за својствата и односите на предметот што го
нарекуваме книга. Тие искуства се разновидни доколку се работи за
повеќе различни книги кои сме ги читале прилистале или виделе.
 Исто така искуствата стануваат поразлични, доколку се зголемува бројот
на луѓето кои имаат контакти со книгите.
КОНСТИТУЕНТИ НА ПОИМОТ
 Истозначните предмети, во искуствата на различните луѓе,кои
ги поврзуваме со еден предмет, го сочинуваат поимот за тој
предмет. Па така без оглед што секој од нас во својот живот
видел најразлични куќи, поимот што го поврзуваме со зборот
куќа во себе вклучува градба што ја направиле луѓето да
живеат во неа.
ДЕФИНИЦИЈА НА ПОИМОТ
Поимот е апстракција, замисла на суштинските
карактеристики на одредена класа објекти.
Објектот чија замисла е поимот, може да биде материјален
( мост, куќа, книга), психички ( осет, радост, вознемиреност),
имагинарен (снежен, човек, самовила, рај)
Освен тоа предмет на поимот може да биде некој
индивидуален предмет ( Камениот мост на реката Вардар),
класи сродни предмети (книга, триаголник), (спортски
реквизити,опрема за цртање)
ПРЕТСТАВИТЕ И ПОИМИТЕ
 Поимот и претставите не се идентични, покажува и тоа што за некои од
гореспоменативе предмети не се можни претстави.
 Тоа што поимот е замисла на суштината на предметот овозможува
неговата познатлива вредност да биде далеку поголема од онаа на
сетилните форми на познание. Всушност, научното познание е поимно
сознание, зашто науката не се прашува за единечното, надворешното,
појавното,законот.
ПОИМИТЕ И ТЕРМИНИТЕ
 Бидејќи поимите се замисли, ние не можеме да ги соопштиме
нив на други луѓе ако не ги означиме со зборови,поточно со
термини. Термините се јазична, материјална форма на поимите.
 Термините со кои се означуваат поимите можат да бидат
зборови или симболи(птица). Еден поим може да биде означен
со друг збор(човек) или со повеќе (здружение на граѓани).
Поимите ги означуваме не само со именку, туку и со други
видови зборови на пример броеви (5), сврзници (и,или)
прилози (горе, долу).
СИНОНИМИ
 Еден поим може да се означи со различни зборови во рамките
на еден јазик(објаснување) и тогаш станува збор за синоним.
Сосема е јасно дека за ист поим во различни јазици постојат
различни зборови.
 На пр. : основа, база, темел, подлога.

Исто така со еден збор можат да бидат означени повеќе поими
(коса- коса на главата, коза за косење, град- вид населба,
атмосферска појава. За нив велиме дека се хомоними
СОДРЖИНА НА ПОИМОТ
 Ја сочинуваат целокуопноста на неговите суштински ознаки(карактеристики). Тие
пак, се замисли на суштинските одреби на самите предмети. Така во суштина на
поимот триаголник влегуваат ознаките- геометриски лик и тристраност.
Содржината на поимот човек – суштество, општествено суштество.
 Бројот на ознаките што ја сочинуваат содржината на еден поим зависи од
природата на предметот на кој се однесува поимот.
 Обемот на поимот го сочинуваат неговите најблиски видови поими. Обемот на
поимот тријаголник според соодносот на страните го сочинуваат рамостраниот,
разностраниот и рамнокракиот триаголник а според аглите правоагониот,
остроаголниот и триаголниот триаголни. Во обемот на шаховска фигура
влегуваат- кралот, дамата, коњот, ловецот, топот и пешахот.
РОДОВ ПОИМ И ВИДОВ
ПОИМ
 Овде ни се наметнува разликувањето на родов и видов поим. Родовиот
поим има поголем обем од видовите поими, зашто нив ги опфаќа во себе.
Сите видови поими го сочинуваат обемот на родовиот поим. Родови
поими се триаголник и шаховска фигура, а другите поими- нивни видови
поими.
 Колку што обемот е поголем содржината е помала, толку обемот е помал.
Така родовиот поим траголник има поголем обем од видовиот поим
рамностран триаголни. Меѓутоа поимот триаголник има помала содржина
од поимот рамностран триаголник, зашто последниов ја има содржината
на поимот триаголник( геометриска слика, тристраност), но и една ознака
повеќе ( еднаквост на страните.

You might also like