Дефиниција Кандидијазата претставува габично заболување на кожата, слузниците и внатрешните органи Етиологија и Епидемиологија Предизвикувач е габата Candida albicans која припаѓа на родот Candidae. Освен неа, во овој род постојат и повеќе други видови на кандиди. Најголем број од кандидите се сапрофити или како факултативно патогени паразитираат на површината на кожата и слузниците на устата, носот, езофагусот, анусот, уретрата и внатрешните органи. При опаѓање на отпорноста на организмот заради хронични болести, имунодефициенции, авитаминоза, гравидитет и особено при прекумерна употреба и нерационална примена на антибиотици со кои се уништува нормалната бактериска флора на слузниците, доаѓа до размножување и патолошки промени познати како кандидијаза. При бременост фаворизирачки фактори се зголемените количини на гликоген во слузницата на гениталните органи, a кај шеќерната болест, зголемената количина на гликоза во мочката. Инфекцијата може да настане и со директен и индиректен контакт при сексуален однос, преку клозетски шољи, користење на заеднички крпи, капи, долна облека, перница, прибор за бричење и др Патогенеза Брзоторазмножување на габите доведува на кожата, слузниците и во внатрешните органи до полиморфни патолошкоанатомски промени. Локалните промени се во вид на еритемни плакови. Промените во внатрешните органи се во вид на грануломатозни огништа или апсцеси Клиничка слика
Кандидијаза се јавува на кожата, слузниците и
внатрешните органи. Кандидијаза на кожа: На кожата најчесто се манифестира во следните форми: 1. кандида интертриго, 2. ерозио интердигиталис, 3. ангулус инфекциозус и др. Кандида интертриго. Се јавува на места каде што има влажење - интерглутеално, интермамиларно, генитофеморално, аксиларно, умбиликално, a се манифестира со полициклични еритемни мацерации со периферна десквамација на епителот проследени со јадеж.
Десквамација – лупење на кожата по кожни болести
Ерозио интердигиталис Локалните промени се на прстите на нозете, најчесто помеѓу третиот и четвртиот прст со мацерација која подоцна преоѓа во црвенкаста ерозија со ограничени рабови. Следени се со јадеж и болка, a настануваат при носење неудобни гумени обувки и при интензивно потење на нозете. Ангулус инфекциозус Семанифестира со црвени, испукани и суви усни и влажна мацерација на аголот од усните која подоцна преминува во улцерација, a промената е проследена со жарење, печење, јадеж, болка и тешко епителизира. Кандидијаза на слузници Овој облик на кандидијаза се јавува на оралната, езофарингеалната и урогениталните слузници во вид на coop, вулвовагинитис, баланитис, баланопростратитис, уретритис, циститис и др Coop
Соорот е својствен за доенчињата и за
малите особено кахектичните ( физички опаднати, ослабени ) и предвремено родените деца. Локалните промени се во вид на јасно ограничени еритемни површини на кои настануваат бели или бледожолтеникави сирестомембранозни или псевдомембранозни налепи Вулвовагинитис Клинички се одликува со жарење, јадеж или болка и со интензивен еритем на слузницата на вулвата и вагината на кои се образуваат бели налепи кои личат на згрутено млеко, a околу налепите настануваат воспалителни промени. Дијагноза Сепоставува врз основа на клиничката слика, a идентификацијата е со микроскопирање или со култивирање Терапија Антифугални препарати