Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 5

Блаже Конески

Анализа на песната
Ангелот на Света Софија
Ти којшто толку време мина
под малтерот на ѕидот мрачен,
пак слободен си в простор зрачен
- о сине тих на мисла сина –
со живот пак ти гори видот
и зори како небо ѕидот.
Но таа лика што се крие
под малтерот на мојте гради
и - утеха од дните млади –
по убост како сестра ти е,
не, нема мајстор да ја спаси,
со мојот живот ќe се згаси.
 Поетот е инспириран од фреската во
црквата Света Софија.

 Тааоживеана фреска на која и се обраќа


поетот е симбол на минатото, на вечното,
на нашата историја.
 Вториотдел на песната е рефлексивен и во
него поетот пее за својата младост и за
минливоста на животот.
Двата дела на песната, Конески мајсторски
ги спојува во целина, споредувајќи го ликот
на ангелот со својата душа (под малтерот на
ѕидот мрачен – под малтерот на мојте
гради), но сепак спротивставувајќи ги како
вечност (ангелот) и минливост (својот живот).

You might also like