Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 13

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ

Палеонтолошки локалитети
во Македонија
Кандидати:
Ментор: Тргачевска Сара 10150
Д-р Игор Пешевски Тричковски Андреј 1484
Д-р Сеад Абази Цековска Фросина 10149
Џонов Никола10191
Што е палеонтологија?
Палеонтологијата е научно проучување на животот што постоел пред,
а понекогаш и вклучувајќи го почетокот на холоценската епоха.
Палеонтологијата вклучува проучување на фосили за класификација
на организмите и проучување на нивните интеракции едни со други и
нивните средини.
Што е палеонтологија?
Палеонтологијата лежи на границата помеѓу биологијата и геологијата, но се
разликува од археологијата по тоа што го исклучува проучувањето на анатомските
модерни луѓе. Во денешно време користи техники извлечени од широк опсег на
науки, вклучувајќи биохемија, математика и инженерство. Употребата на сите овие
техники им овозможува на палеонтолозите да откријат голем дел од еволутивната
историја на животот, речиси сè назад до кога Земјата станала способна да
поддржува живот, пред речиси 4 милијарди години.
Палеонтолошки
локалитети во Македонија
• Во Македонија постојат неколку локалитети кои имаат геолошко
и палеонтолошко значење и се наоѓаат под формална заштита од
државата, но исто така голем дел од нив кои, иако не се под
заштита се дел од листата на геолошки локалитети со големо
значење.
1.Стамер, во близина на Делчево
2.Долни Дисан, во околината на Неготино
3.Превалец, кај Велес
4.Суводол и Витолиште, Пелагониска рамнина
5.Караслари, југоисточно од Велес
6.Кале Бањичко, село Баница
Палеонтолошки локалитет
Стамер
• Во јули 2007 година, во атарот на село Стамер, во непосредна близина на
Делчево, пронајдена е масовна гробница на праисториски животни. На
овој локалитет досега се откриени череп на жирафа во Европа, остатоци
на мастодон и сабјаст тигар, како и остатоци од елен. Тука се откриени и
фосилни остатоци од праисториски носорог стари од три до пет милиони
години. Овие фосилни остатоци се од периодот на горен миоцен, во кој
се случуваат нагли климатски промени.
Палеонтолошки локалитет
Стамер
• Познатиот палеонтолог Ристо Гаревски (1922 - 2012),
излегол со претпоставка дека масовната гробница била
резултат на голем пожар. Односно, бегајќи пред огнот,
животните се повлекувале во тогашното езеро и тука
изумреле. Тогаш територијата на Македонија била
покриена со големи пространи езера, а живеела фауна
која е предок на денешните животни во Африка.
Палеонтолошки локалитет Долни
Дисан
• Во близина на селото Долни Дисан, Неготино се пронајдени
фосилни остатоци од слон. Се работи за изумрен вид на слон
чија старост се проценувала на околу осум милиони години.
Досега откриените коски укажуваат дека се работи за зачуван
значаен дел од скелетот на слонот. Според мислењето на
стручниот тим, се работи за наод со големо научно значење.
Фосилни остатоци од овој вид на слон се најдени на повеќе
локалитети во Македонија
Палеонтолошки локалитет
Превалец
• Превалец е Палеонтолошки локалитет кој што се наоѓа на
оддалеченост од 4 км југозападно од Велес.
• Значењето на објектот е во тоа што претставува прво
откриено наоѓалиште со фосилни коски од цицачи, т.н.
“пикермиска фауна” во Република Македонија.
Наоѓалиштето случајно го открил германскиот истражувач
Југман во 1917 година за време на Првата светска војна.
Староста на фауната е одредена како долно плиоценска а
детерминирани се многубројни родови и видови на фосилни
цицачи и тоа: мајмуни, хипариони, жирафи, антилопи,
газели, елени, мастодони, носорози, свињи, хиени и др.
Палеонтолошки локалитети во Пелагониска равница
• Фосилните заби од мастодонт се пронајдени во 2009 година во рудникот за
јаглен Суводол, РЕК Битола. Пронајдени се четири фрагменти на фосилни
заби од долна вилица кои припаѓаат на мастодонт кој се нарекува и
праисториски слон. Овие огромни животни биле предци на мамутот и
денешниот слон што живее во Африка. По својата старост од пред 10
милиони години мастодонтот е најстар во оваа низа, после тоа е мамутот од
пред 5 милиони години и на крај денешниот слон. Најголемиот пронајден
примерок на мастодонт бил висок околу 4 метри и можел да достигне
тежина и до 10 тони.
• Фосили пронајдени
во Битола
Палеонтолошки локалитет
Караслари
• Овој локалитет за прв пат е откриен и истражен во 1973
година, кога за време на изградбата на автопатот Велес –
Гевгелија се откриени големи количества на фосилни
остатоци. Изградбата на овој автопат овозможила да се
детерминираат многу нови и дотогаш непознати
палеонтолошки наоѓалишта меѓу кои и Караслари.
На овој локалитет се откриени остатоци
од Пикермиска фауна, односно видови
Палеонтолошки локалитет на працицачи кои пред неколку милиони
Караслари години доминирале во природата на овој
дел на Европа. Според палеонтолошките
податоци на овој простор се откриени
остатоци од фосилни цицачи како: коњи,
газели, жирафи, свињи, кучиња и др.
Поради ова, овој локалитет се вбројува
меѓу најпознатите наоѓалишта во светот
од овој геолошки период.
Прашања:

Кои палеонтолошки
Кој е најпознат
локалитети се
фосил пронајден
најдени во
во Долни Дисан?
Македонија?

You might also like