Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 4

Галилео Галилеј 1564 - 1642

Изработено од Андреј Трифунов


Животопис

 Галилеј сакал да замине во манастир, но татко му го уверил да студира медицина. Подоцна


поучувал математика и станал професор по тој предмет на Универзитетот во Пиза.
 Галилеј експериментирал со нишала, го проучувал паѓањето на предметите и и се посветил
на астрономијата.
Језуитите во Рим биле одушевени кога Галилеј им ги покажал месечините на Јупитер, топло
го пречекале кардиналите, па дури и папата. Но врз основа на овие месечини Галилеј почнал
да застапува мислење дека Сонцето е во центарот на вселената, што во 1543 г. го тврдел
и Коперник. Тоа значело дека Земјата со сигурност се врти околу Сонцето, што дирекно се
судрило со Библијата. Инквизицијата во Рим го осудила Галилеј на доживотен затвор, иако
казната подоцна била сменета во постојан домашен притвор во неговата вила во Арчетри. Умрел
во 1642г., а папата Јован Павле II го помилувал во 1992г., полни 359 години по казната за ерес.
Експериментите
на
Галилеј

 Во 1609г. Галилеј слушнал за стаклото што зголемува, што го открил холандскиот оптичар Ханс
Липерсхеј. Иако никогаш не се запознале, Галилеј констуирал свој инструмент и потоа ја зголемил моќта
на зголемувањето од 3 до 30 пати, изработувајќи го така првиот астрономски телескоп. Галилеј
заработил малку пари или добил некакви ветувања кога ѝ го понудил телескопот на војската, а потоа го
употребил инструментот за набљудување на небото. Прво забележал дека Месечината не е мазна и
совршена сфера како што тврдел Аристотел, туку нерамна, релјефна површина со планини и со кратери.
На 7 јануари 1610 г. Галилеј го набљудувал Јупитер. Видел обоени прстени на планетата, но и чудни
светли точки, две од десна страна на планетата и една од левата. мислел дека тоа се оддалечени
ѕвезди, но следната ноќ воочил дека сите три точки преминале на левата страна од Јупитер. Кога на 13
јануари видел уште една светла точка, сфатил дека тоа не се ѕвезди, туку четири мали месечини што
кружат околу планетата. Сите биле вчудовидени бидејќи знаеле дека Земјата е во центарот на
вселената, но тие четири месечини кружеле околу Јупитер, а не околу Земјата. Месечините кои ги добиле
имињата Ија, Европа, Ганимед и Калиста, денес во негова чест се викаат месечините на Галилеј
Временска одредница
• 1564г. Галилео ди Винченцо Бонајути де Галилеј е роден во Пиза, Италија, како најстаро дете на музичарите Винченцо и Џулија Аманати.
• 1581г. Со татков благослов, се запишал на студии на медицина на Универзитетот во Пиза, каде што го пронашол пулсиметарот. Подоцна се свртува кон
проучување на математиката.
• 1585г. Почнува да предава математика во Фиренца, а потоа во Сиена.
• 1589г. Станува професор по математика на Универзитетот во Пиза.
• 1590г. Го проучува движењето тркалајќи топки низ закосени рамнини и мерејќи ја нивната брзина и забрзување.
• 1592г. Преминува на Универзитетот во Падова како професор по математика,оваа работа била подобро платена отколку во Пиза.
Подучува геометрија, астрономија и механика. Овој период го опишува како најсреќен во животот.
• 1600г. Од врската со Марина Гамба се раѓа неговата прва ќерка Вирџинија.
• 1601г. Се раѓа нивната втора ќерка Ливија. Двете ќерки заминуваат во манастир во 1614г, каде што остануваат до крајот на животот.
• 1606г. Раѓање на синот Винченцо.
• 1609г. Дознава за стаклото што зголемува што го направил Ханс Липерсхеј, а потоа прави свој телескоп, го усовршува и го продава на војската.
• 1610г. Ги набљудува Месечината и Јупитер и ги открива неговите четири месечини. Ги објавува резултатите во Ѕвезден гласник( Siderus nuncius).
• 1611г. Заминува во Рим за да им ги покаже месечините на Јупитер на језуитите и станува член на Accademia dei Lincei. На почесната вечера, грчкиот
математичар го смислува името „телескоп“ за инструментот на Галилеј.
• 1614г. Неговите ставови за движењето на Земјата во вселената во чиј центар е Сонцето, отец Томазо Качини ги дочекува како опасни и еретички.
• 1623г. Ја објавува првата книга Истражувач.
• 1632г. Во Фиренца излегува неговата втора книга Дијалог. Добива повик да се појави пред инквизицијата во Рим.
• 1633г. На папското судење бил казнет за ерес, бил принуден да се одрече од своето учење, а потоа му одредуваат домашен притвор во неговата вила во
Арчетри.
• 1638г. Го загубил видот. Предлага метод за мерење на брзината на светлината.
• 1641г. Конструира механизам што го движи часовникот со нишало. Неговата идеја ја презема Хајгенс 15 години подоцна.
• 1642г. Умира во Арчетри.

You might also like