Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 10

Улогата на директорот во

личниот професионален развој


на наставниот кадар во
училиштето
Дијана Каравилоска
ООУ„Манчу Матак“
Кривогаштани
Република Северна Македонија
ВОВЕД:
• Успешноста на едно училиште зависи од луѓето кои се
присутни во него, мотивираноста, интеракцијата,
екипираноста, водството, промоцијата, кариерниот развој...
• Квалитетот, зависи во голема мера од директорот,
способноста за организација на работата, педагошкото
водство, квалитетите како личност, што значи дека најзначаен
сегмент што ја детерминира успешната работа на училиштето
е човечкиот фактор.
• Воспоставувањето функционална училишна организација со
соодветно организационо дизајнирана структура има за цел и
задача да продуцира такви активности кои ќе доведат до
високи достигања и резултати на учениците.
• Токму заради тоа, секој наставник е должен професионално
да се развива, да се стреми кон повисоки постигнувања, да
изработува и исполнува личен план за професионален развој
ВОВЕД:
• Во законската регулатива во РСМ, која се однесува на
образованието - Законот за наставници и стручни
соработници во основното и средното образование во РСМ и
Законот за основно образование е релативно јасна за улогата
на директорот во професионалниот и кариерниот развој на
наставниците и стручните соработници.
• Морални дилеми: Дали директорот рамноправно ги
известува сите наставници/стручни соработници за
можностите за учество на различни семинари, обуки и
конференции? Дали работата на секој наставник/стручен
соработник е соодветно вреднувана? Дали доследно се
спроведуваат Законите за сите чинители на воспитно-
образовниот процес во рамките на едно училиште? Дали и
колку влијае локалната власт врз односот на директорот кон
наставниците?
Улогата на директорот во личниот професионален
развој на наставниот кадар во училиштето
- Професионални компетенции на директорот -
• Образовниот систем секогаш треба да се труди
најдобрите наставници да стануваат директори, а тие
пак треба значителен дел од своето работно време
треба да посветат на подобрување на воспитно-
образовната работа
• Во професионални компетенции на директорите се
дефинирани знаењата, вредностите и вештините кои
директорите треба да ги поседуваат за да ја
извршуваат успешно својата функција и се поделени
во категориите: Водство; Раководење со човечки
ресурси; Педагошко раководење на училиштето;
Финансиско раководење; Законско и
административно раководење
Подрачје: Раководење со човечки ресурси;
Потподрачје: Професионален и кариерен развој

Добриот систем за професионален развој на наставниците /стручните


соработници опфаќа следење на работата и стручен дијалог преку кој
се гради заедничко разбирање за потребните компетенции за квалитетна
настава и учење, како и соработка во планирањето активности за
развивање на компетенциите, и проценка на ефектите од
професионалниот развој.
• Ефективните директори во рамките на ова подрачје од својата
работа:
- ги информираат наставниците и стручните соработници за можностите
за професионален развој и дисеминираат стручни материјали
- бараат наставниците да ги изнесат своите мислења за наставата и
воопшто за работата на училиштето
- ја поддржуваат работата на стручните активи
- даваат поддршка за реализација на иновативни проекти
- поттикнуваат меѓусебна соработка меѓу наставниците
- ги поттикнуваат и им даваат поддршка на наставниците кои воведуваат
иновации/промени во својата работа
- оддаваат признание на поединечните напори на наставниците.
Подрачје: Раководење со човечки ресурси;
Потподрачје: Професионален и кариерен развој

• Воспоставува систем за интерно стручно усовршување на


вработените (предавања, работилници и сл.).
• идентификува ресурси, обезбедува транспарентна и правична
распределба на ресурси и можности за професионален развој, како
и можности за реализација на ЛППР.
• Ги менаџира активностите предвидени во годишниот план за
професионален развој.
• Учествува во идентификување на приоритетите на училиштето при
изработка на училиштен план за професионален развој и ја следи
реализацијата на истиот
• Транспарентно поставува високи остварливи стандарди за
квалитетно работење и постигање на вработените.
• Излегува во пресрет на индивидуалните потреби за професионален
развој согласно можностите на училиштето.
• Користи различни инструменти за евалвација на работата.
• Училиштето е отворено за партнерство со различни институции на
национално, регионално и меѓународно ниво, учествува во проекти,
стручни посети и размена на мислења и искуства.
Истражување – анализа на документација во врска со личните планови
за професионален развој

• Најголем дел од наставниците сакаат да ги


подобрат своите компетенции воподрачјето
Поучување и учење, потоа во Создавање на
стимулативна средина
• Најмалку во подрачјето Социјална и образовна
инклузија
• Во форми на проф. развој најмногу е застапена
соработката меѓу колегите, и/или консултации
со експерти, проучување на стручна литература
и пребарување на интернет, а обуки, семинари и
конференции повеќе ги бараат наставниците од
предметна настава.
Согледување на состојбата со личниот
професионален развој на наставниот кадар во
ООУ„Манчу Матак„ Кривогаштани од аспект на
улогата на директорот во него
Состојба со личниот професионален развој на Што е потребно да се направи во иднина од страна
наставниот кадар на директорот
Секој наставник и стручен соработник во Да ја следи реализацијата на ЛППР на
училиштето прави ЛППР, го реализира и наставниците
прави извештај Да излегува во пресрет на индивидуалните
потреби

Усогласеност на ЛППР преку стручни активи и Активно учество во директното усогласување


формирање на план за професионален развој на целите
на ниво на училиште Учество во процесот на менаџирање при
реализацијата на училишен план, но и
следење на реализацијата

Воспоставен систем на интерно усовршување Овозможување на ресурси


на вработените и следење на процесот Обезбедување на услови за реализација
Мотивација и воспоставување на остварливи
цели

Учество на обуки од задолжителен карактер, Отвореност на училиштето за партнерство со


ретко на обуки кои се со самофинансирање др.
Иницирање на учества во проекти, посети и сл
ЗАКЛУЧОК:
• Согласно законските прописи секој наставник и стручен
соработник има законска должност да го планира својот
личен професионален развој, да води евиденција за
реализацијата на истиот и на крај да достави извештај за
неговата реализација. Но, во овој процес неопходна е
поддршката која ја дава директорот на училиштето. Она што
секој вработен во една институција го очекува во поглед на
професионалниот развој е отварање на можности и
добивање на поддршка преку позитивна организациска
клима, изградена од добри меѓучовечки односи, поволни
услови за работа и сигурност која вработените треба да ја
чувствуваат.
• Тоа би ја зголемило нивната мотивација која би била уште
посилно изразена доколку директорот посветено работи и
своето внимание го насочува подеднакво кон сите субјекти
вклучени во воспитно-образовниот систем.
ЗАКЛУЧОК:

• Во училиштето во кое работам веќе е воспоставен


системот за лично планирање на професионалниот
развој на наставниот кадар, но согласно анализата која ја
направив (анализа на состојбата и анализа на
документација), согледав извесни слабости од аспект на
улогата на директорот во истиот.
• Секако дека ова бара подетално планирање и ангажирање
и нормално, расположеност на директорот за прифаќање
на предлози и насоки. Потребна е голема умешност на
директорот во училиштето да оствари ефикасна
комуникација со сите субјекти, а уште поголема истата
да ја унапреди, особено во поглед на поддршката која
неоспорно и несебично треба да ја дава за
професионалниот развој на наставниците.

You might also like