Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 18

Лав Н.

Толстој

Ана
Каренина
За авторот
Лав Николаевич Толстој (1852-1910) бил
руски писател и филозоф. Тој е најпознат по
неговите романи и новели, богати со
психолошка анализа и морално-филозофски
белези.
Толстој се смета за еден од најголемите
романописци поради неговите најпознати
дела: Војна и мир и Ана Каренина.

2
За романот
 Ана Каренина е објавен во 1878 година и од тогаш, околу светот се
смета за еден од најдобрите литературни дела кои биле напишани.
 Ана Каренина е комплексен роман поделен во 8 дела кој сочинува
повеќе од 10 главни ликови. Романот е исполет со теми за
предавство, љубомора, брак и развод, семеен живот, страст, класна
разлика, рурален наспроти урбан живот и Царското Руско
општество.

3
Содржина
Во Ана Каренина се раскажува за две
паралелни љубовни приказни. Едната за
страсната и несреќна љубов помеѓу Ана
Каренина и грофот Алексеј Вронски, а
другата за стабилната љубов помеѓу Кити
Шербатскаја и Константин Левин.

4
Вовед
Романот започнува со доаѓањето на Ана Каренина во Москва со
намерата да ги смири нејзиниот брат Степан Облонски и неговата жена
Доли. Доли дознала дека нејзиниот маж ја изневерил со гувернантата и
тоа предизвикало голема кавга.
Доли и Ана се блиски, па со потполно разбирање и сочуство успева да ја
убеди Доли дека Степан сеуште ја сака и дека пати поради грешката која
ја направил. Ана ја замолува Доли да му прости на Степан поради
децата, со што на крајот Доли се согласува, но Степан повеќе не бил
истиот во нејзини очи.
Додека престојувала кај брат и, Ана се запознава и се зближува со
сестрата на Доли, Кити што довело таа да биде поканета на балот. 5
Заплет
Кити, која го приредила балот била убедена дека Вронски ќе ја запроси.
Но, Вронски бил воодушевен од убавината на Ана и се заљубил во неа,
оставајќи ја Кити со скршено срце.
Ана Каренина тогаш била заробена во брак без љубов со познатиот
политичар Алексеј Каренин. Нејзиниот живот, иако несреќен, бил
релативно мирен, сè додека храбриот гроф Вронски не влезе во
нејзиниот живот.
Ана, изненадена од додворувањето на Вронски, го напушта балот и си
заминува од Москва. Вронски, заљубен ја следи Ана и за прв пат во
животот и ги соопштува своите намери.
6
Ана е оставена меѓу два избори: помеѓу тоа да живее општествено
прифатлив и рационален брак од кој има и мал син кој многу го сака или
помеѓу своите пробудени чувства кон Вронски..
Ана си заминала од Москва надевајќи се дека со заминувањето ќе го
заборави Вронски и ќе се врати на својот стар живот. Меѓутоа, тоа не се
случува и таа понатаму мисли на него. Таа попушта под притисокот и
почнува да се гледа со Вронски и останува бремена со нивното дете.
Во меѓувреме, гласините стигнуваат до нејзиниот маж, Алексеј Каренин,
кој ја замолува Ана да ја прекине врската со Вронски за да не дојде до
скандал кој ќе влијае врз нивниот углед.
7
На коњските трки, Вронски паѓа од својот коњ, а Каренин забележува
колку е загрижена неговата жена поради тој настан. Со својата реакција
Ана ги открива своите чувства кон Вронски и на патот кон дома, таа му
признава на Каренин за чувствата кои ги има. Двајцата се согласуваат за
формален брак само за да го зачуват угледот и тој ја моли да не се
разведат. Додека Вронски бара од неа што побрзо да се разведи од
Каренин.
По тешкиот пораѓај, Ана го моли мажот да и прости. Тој и простува и го
прифаќа детето како свое. Но, набргу Ана се предомислува и го
прекршува договорот со Каренин и го напушта. Таа заедно со Вронски и
нивната ќерка заминуваат во Италија.
8
Каренин, гневен и повреден од постапките на Ана, не и дозволил да го
зема нивниот син со неа. Ана не можела долго време да издржи без
својот син, ја прогонувало грижа на совест кон него, па по извесно време
се враќаат пак во Русија.
По враќањето во Русија, Вронски и понатаму е почитуван во високите
друштва, но Ана е осудувана за нејзините постапки.
Ана и Вронски се повлекуваат на село за да се тргнат настрана од
јавноста и озборувањата. Но, нивниот меѓусебен однос се влошува и
караниците и меѓусебните осудувања за направените постапки станувале
се почести.
9
Расплет
Вронски не можел да ја сфати болката на Ана, а Ана го сметала за
неправедно тоа што Вронски го задржал својот друштвен живот.
Ана чувствувала незадоволство кон Вронски и сметала дека и е одземен
животот кој што требала да го живее. Таа била одвоена од она што
најмногу го сака и најмногу и значи пред него, а тоа е нејзиниот син.
Немирот во неа постепено растел, а таа станувала хистерична и
депресивна, што довело до одземање на својот живот, така што се
фрлила пред воз.
Вронски поради болката од загубата на неговата единствена љубов ја
предава својата ќерка на Каренин и се пријавува како војник во Српско-
Турската војна. 10
Кити пред балот била убедена дека Вронски ќе ја запроси, затоа кога
Константин Левин ја запросил таа го одбила. Левин потоа ја напуштил
Москва и заминал на село.
Кога видела дека Вронски нема да ја запроси, Кити се разболела и
отишла во Германија да се лекува. Таму таа потполно се опоравува и
заборава на Вронски.
Кога Левин се врати пак во Москва, повторно ја запроси Кити и овој пат
таа го прифаќа бракот и заедно добиваат син. И покрај повремените
расправии, нивниот брак е складен и стабилен.

11
Опис на ликовите
Ана Каренина - Алексеј Каренин - Алексеј Вронски
социјалист од високо сопругот на Ана. Тој е познат Младиот гроф кој се вљуби
општество, којa е заробенa во политичар и е исклучително во Ана на прв поглед.
несреќен брак со познатиот интелигентен и добро Истовремено е и војник кој
политичар Алексеј Каренин. образован. Во текот на имал прекрасна кариера. Тој е
Ова води до нејзино бегство романот тој е претставен како образовен, паметен,
со грофот Вронски и до ладен и без емоции, но ја амбициозен, страствен,
нејзинаta смрт. Ана е гледаме неговата грижлива згоден и љубезен човек.
харизматична, убава, страна кога тој и простува на
интелигентна и срдечна. Исто Ана за нејзините погрешни
така, таа е многу страсна што постапки. На крајот од
довело до изневерувањето. романот тој паѓа на ниско
ниво во владата и повеќе не е
самоуверениот и авторитетен
човек како што бил некогаш. 12
Опис на ликовите
Доли Шербатскаја - Кити Шербатскаја - Константин Левин -
поголемата сестра на Кити и помалата сестра на Доли и неговиот карактер е
сопругата на Степан. Доли е сопругата на Левин. Таа е спротивен со тој на Вронски.
како мајчинска фигура која деликатна и изнемоштена, Тој е богат земјоделец, човек
нуди совети на други ликови што е во контраст со со цврст карактер, чесен и
и е многу сочувствителна. нејзиниот тврдоглав срамежлив. Тој го
Кога дознава за карактер. претставува карактерот и
изневерувањето на нејзиниот размислувањето на писателот
сопруг, таа успева да му Толстој.
прости, истакнувајќи го
нејзиниот вистински
карактер.

13
Симболи и мотиви
• Фроу-фроу – Коњот кој го јаваше Вронски на трката. Тие беа во
водство на трката, се додека Вронски не направи погрешен потег,
доведувајќи до смртта на неговиот коњ. Коњот ја симболизира Ана,
а неговиот погрешен потег и случајното убиство го симболизира
како тој ја води Ана до својата смрт.
• Возови – возовите се среќаваат често во романот како лош знак и
симболизираат уништување и смрт. Кога Ана пристигнува на
железничката станица при доаѓањето во Москва, еден од чуварите
беше убиен од воз. Ова исто така ја навестува судбината на Ана.

14
Симболи и мотиви
• Брак и семеен живот – мотивот за бракот и семејниот живот е
најважен во романот. Првиот цитат во романот го симболизира тоа.
Романот се води на тоа дека бракот и семејниот живот се клучни за
значаен живот. Ова е претставено во бракот на Кити и Левин,
бидејќи тие се сакаат и се среќни иако нивниот брак не е совршен.
Обратното е прикажано кај Ана која станува депресивна откако го
напушти своето семејство и побегнува со Вронски.
• Простување – исто така важен мотив во романот кој е демонстриран
од повеќе ликови. На почетокот од романот, Доли му простува на
Степан за изневерувањето. Понатаму, Алексеј исто така и простува
на Ана што го изневерила.
15

Сите среќни семејства си
прилегаат едно на друго, секое
несреќно семејство е несреќно на
свој начин.

16
Ви благодарам на вниманието! 

17
Изработка: Елена
Бинева III-10 18

You might also like