Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 7

Крвен Притисок

ФИЛИП ЕФТИМОВ IV3


С ОУ , , Ј А Н Е СА Н Д А Н С К И ’’ Ш Т И П
Што е крвен притисок?
Крвен притисок е притисок на крвта врз ѕидовите на крвните садови и е еден од
основните витални знаци. Крвниот притисок е резултат на две сили: едната е
создадена од срцето кое пумпа крв низ крвотокот, а другата е силата на артериите
кои се спротиставуваат не крвотокот. За време на секое чукање на срцето, крвниот
притисок се менува од максимален (систолен) до минимален (дијастолен).
Средниот крвен притисок, заради пумпањето на срцето и отпорот во крвните
садови, се намалува како што крвта којашто кружи се движи од срцето низ
артериите. Тој има најголем пад во малите артерии и артериолите и продолжува да
се намалува како што крвта се движи низ капиларите и назад до срцето преку
вените. Гравитацијата, залистоците во вените и пумпањето од контракцијата на
скелетните мускули се некои од другите влијанија врз крвниот притисок во
различни места во телото.
Што значат броевите?
Што точно значи тоа здрав, нормален крвен притисок? Кога го мериме крвниот
притисок, добиваме две вредности (плус онаа за пулсот). ,,Горниот” или
систоличкиот и ,,долниот” или диастоличкиот. На пример, 120/80. Горниот број го
претставува количеството притисок во артериите во текот на една контракција на
срцевиот мускул.
Долниот број го претставува крвниот притисок за време на паузата помеѓу
контракциите на срцето.
И двата броја се значајни во определувањето на состојбата, односно здравјето на
срцето. Броевите поголеми од 120 за горниот и 80 за долниот означуваат дека
срцето работи со поголем напор од нормалниот во целта да ја испумпа крвта низ
целото тело.
Крвниот притисок се мери со аппарат за крвен притисок.
Нормален и покачен крвен притисок
Нормална вредност на крвниот притисок е 120/80. Без разлика на возраста, ова се
смета за идеална вредност на крвниот притисок кај возрасните. Кај некои пациенти,
лекарите може да дозволат да биде прифатлива и повисока вредност, но тогаш
станува збор за индивидуална процена, според конкретниот пациент и за т.н.
терапевтски посакувана вредност на крвниот притисок. Сепак оваа вредност не е
нормална вредност, нормалната е 120/80.
Сè што е во интервалот од 120 до 139 за горниот и повеќе од 80 за долниот крвен
притисок, се смета за покачен крвен притисок. Иако овие броеви технички не се
сметаат за хипертензија, ова покачување се смета за надвор од нормалата. Ваквата
состојба може да се смета и за аларм за превземање на драстични промени во
животниот стил, додека е сè уште ,,рано”. Медикаменти тука ретко се употребваат.
Покачениот крвен притисок го зголемува ризикот од развивање на вистинска
хипертензија, што пак го зголемува ризикот од срцеви заболувања и срцев и мозочен
удар.
Кога станува збор за хипертензија?

Иако постои дебата во научниот, медицински свет за тоа која вредност на крвниот притисок може да се
дефинира како хипертензија, сепак таа вредност варира во многу мали интервали. Во Европа, сè што е
над вредноста 140 за горниот крвен притисок, се смета за состојба на хипертензија. Во Америка пак, таа
вредност е дури пониска, 130!
Она што е значајно да се сфати е следно: За научниците 10 единици крвен притисок е значителна
разлика, дури и таква да може да менува дефиниции и да значи различни терапевтски модалитети!
Вредностите за крвниот притисок над 180/120 посочуваат на сериозен здравствен проблем. Ваквата
состојба побарува итен медицински третман и во случај да нема симптоми. Симптомите пак, кои би
можеле да се јават и при помали покачувања од ова, се:
- болка во градите
- недостаток од здив
- замаглен вид
- симптоми типични за срцев удар (парализирање и губење на контролата врз некои мускули на лицето и
екстремитетите)
- крвава урина
- главоболка и збунетост
Неколку совети за намалување на
високиот крвен притисок
1) Сведете го внесот на сол на минимум и внимавајте на т.н. скриена сол која може
да се најде во многу производи.
2) Консумирајте помалку заситени масти, а повеќе здрави масти и целозрнаста
храна богата со растителни влакна.
3) Имајте редовна физичка активност.
4) Намалете го внесот на кофеин! (пијте слабо засладени пијалаци, наместо кафе,
кока кола и енергетски пијалаци)
5) Најдете начин со кој ќе се справувате со стресот.
6) Намалете ја телесната тежина или не дозволувајте да се здебелите.
7) Доколку консумирате алкохол, сведете го тоа на минимум.
Заклучок
Високиот крвен притисок никогаш не треба да се занемари, бидејќи
најбезазленото понекогаш може да предизвика сериозни оштетувања.
Прво, за да се заклучи било која од овие состојби, освен последната,
потребни се повеќе мерења и потоа вадење на просек. Единечни ситуации
на покачен притисок не можат да се сметаат за хипертензија. Сепак,
ваквите случаи се добар сигнал дека треба да го следиме нашиот притисок
на долг рок.
Второ што е значајно. И при не толку покачен крвен притисок можат да се
јават 6-те претходно набројани симптоми, но во најголемиот процент од
случаите и воопшто нема никакви знаци дека го имате. Всушност поради
ова и често се нарекува ,,тивок убиец”.

You might also like