Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 8

* Создавање на

Европската Унија

Изработиле:
Даниела Алчинова
Милена Данилова
*Животот во Еропската Унија
*Војска *Култура
*Географија *Надворешни
*Државјанство односи
*Демографија *Образование
*Европа *Политика
*Економија *Проширување
*Историја *Спорт
*Јазици *Статистики
*Создавање на Европската Унија
* Создавањето на Европската унија низ годините
наназад поминало низ три етапи.
* Етапа 1: Од крајот на Втората светска војна до
ЕЗЈЧ.
* Етапа 2: Од ЕЗЈЧ до основањето на Европската
економска заедница.
* Етапа 3: Од ЕЕЗ до Единствените европски
акти(ЕЕА).
*Историја
* Четвртата етапа од историјата на ЕУ го опфаќа периодот од Единствените
вропски акти (ЕЕА), средина на 1987 година, па сè до стапувањето насила на
Договорот за Европската унија кон крајот на 1993 година. Најзабележливо е
најпрво, тоа што од една основна ревизија на Договорот до друга, изминаа
само 5 години, значи само четвртина од времето меѓу Римските договори и
ЕЕА! Оттаму, се разбира, најпрвин се поставува прашањето, што е причината
за тоа. Овде треба да се набројат повеќе фактори, при што се разликуваат
интерни и надворешни детерминанти. Интерните фактори на влијание во прва
линија зависат од очигледната сопствена динамика што ја доби процесот на
интеграција преку проектот за внатрешниот пазар и ЕЕА. Така, внатрешниот
пазар имаше далекусежни допирни точки, меѓу другото, со монетарната
политика, имигрантската и азилантската политика, со борбата против
меѓународниот криминал и со социјалната политика, под името "социјален
дампинг". Овие сфери на допирање правеа на многу глумци заедничката
политика во наброените области да им изгледа неотповиклива. Освен тоа,
енормно пораснатото заедничко имотно право од ЕЕА сè поболно го враќаше во
сеќавање "демократскиот дефицит" на ЕУ, и на неколку држави-членки,
германското повторно обединување, поцврсто врзување на Германија, која
стана поголема и поспособна за делување, им изгледаше препорачливо.
*Историја
* Што се однесува до надворешните предизвици, кои најавуваа
продлабочување на интеграцијата наскоро по ЕЕА што не исклучува и
повторна ревизија на Договорот, можам да се задржам на неколку клучни
моменти:

* Растечката несигурност во меѓународните и европските односи поради


отежнувачките преврати во поранешните социјалистички држави;
* Перспективата за влез на најмалку неколку од овие земји, кој без
претходна решителна ревизија, особено на интерната постапка за
одлучување внатре во Заедницата, не изгледаше возможен, без трајно да ја
попречи способноста за делување на ЕЗ;
* Економската глобализација, која ги направи економските и социјално-
политичките мерки во рамките на националната држава растечки
неефективни.
* Сите овие фактори земени заедно, ја доведоа Европската комисија и
Европскиот парламент, како и преовладувачкото мнозинство држави-
членки, до заклучокот дека понатамошните чекори кон продлабочување се
брзи и принудувачки неопходни, дури и кога беа жестоко одбивани од
Велика Британија.
*Значење на Европската Унија
* Европска Унија (ЕУ) — наднационален и
меѓувладин сојуз (заедница) на земји во Европа.
[14] Претставува најголемата конфедерација на
независни држави во светот, основана под ова
име во 1993 со Договорот за Европска Унија
(Мастришки договор). Сепак, многу аспекти од
Унијата постоеле и пред оваа година преку низа
на претходни договори кои датираат од 1951 г.
*Активности на Европската
Унија
* Активностите на ЕУ ги покриваат сите области на јавната политика, од
здравството и економската политика до надворешната политика и
одбраната. Сепак, опсегот на нејзините овластувања многу се
разликува во зависност од дадената област. Во зависност од областа за
која станува збор, ЕУ може да претставува:
* федерација (на пример, во монетарните работи, во аграрната,
трговската и еколошката политика);
* конфедерација (на пример, во социјалната и економската политика,
заштитата на потрошувачите, внатрешните работи);
* меѓународна организација (на пример, во надворешните работи).
* Клучна активност на ЕУ е основањето и управувањето со заедничкиот
единствен пазар, кој се состои од царинска унија, единствена валута
(која е усвоена од 12 од 27-те земји членки), заедничка аграрна
политика и заедничка рибарска политика.
* Најважни институции на ЕУ се Советот на Европската Унија, Европската
комисија, Европскиот парламент и Европскиот суд на правдата.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ВНИМАНИЕТО!

You might also like