Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

НАСТАНОК НА КАРПИТЕ И

ВИДОВИ КАРПИ
Карпите се составни делови на литосферата составени од збир
на повеќе минерали, иако во некои случаи можат да бидат
составени само од еден минерал. Иако се создале на различни
начини и на разни длабочини, тие може да се најдат на целата
Земјина површина, бидејќи се јавуваат во облик на површински
пројави. Според настанувањето, составот и изгледот, карпите се делат
на: напластени (седиментни), вулкански (магматски) и изменети
(метаморфни).

Во науката постои посебна научна дисциплина


позната како петрографија или петрологија која
научно се занимава со проучување за
настанокот на карпите.
НАПЛАСТЕНИ (СЕДИМЕНТНИ) КАРПИ
Седиментните карпи настануваат со седиментација (напластување или таложење) на ситен материјал
во морињата, езерата, реките и на копното. Овие карпи најчесто се напластени во хоризонтална положба и се состојат од слоеви
со различна дебелина. Во нив може да се сретнат фосилни остатоци од растенија или животни. Според потеклото и видот на
материјалот што се напластува, се разликуваат карпи со:
Механичко потекло, настануваат со напластување на механички иситнет или раздробен материјал во водите или на копното.
Напластениот материјал се слепува, се цементира и се преобразува во цврста карпа. Карпи од ваков вид
се конгломератите, глинестите карпи, лесот итн.
Хемиско потекло, се создаваат со таложење на материјал кој води потекло од растворите на минералите во водата. Примери за
вакви карпи се гипсот, бигорот и слично.
Органогено потекло, настануваат со седиментација на остатоци од фосилни организми, и тоа најчесто планктонски. Органогени
карпи се кредата, дијатомитот, нумулитниот варовник и слично.

СЕДИМЕНТНИ
КАРПИ
ВУЛКАНСКИ (МАГМАТСКИ) КАРПИ

Магматските карпи настануваат со ладењето или стврднувањето


на вулканската лава или магма во самата Земјина кора или на нејзината површина. Кога ладењето
е многу брзо, нема време да се создаваат кристали, но ако тоа се случува бавно, колку подолго ќе
трае процесот, толку поголеми ќе бидат карпестите кристали. Овие карпи се одликуваат со
голема цврстина и имаат голема примена во градежништвото. Тие немаат слоеви и не
содржат фосилни остатоци. Магматските карпи се класифицираат на најразлични начини.
Со појава на вулканска ерупција кај вулканите од внатрешноста на Земјата излегува усвитена
кашеста лава или магма. Бидејќи оваа материја е во кашеста состојба, таа се раширува и таложи
на површината на Земјата или навлегува во некои длабнатини. Постепено, лавата се лади и
стврднува, односно од неа настануваат карпи со голема цврстина. Најпознати вулкански карпи
се: гранитот, диоритот, андезитот и базалтот. Овие карпи се обработуваат поради нивната голема
цврстина и компактност и имаат голема примена во градежната индустрија.

Вулкан магма Магматска карпа


ИЗМЕНЕТИ (МЕТАМОРФНИ) КАРПИ
Седиментните или вулканските карпи ако се најдат во ситуација
делумно или целосно да ги променат нивните физички и хемиски
особености, најчесто се преобразуваат во изменети карпи.
Преобразбата најчесто настанува во подлабоките слоеви на Земјината
кора каде владеат повисоки температури и притисоци. Тоа нé
наведува да дојдеме до заклучок дека карпите кои биле на
површината на Земјата со тектонски движења, силни земјотреси или
вулкански ерупции, пропаднале во внатрешните слоеви и после
подолг временски период се измениле, односно преобразиле.
Најпознати изменети карпи се мермерот кој настанува со преобразба
од варовникот и гнајсот кој настанува со преобразба од гранитот. Во
внатрешноста на Земјината кора или на нејзината површина покрај
трите видови карпи со кои се запозна, има и наслаги на руди и
енергетски извори
Видови карпи
МАГМАТСКА СЕДИМЕНТ МЕТАМОРФНА
КАРПА КАРПА
● Гранит ● Песочник ● Мермер
● Скорија ● Варовник ● Шкрилец
● Пемза ● Конгломерат ● Кварцит
● Обсидијан ● Гипс ● Гнајс

You might also like