Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 8

Толкување на резултатите од

крвната слика и урината


Комплетна крвна слика

• Комплетна крвна слика една од најзначајните рутински лабораториски испитувања. Резултатите од


крвната слика претставуваат одраз на крвните клетки во коскената срцевина, како и нивниот однос во
крвната циркулација.
• Комплетната крвна слика (KKS) се изработува на најсовремен автоматски  хематолошки анализатор
(бројач) и ги мери/пресметува следните параметри:
• WBC(White blood cells)-леукоцити, бели крвни клетки-претставуваат клеточен дел од имунолошката
одбрана на организмот. Бројот на леукоцити зависи од возраст, физичка активност, бременост, стрес и
друго. Одредени патолошки состојби, инфекции на специфични органи или ткива, најчесто се придружени
со зголемување на вкупниот број на леукоцити. На тој начин организмот се брани од инфекции.
Во вкупниот број на леукоцити постојат 5 групи на истите, од кои најзстапени се гранулоцитите и
лимфоцитите.
• HGB (Hemoglobin)– хемоглобинот е протеин кој се наоѓа во состав на еритроцитите, содржи железо и
овозможува транспорт на кислород во ткивата.Ниските вредности на хемоглобинот посочуваат на
анемија.
• MCH(Mean Corpuscular Hemoglobin)– среден корпускуларен хемоглобин во еритроцитот.
• MCHC(Mean Corpuscular HemoglobinConcentration)- просечна концентрација на хемоглобин во
еритроцитите.
Комплетна крвна слика

• RBC(Red blood cells)- еритроцити, црвени крвни клетки. Нивна основна задача е пренос
на кислородот до сите ткива и органи.Содржат хемоглобин, кој го пренесува кислородот
што во голема мера зависи од нивниот број. Намалување на бројот доведува до анемија.
• MCV(Мean Corpuscular Volume)- среден волумен на еритроцити, зависи од вкупниот број
еритроцити и концентрацијата на хемоглобинот.
• RDW(Red Cell DistributionWidth)- варијабилност на еритроцитите во однос на
големината и волуменот.
• HCT(Hematocrit) - хематокрит е однос на волуменот на еритроцитите и волуменот на
полната крв во примерокот.
• PLT (Platelets) - Тромбоцити (крвни плочки)– имаат значајна улога при коагулацијата и
формирање на крвен тромб.
• MPV(Mean platelet volume) - просечна големина на тромбоцитите во волуменот на крв.
Анализа на урина

• ИЗГЛЕД: бистар
Ако изгледот е заматен, тоа укажува на зголемен број на леукоцити, габи, бактерии, слуз и друго можно е да
постои некој воспалителен процес.
• БОЈА: жолта
Црвената боја укажува на присуство на хемоглобин, најчесто причина е оштетување на бубрезите, но причина
може да биде и воспалителен процес на мочните канали и мочниот меур.
Темнокафената боја на укажува на зголемен билирубин и е најчест знак на оштетување на црниот дроб и појава
на жолтица.
• РЕАКЦИЈА: кисела
Алкална реакција обично укажува на бактериска инфекција.
• РЕЛАТИВНА ГУСТИНА: 1.012-1.025
Зголемена густина може да биде знак за хормонално пореметување, пореметување на функцијата на
надбубрежната жлезда, дијабетес, хипертензија, проблеми со бубрезите. Исто така се појавува и како последица
на дехидратација, дијареа, повраќање и висока темпрература.
Намалена густина е знак за зголемено лачење на урина.
• ГЛУКОЗА: Негативна
Појавата на глукоза во урината најчесто се јавува кај дијабетичарите и е поврзана со
појавата на зголемена глукоза во крвта (над 10 mmol/L)
• ПРОТЕИНИ: Негативно
Позитивните протеини може да се јават во бременоста или по зголемена физичка
активност. Во овие случаи тоа не е знак за патолошки промени, а ако не станува
збор за овие две состојби, обично е знак на воспалителен процес во организмот
• БИЛИРУБИН – Негативен и УРОБИЛИРУБИН: Негативен
Позитивниот може да биде знак за оштетување на црниот дроб и жолчката
• АЦЕТОН: Негативен
Позитивниот ацетон се јавува кај дијабетичарите
СЕДИМЕНТ

ЕРИТРОЦИТИ
• СВЕЖИ: Негативно
Позитивни свежи еритроцити често се знак за присуство на камен или песок
во бубрегот или во мочните канали
• БЛЕДИ: Негативно
Позитивни бледи се знак за неодамна прележана инфекција или хронични
болести на бубрезите
• ЛЕУКОЦИТИ: До 5 нормално
Големиот број на леукоцити укажува на некој воспалителен процес на
организмот
ЕПИТЕЛНИ КЛЕТКИ
• ПЛОЧЕСТИ: Малку
Плочестите клетки го обложуваат уринарниот тракт и нивната појава
во било која мера нема големо значење во дијагностиката.
• КРУЖНИ: Негативно
Позитивните кружни клетки укажуваат на оштетување на бубрегот
• БАКТЕРИИ: Негативно
Позитивниот наод може да биде последица на нехигиена или
неправилно земена урина
• УРАТИ: Негативно
Појавата на аморфни урати во урината нема дијагностичко значење
• КРИСТАЛИ НА КАЛЦИУМ-ОКСАЛАТ: Малку
Позитивниот наод може да биде знак за песок во бубрегот, но не мора да укажува на
заболување
• КРИСТАЛИ НА МОЧНАТА КИСЕЛИНА: Негативни
Нивната појава може да биде знак за бактериска инфекција
• СЛУЗ: Негативно или малку
Појавата на слуз нема дијагностичко значење
• ГАБИ: Негативни
Појавата на габи може да се јави кај дијабетичарите или е знак за габична инфекција
• ЦИЛИНДРИ: Негативни
Позитивни цилиндри се знак за хронично бубрежно заболување

You might also like