Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 29

Репликација на ДНК

Д-р Александар Петличковски


Институт за имунобиологија и хумана
генетика,
Медицински факултет Скопје
Накусо...
• Семиконзервативна репликација на ДНК
• ДНК полимерази
• Молекуларен модел на репликација на
ДНК
• Репликација на ДНК кај еукариоти
• Теломераза
Репликација – клучна
карактеристика на ДНК
• Прецизно реплицирање на
ДНК е клучно за пренесување
на наследната информација
од родителската клетка на
клетките ќерки.
• Бидејќи двете ДНК нишки се
комплементарни и двете
може да служат како матрица
(урнек) за создавање на нова
нишка.
Три модели на репликација
1. Семиконзервативен 2. Конзервативен 3. Дисперзивен

Родителска ДНК Родителска ДНК Родителска ДНК

Прв Прв Прв


циклус циклус циклус

Втор Втор Втор


циклус циклус циклус
Експериментот на
Meselson–Stahl (1958)
ДНК полимерази
• Kornberg (1959) добил Нобелова награда за откривање
на механизмите во биолошката синтеза на ДНК
• Потребни компоненти за синтеза на ДНК од Е. Coli ин
витро:
1. ДНК од Е. Coli ,
2. смеша од 4 нуклеотиди,
3. ДНК полимераза I,
4. Фрагменти од ДНК на Е. Coli (започнувачи),
5. Mg2+јони
Улоги на ДНК полимераза
1. Катализира создавање на фосфо-диестерска врска
помеѓу 3’-OH група од деоксирибозата на последниот
нуклеотид со 5’-фосфатот од следниот нуклеотид
(прекурсор).
2. При издолжувањето на ДНК нишката, полимеразата
пронаоѓа комплементарен нуклеотид на нуклеотидот
од матричната нишка. Брзината со која се додаваат
новите нуклеотиди е 850/с за Е. Coli, а 60-90 за
човечки клетки ин витро.
3. Насоката на синтезата на новата ДНК нишка, секогаш
е од 5’ кон 3’.
ДНК полимерази
• Во живите организми постојат вкупно 5 ДНК
полимерази: полимераза I-V.
• ДНК полимеразите I и III се неопходни за репликација.
• ДНК полимеразите II, IV и V се важни за поправка на
ДНК.
• Во просек, полимеразата може погрешно да вгради
еден нуклеотид на милион точно вградени.
• Корективен (proofreading) механизам е обезбеден со 3’
кон 5’ егзонуклеазната активност која ја имаат
полимеразите I и III.
ДНК репликација
• Клеточна делба Митоза Родителска
клетка

(митоза)
 Клетките мора да ги
дуплираат хромозомите
(ДНК синтеза) пред да Репликација на
се поделат, така што ДНК
секоја од клетките ќерки
ќе добие по една копија

Две клетки
ќерки
ДНК репликација
• Синтеза на ДНК
 ДНК базите на секоја AT
нишка служат како урнек GC
за синтеза на CG
комплементарна нишка TA
• Аденин (A) се спарува GC

со тимин (T),
а гванин (Г) се спарува
со цитозин (Ц) AT AT
 Процесот е GC GC
семиконзервативен CG CG
бидејќи секоја нова дво- TA TA
верижна ДНК содржи една GC GC
стара нишка (урнек) и
една новосинтетизирана
комплементарна нишка. Нови нишки

Стари нишки
Видео: како се создава нова
ДНК верига?
Механизам на репликација на ДНК
– Инцијација
• Протеини се врзуваат за ДНК и го одвиткуваат
двојниот хеликс
– Елонгација
• Ензимите поврзуваат нови нуклеотиди по принцип на
комплементарност во нова континуирана ДНК нишка
– Терминација
• Ензимите се откачуваат од репликацискиот комплекс
ДНК репликација
Иницијација
• Иницијацијата на репликацијата започнува од ДНК
секвенца наречена репликатор
• Репликаторот вклучува почеток на репликацијата
• Локално денатурираниот сегмент на ДНК се вика
репликациско меурче
• Единечната нишка на која се формира нова ДНК нишка
се вика матрична (template) нишка
• Со одвиткувањето на двете нишки се создава
репликациска вилушка
ДНК репликација
Иницијација
• ДНК хеликаза ја одвиткува ДНК, а потоа регрутира ДНК
примаза со што се создава комплекс наречен примозом
• Примазата (вид на РНК полимераза) прави РНК започнувач
(долг 5-10 нуклеотиди)

DNA polymerase
ДНК репликација
Елонгација
• ДНК полимеразата ја користи секоја од нишките како урнек во
насока 3’ кон 5’ и создава комплементарни нишки од 5’ кон 3’

DNA polymerase
ДНК репликација
Елонгација
• ДНК полимеразата ја користи секоја од нишките како урнек во
насока 3’ кон 5’ и создава комплементарни нишки од 5’ кон 3’
 резултат е создавање на leading и lagging нишка.
ДНК репликација
Водечка (leading) нишка
1. ДНК гираза (форма на топоизомераза) ја олабавува ДНК, а хеликаза ги
раскинува Н-врските
2. ДНК примаза создава РНК започнувач за почеток на репликацијата
3. ДНК полимеразата се лизга по водечката нишка од 3’ кон 5’ и создава
соодветна нишка во насока 5’ кон 3’
4. РНК започнувачот се разградува од РНаза и се заменува со ДНК нуклеотиди
од ДНК полимераза, по што ДНК лигаза ги соединува фрагментите од
почетокот и крајот на новата нишка
ДНК репликација
Не-водечка (lagging) нишка
1. ДНК гираза (форма на топоизомераза) ја олабавува ДНК, а хеликаза ги
раскинува Н-врските
2. ДНК примаза создава РНК започнувачи во одвоени интервали
3. ДНК полимераза се лизга по водечката нишка од 3’ кон 5’ создавајќи
соодветни Okazaki фрагменти во насока од 5’ кон 3’
4. РНК започнувачите се деградираат од РНаза и се заменуваат со ДНК
нуклеотиди од ДНК полимераза
5. ДНК лигаза ги соединува Okazaki фрагментите
ДНК репликација
Топоизомераза – ја одвиткува ДНК
Хеликаза – ензим кој ги раскинува водородните врски
ДНК полимераза – ензим кој катализира врзување на нуклеотиди за создавање на
комплементарна ДНК нишка во насока 5’ кон 3’ (урнекот се чита од 3’ кон 5’)
Водечка (leading) нишка – се препишува континуирано во насока 5’ кон 3’
Не-водечката (lagging) нишка– се препишува во сегменти од 5’ кон 3’ (Okazaki
фрагменти)
ДНК примаза – ензим кој катализира создавање на почетен РНК сегмент (започнувач)
ДНК лигаза – ензим кој катализира поврзување на два Okazaki фрагменти
Видео: молекуларен модел на
репликација на ДНК
Репликација на ДНК кај
еукариоти
• Репликони (10000-100000 кај човек)
– Кај Е. Coli репликацијата на целиот геном
трае 42 мин, а кај човек околу 8 часа
• Иницијација
– репликаторите не се дефинирани кај
еукариотите
• Препознавачки комплекс на почетокот
(ORC)
• Репликациски ензими кај еукариоти
Репликација на краевите на
хромозомите
Теломераза
Склопување на реплицираната
ДНК во нуклеозомите
Koj ензим е одговорен за синтеза на
нова ДНК нишка?

1) РНК полимераза

2) ДНК полимераза

3) Примаза

4) Хеликаза

5) Топоизомераза
Во која насока се создава новата ДНК?

1) 5'-3'

2) 3'-5'

3) Наизменично

4) И од 5'-3' и од 3'-5' во зависност од


нишката која се реплицира
Нуклеотидите секогаш се додаваат во
растечката ДНК нишка на 3’ крајот, каде има
слободна ______.

1. Фосфатна група
2. Хидроксилна група
3. Азотна база
4. Метил група
По кој редослед (1 до 5) се вклучуваат
протеините при репликација на ДНК

• 3 РНК примаза
____
• 5 ДНК лигаза
____
• 4 ДНК полимераза
____
• ____
1 Топоизомераза
• ____
2 ДНК хеликаза
Зошто РНК започнувачот е неопходен за
репликација на ДНК?

1) РНК започнувачот е неопходен за функцијата на


ДНК лигазата.

2) РНК започнувачот создава 5’ и 3’ краеви на ДНК


нишката.

3) ДНК полимеразата може да додава нуклеотиди


само на РНК молекули.

4) ДНК полимеразата може да додава нови


нуклеотиди само на постоечка нишка.

You might also like