ЦВЕТ

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 23

ЦВЕТ

ШТО Е ТОА ЦВЕТ?


Цветот е генеративен орган на скриеносемените растенија, кој овозможува полово и бесполово размножување.
Цветот е видоизменет изданок со ограничено растење, настанува од врвно стеблено меристемско ткиво кога
растението ќе ја достигне репродуктивната зрелост ( цветен меристем ). Формирањето на цветните елементи
има строг редослед, прво се формираат внатрешните, а најпосле елементите на внатрешниот круг. Цветот за
стеблото е прикрепен со цветна дршка а ако таа отсуствува цветовите се приседнати. Цветната дршка е
проширена во цветна ложа на која се подредени цветните елементи. Цветните елементи се поделени на
заштитни и репродуктивни. Заштитните листови го преставуваат неплодниот дел од цветот така наречен
околуцветник кој може да биде сложен или перијант и прост или перигон. Во репродуктивни елементи на
цветот се прашниците или прашничките листови и плодните листови на плодникот.
ЕЛЕМЕНТИ НА ЦВЕТОТ
Составни делови на цветот се:
1. цветна дршка,
2. цветна ложа,
3. чашкини ливчиња – чашка,
4. венечни ливчиња – венче,
5. прашници,
6. плодник
Кај скриеносемениците, елементите на цветот се
поделени на:
- заштитни цветни елементи;
- репродуктивни цветни елементи.
ЗАШТИТНИ ЦВЕТНИ ЕЛЕМЕНТИ
Заштитните елементи го претставуваат заштитниот дел од цветот
т.н. околуцветник.
Околуцветникот може да биде:
- сложен или перијант
- прост или перигон
ПЕРИЈАнТ
Перијант е изграден од два круга на ливчиња кои се
-ЧАШКА разликуваат по форма, големина и боја.
Првиот круг ливчиња претставува чашка. Чашкините ливчиња се зелени и нивната
функција е заштитна. Анатомски се блиски до обичните листови, но немаат
диференциран палисадно и сунѓересто ткиво. Обично се од 2 до 5, наредени во
еден круг, ретко во два круга. Кога се во два круга се разликува чашката и потчашка
кај (слезови), по отворање на цветот можат да се задржат се до образување на
плодот или да отпаднат.
-ВЕНЧЕ
Вториот круг ливчиња е венче. Венечните ливчиња се поголеми, со разновидна
морфологија и живо обоени. Венечните ливчиња можат да бидат слободни или
сраснати . Секогаш има повеќе од две венечни ливчиња. Тие имаат заштитна
функција, забележлива боја и арома и ги привлекуваат инсектите. Венечните
ливчиња секогаш отпаѓаат после прецветување на цветот.
венче

чашка
ПЕРИГОН
Кај простиот околуцветник перигоните
ливчиња од двата круга се еднакви по форма,
големина и боја . Перигонските ливчиња
можат да бидат слободни или сраснати.
Секогаш има повеќе од две ливчиња. По
форма и големина перигонските ливчиња
може да се слични на венечните или
чашкините ливчиња, затоа се разликува
венчвиден или чашковиден перигон.
перигон
РЕПРОДУКТИВНИ ЦВЕТНИ ЕЛЕМЕНТИ
Репродуктивните елементи го претставуваат генеративниот дел од
цветот. Се состојат од:
- прашници (прашникови листови или микроспорофили);
- плодни листови на плодник (макроспорофили).
ПРАШНИЦИ
Прашници се специјализирана структура на фертилниот
(репродуктивниот) дел на цветот која ги носи прашниковите листови
(микроспорофили) во кои се одвиваат процеси на микроспорогенеза и
микрогаметогенеза со кои се образуваат поленови зрна (микроспори).
Збирот на сите прашници на еден цвет се нарекува андрецеум.
Прашинците можат да бидат со спирален и со цикличен распоред.
Морфологија на прашник
Секој прашник (т.е. прашников лист ) е составен од:
- прашников конец
- прашникова кеса
ПРАШНИК
ПЛОДНИК
Плодникот ги обединува сите плодни листови (макроспорофили). Зазема
централно место во цветот и е образуван од плодните листови или карпели
Плодникот може да биде:
- Прост плодник образуван само од еден плоден лист (монокарпен) се ознаува како
толчник ;
- Сложен плодник е поликарпен плодник, составен од повеќе плодни листа.

Морфологија на плодник
Диференциран (крајно оформен) плодник морфолошки е составен од 3 дела:
1. Врвен проширен дел - устенце
2. Издолжен средишен дел - столпче
3. Базален проширен дел - плодник
ПЛОДНИК
-------------------------------------------------------
-----
УСТЕНЦЕ СТОЛПЧЕ
Устенце има специјализирано ткиво Столпчето го поврзува плодникот со
кое го помага никнењето на устенцето. Простиот плодник има само едно
поленовото зрно и може да биде столпче додека кај сложените бројот
обраснато со кратки или долги влакна одговара на бројот на плодните листови. Кај
со кои го помага прифаќањето на повеќето сложени плодници, тие сраснуваат
поленовото зрно. и образуваат едно столпче. Понекогаш
сраснувањето не е целосно при што
најчесто сраснуваат во основата, а во
горниот дел се слободни. Формата на
УСТЕНЦЕ столпчињата е многу разнообразна. После
прецветувањето на цветот столпчето
овенува и отпаѓа. Се сретнуваат и плодници
кои немаат столпче.
ПЛОДНИЦА

Во плодницата се образуваат и се развиваат семенови зачетоци од


кои после оплодувањето се образуваат семето и плодот. Простите
плодници имаат една целосна празнина додека кај сложените таа е
преградена на повеќе гнезда. Бројот на гнездата зависи од начинот
на сраснување и од бројот на сраснатите плодни листови.
Плодникот може да има најразлична форми, од кои најчести се:
колбеста, цилиндрична, конусовидна, јајцевидна и др. Според
површината, плодникот може да биде:
- мазен или набран (рапав) и гол или влакнест
За плодницата карактеристична е положбата, во однос на другите
цветни елементи, и во тој поглед се разликуваат:
- горен натцветен плодник;
- сретцветен плодник;
- долен потцветен плодник

-------------------------------------------------------
-----
ОПРАШУВАЊЕ
Опрашувањето е пренесување на поленови зрна од
прашниците до устенцето на плодникот.
Фактори кои овозможуваат пренесување на поленот се различни, но можат да
се групираат на:
1. Биотско опрашување
- зоофилни или зоогамни - со помош на инсекти, птици и др. животни.
2. Абиотско опрашување
- анемофилни или анемогамни - со помош на ветер;
- хидрофилни или хидрогамни - со помош на вода.
Анемофилните растенија имаат ситни цветови, без околуцветник, а
продуцираат големо количество лесен полен, погоден за пренесување со ветер.
Ентомофилните растенија имаат поголеми цветови, со впечатливо обоен
околуцветник, со нектарници, а продуцираат влажен и леплив полен во помало
‘РТЕЊЕ НА ПОЛЕНОВО ЗРНО
По паѓање на устенцето од плодникот, поленовото зрно се навлажнува под
дејство на излачената течност од устенцето, набабрува и внатрешната обвивка
излегува преку отворите на надворешната обвивка и постепено образува
поленова цевка, во која ќе премине целата содржина на поленовото зрно.
Поленовите зрна впиваат вода и лачат протеини кои служат за препознавање
на видот, истите предизвикуваат алергиски реакции кај луѓето.
Поленовата цевка непрекинато расте и продира низ устенцето и столпчето и
доаѓа до плодникот. Во плодникот поленовата цевка навлегува во семеновиот
зачеток каде што се наоѓа женскиот гаметофит т.е. ембрионалната торбичка.
ОПЛОДУВАЊЕ
По навлегување на поленовата цевка во ембрионалната торбичка,
нејзиниот врв се распукнува и содржината се излева во просторот помеѓу
јајцевиот апарат и централната (диплоидна) клетка. Еден спермиум се
движи кон јајцеклетката, ја оплодува и се добива диплоидна клетка
наречена зигот. Другиот спермиум се движи кон централната диплоидна
клетка и се фузира со нејзиното јадро при што се добива централна клетка
со триплоидно јадро.
Кај скриеносемениците на тој начин доаѓа до двојно оплодување:
- од зигот се добива ембрион;
- од оплодената централна триплоидна клетка се
образува ендосперм на семето
ВИ БЛАГОДАРАМ НА
ВНИМАНИЕТО!

You might also like