Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 10

СВЕТИ КЛИМЕНТ

ОХРИДСКИ
СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
• Свети Климент Охридски е еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на
Словените.[Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј што заедно се поврзуваат со создавање на
глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени. Тој бил
основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500
подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот. Тој
се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.
• Денеска Свети Климент Охридски се почитува како заштитник на Македонија, градот Охрид и
Македонската православна црква.[13][14] Во Бугарија е сметан за еден од седумте апостоли на Првото Бугарско Царство
и еден од врвните светци на современата Бугарија. [15] Во чест на светецот, во Македонија и Бугарија многу училишта,
улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје (Соборниот храм) го носи името на
Свети Климент, исто така Бугарската антарктичка база, универзитетот во Битола, Софискиот Универзитет и
Националната и универзитетска библиотека на Македонија го носат неговото име.
ИЗВОРИ
• Главните извори за животот на Климент се два средновековни документи напишани на грчки јазик.[16][17] Пораниот и
подеталниот од двата документи е едно житие на Климент напишано од Теофилакт, архиепископ охридски (1084 — 1107). За
Теофилактовото Пространо житие се смета дека е пишувано врз основа на содржината на исчезнатото
Прво словенско житие, составено од Климентовите следбеници и ученици веднаш по неговата смрт. Треба да се има
предвид дека Теофилакт извршил адаптација на неговата содржина, согласно идеолошките и црковно-политичките интереси
на Византија.
• Другиот пишан документ е житието на Климент од друг охридски архиепископ, Димитар Хоматијан (1216 — 1234), познато
како „Краткото житие на Климент Охридски“ или т.н. „Охридска легенда“.[16] Содржината на житието на Теофилакт подоцна,
во XIII век, му послужила на Димитар Хоматијан да напише ново Кратко житие за Св. Климент. Во него, исто така се
забележува адаптација и преосмислување на одредени настани како и вметнување погрешни податоци. Текстовите на двата
охридски епископи биле направени на старословенски јазик и во средновековната писмена традиција се препишувале на
двата јазици.
РАНИ ГОДИНИ
• За неговите рани години на Климент, двете житија даваат малку информации.[21] Познато е дека живеел во границите на
Првото Бугарско Царство,[16] период кога локалното словенско население сè уште давало отпор кон прифаќањето на
христијанството.[22] Подетален податок за неговото потекло дал архиепископот Димитриј Хоматијан[23], кој запишал: „Овој
велик наш отец и светилник на Бугарија потекнува од европските Мизијци [...] тој уште од детство го засака
богољубивиот живот [...] и од почетокот беше со Методиј [...] го возљуби монашкиот и девствен живот“.[24] Точното
место на неговото раѓање не е познато, но доброто познавање на Климент на грчкиот јазик, кое се согледува од квалитетот и
обемот на неговите преводи, сугерира дека тој ги стекнал своите вештини на овој јазик на млада возраст, што веројатно се
случило во Македонија, која во тоа време била дел од Првото Бугарско Царство. Можеби најверодостојна и најподдржана е
тезата дека тој потекнувал Струмичко-брегалничката област[25] каде управувал Свети Методиј пред да замине во Мала Азија,
или од Охрид. Се претпоставува дека се родил во периодот од 830 до 840 година. Но доколку се знае фактот дека уште од
најмали години го знаел Методиј, може да се претпостави и дека Климент потекнува од истиот град од каде потекнуваат и
светите браќа, односно од Солун. За неговата младост не се знае денес речиси ништо, не се знае неговото вистинско световно
име, а монашкото име го добил по Климент Римски, чиишто мошти во Херсон на Крим ги откриле солунските браќа Кирил и
Методиј за време на т.н. Хазарска мисија.[25] Во Пространото Климентово житие пишува дека: „тој го познавал неговиот
(Методиевиот) живот како никој друг, бидејќи пошол по него од најмлади години и со свои очи ги видел сите дела на
својот учител“. Според истиот извор, Свети Климент починал во 916 година.[16]
УЧЕНИК НА МЕТОДИЈ
• Климент се стекнал со солидно образование, и уште од млади години стекнал одлични познавања
од грчкиот јазик. Најраните информации за животот на Климент дадени од житијата се дека „од
неговиот живот го познавал најдобро од сите; со сопствени очи ги видел сите дела на својот
учител; Св.Методиј на своја страна привлекол и други соработници ученици коишто потекнувале
од Македонија, но и од други места.[26] Со своите ученици и помошници Кирил и Методиј
работеле во манастирите на планината Олимп во Мала Азија.[16]
• Доколку се претпостави дека периодот на младоста се години помеѓу 16 и 18 години, може да се
претпостави дека неговото запознавање со Методиј потекнува од околу 856-858 година, клучниот
период во животот на Методиј.[27]
СКАПОЦЕНИ РАБОТИ НА КЛИМЕНТ
Круната на Климент на која има
18 каратно злато и повеќе од 369 Жезолот на Климент на кој има 12 каратно
скапоцени камења злато и повеќе од 100 скапоцени камења
ДЕЛА
Похвала на Кирил Филозоф
Похвалата за Св.Кирил е еден од најважните текстови на Св.Климент
Охридски. Во неа се прикажува како
Кирил напушта се уште како млад човек,како не ужива во животот и го
напушта целото свое семејство. Дека неговата Блажена уста успева да го
извади
Словенскиот народ од незнаењето и
мракот и му дава писмо,азбука која ги описменува.Иако многупати
прогонуван,тој сепак успева да остане верен на Господа и
Верата постојано го води нанапред.Затоа Господ Бог благословува неговото
почивалиште да е во Рим.

други дела:

- Похвала на словенските учители Кирил и Методиј


- Од опширното житие на Кирил Филозоф
- Од опширното житие на архиепископот моравски Методиј
- Похвално слово на бестелесните Михаил и Гаврил
- Похвално слово за четиридневниот Лазар
- Поука за блудниот син
ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ ЗА СВЕТИ КЛИМЕНТ
ОХРИДСКИ И НАУМ

• https://youtu.be/m3wFKAx_f1U
ОХРИДСКА КНИЖЕВНА ШКОЛА
• Најстарата средновековна македонска книжевна школа е Охридската книжевна школа формирана во
886 година од Климент Охридски, а од 893 година му се придружил и Наум Охридски. Остатоците од оваа
школа не се зачувани, но се лоцира во охридската месност Имарет. Како обележје на оваа школа е што ја
зачувала кирилометодиевската глаголска традиција. Во Охридската школа кирилицата ќе почне да се
применува дури по 12 век
ИЗРАБОТИЛ
• Бојан А.

You might also like