5. Нормално и пореметено зараснување на коски

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 21

Нормално и пореметено

зараснување на коски
Научен соработник
Др. Роза Џолева Толевска
Коска
Коските во состав на скелетот имаат 3 функции:
• Обезбедуваат ригидна рамка на телото
• Служат како основа за која се припојуваат
скелетните мускули
• Ги штитат внатрешните органи
Коската како орган има 2 функции:
• Содржи хематопоетично ткиво за продукција на
Ер, Ле, Тр (крвни клетки)
• Депо за калциум, магнезиум, натриум и фосфати
Градба на коска
• Коскено ткиво
• Коскена срцевина
• Периост (обвивка)
Коскеното ткиво е
организирано во 2
форми
1. Компакта (substancia
ossea compacta)
2. Спонгиоза
(substancia ossea
spongiosa)
Остеон
Основна градбена единица на коската е остеон
(хаверсов систем), изграден од :
• Хаверсов канал (крвни, лимфни сафови и нерви
• Остеоцити (поставени кружно, формирајќи
цилиндри или ламели)
Фрактура на коска
Фрактурите може да бидат:
• Трауматски или патолошки
Фрактура на коска
• Потполни или непотполни
Фрактура на коска
• Затворени или отворени
Фрактура на коска
• Едноставни или коминутивни (мултифрагментарни)
Нормално зараснување на коска
Зараснувањето на фрактурата е
долг процес и се дели во 3
стадиуми:
1. Прокалус (0-2 недели) –
организација на хематомот
(реактивна фаза)
2. Сврзно-рскавичен калус (2-4
недели) (репаративна фаза)
3. Коскен калус (4-6 недели)
(фаза на ремоделација, која трае до 2
години)
Нормално зараснување на коска
• По фрактурирањето на коската доаѓа до
крварење по што се создава хематом, кој ја
исполнува фрактурната пукнатина.
Хематомот е изграден од фибринска мрежа
која служи како подлога за враснување на
фибробласти и капилари.
• Фибробластите постепено го започнуваат
репаративниот процес за формирање на
калус (прокалус) на местото на фрактурата.
Нормално зараснување на коска
• Фибробластите постепено се
трансформираат во хондробласти и
остеобласти, и на тој начин прокалусот се
трансформира во поцврст сврзно-
рскавичен калус.
• Остеобласите и остеоцитите создаваат
коскен матрикс во кој се таложат
калциумови соли формирајќи го коскениот
калус.
Нормално зараснување на коска
Времето за нормално зараснување на
фрактурите (4-6-8 недели) зависи од:
• Возраста на пациентот
• Видот на фрактурата (кортекс или спонгиоза)
• Крвоснабдувањето на фрактурните
фрагменти
Нормално зараснување на коска
Што треба да се обезбеди за нормално
зараснување на коска?
1. Репозиција и имобилизација на фрактурата
– при конзервативно лекување
2. Репозиција и фиксација на фрактурата –
при оперативно лекување
Потребно е да се обезбеди контакт на
фрактурните фрагменти и да не се дозволи
движење на фрактурните фрагменти
Нормално зараснување на коска
Нормално зараснување на коска
Пореметено зараснување на коска
Кога процесот на зараснување на фрактурата трае
повеќе од 4-6 месеци станува збор за продолжено
коскено зараснување (delayed union).
Причини за тоа може да бидат:
• Механички (подвижност во предел на фрактурата
заради недоволна имобилизација)
• Лоша локална васкуларизација
• Фрактури со дефект
• Интерпонирање на меки ткива
• Локална инфекција
Пореметено зараснување на коска
• Доколку не настане зараснување на
фрактурата по 8 месеци од повредата,
тогаш станува збор за псеудоартроза (non
union)(лажен зглоб)
Пореметено зараснување на коска

Кај псеудоартрозите рентгенграфски се гледа:


• Затворен медуларен канал
• Склеротични и нерамни коскени краеви
• Сврзно-рскавично ткиво помеѓу коскените
фрагменти
• Неправилна зглобна пукнатина на атипично
место
Клинички екстремитетот е нестабилен и болен
при оптеретување.
Пореметено зараснување на коска

Причини за псеудоартроза:
• Механички (подвижност во предел на
фрактурата заради недоволна
имобилизација)
• Лоша локална васкуларизација
• Фрактури со дефект
• Интерпонирање на меки ткива
• Локална инфекција
Пореметено зараснување на коска
Лекувањето на псеудоартрозите е исклучиво оперативно.
Потребно е да се обезбеди:
1. Отстранување на фибризното ткиво
2. Ресекција на склеротичните и девитализирани краеви
3. Отворање на медуларниот канал
4. Стабилен механички контакт помеѓу коскените
фрагменти со ригидна фиксација
5. Стимулација на остеогенезата со трансплантација на
спонгиозна коска
Лошо зараснати фрактури
• Fractura male sanata (mal union) настануваат
како резултат на неадекватно
конзервативно или оперативно лекување
(лошо направена репозиција или
неадекватно одбран остеосинтетски
материјал)

You might also like