Download as ppt, pdf, or txt
Download as ppt, pdf, or txt
You are on page 1of 27

Ревматоиден артритис

(Arthritis rheumatica)
• Ревматоидниот артритис е хронично
воспаление на сврзното ткиво.
• Се манифестира со фази на ремисии и
егзарцербации.
• Води до деформитети на МСС и
инвалидизирање на пациентите, до
степен да бидат врзани за стол или
кревет и имаат потреба од помош и
нега од трето лице.
Ова заболување се карактеризира со
воспалитело-пролиферативен синовит,
кој ги зафаќа најчесто симетрично
претежно малите зглобови нa шаките и
стапалата, но ги зафаќа и големите
зглобови, како колковите, колената и др.
Понекогаш може да се појави и како
моноартритична форма (еден зглоб) .
Бидејќи се работи за ситемско
заболување на сврзното ткиво,
промените не се ограничуваат само на
зглобовите, туку може да бидат
афектирани и многу други органи, каде
има сврзно ткиво. (внатрешни органи-
срце, бубрези, очи, плевра, менинги и
др.)
Етиологија и ризик фактори
Етиологијата сеуште не е разјаснета.
•По една од теориите се јавува како последица
на инфекција од сеуште неидентификуван
микроорганизам.
• По друга теорија, се работи за автоимуно
заболување.
• Кај некои пациенти, постои дефинирана
генетска предиспозиција за развој на
заболувањето.
Патофизиологија
Ревматоидниот артрит се развива во четири фази.
•Во првата фаза доаѓа до инфламација на
синовијалната мембрана. Како последица на
инфламацијата, синовијалната мембрана се
задебелува и доаѓа до продукција на поголема
количина на течност. (излив во зглобовите)
•Во втората фаза се формира инфламаторно
гранулационо ткиво, познато како панус кое помага
во ширењето на инфламацијата Панусот ја гуши
рскавицата, се оневозможува нејзина исхрана и
затоа таа омекнува и брзо се оштетува.
• Во третата фаза, панусот постепено се
заменува со фиброзно ткиво, кое ја
исполнува внатрешноста на зглобот.
Ова нефункционално фиброзно ткиво води кон
губиток на функцијата на зглобот и до појава
на деформитети.

• Во четвртата фаза, фиброзното ткиво


калцифицира и предизвикува анкилоза на
зглобот (зглобна неподвижност).
Клинички манифестации
• Симптоматологијата се дели на локална и
системска.
• Почетокот на заболувањето е неспецифично.
Пациентот се жали на замор, треска, намален
апетит, губиток на тежина, болка и затегање на
зглобот/зглобовите.
• Со тек на време манифестациите стануваат
подобро локализирани. Зглобот станува
болен, отечен и топол.
• Пациентот чуствува утринска
вкочанетост која трае подолго време.

• Оток и деформитети на зглобовите

• Поради ограничената подвижност,


доаѓа и до хипотрофија и атрофија на
околната мускулатура.
• Најчесто, зглобовите се зафатени
симетрично (на двете страни),
• Најнапред се зафатени прстите на
рацете и нозете, односно помалите
зглобови. (со исклучок на дисталните
интерфлангеални зглобови)
• Поголемите зглобови обично се
зафатени во покасната фаза од
заболувањето.
• Надвор од зглобовите може да дојде до
развој на ревматоидни нодули во било
кое сврзно ткиво.
• Околу 25-50% на пациенти со
ревматоиден артрит развиваат
ревматоидни нодули.
• Тие се тврди, безболни на палпација и
најчесто се наоѓаат на екстензорните
површини, особено на проксималниот
дел на улната.
• Нодули може да се формираат и во
перикардот, плеврата, миокардот,
слезината и менингите, предизвикувајќи
инфламација на афектираните органи.
• Нодули може да се развијат и во окото,
предизвикувајќи акутен глауком.
• Оштетувањата на органите се последица
на развојот на ревматоидните нодули.
• Динамиката на заболувањeто може да
биде спора и брзо прогресивна.

• Уште во 1958 година од страна на АРА


биле поставени дијагностички
критериуми за ревматоидниот артрит.
АРА критериуми за Р.А
1. Утринска вкочанетост во и околу зглобовите
која трае подолго од 1 час,
2. Оток на зглобовите во најмалку 3 зглобни
регии,
3. Оток во МКФ, ПИФ и рачни зглобови,
4. Симетрични артритиси,
5. Субкутани нодули (ревматоидни),
6. Позитивен ревматоиден фактор,
7. Радиографски промени - периартикуларна
остеопороза, ерозии, цисти, деформитети,
стеснет зглобен простор, анкилоза.
За поставање на дијагноза согласно
критериумите на АРА потребно е да се
присутни најмалку 4 критериуми во
последните 6 недели.

Од дополнителните дијагностички методи се


користат лабораториски параметри како:
седиментација, CRP, антинуклеарни
антитела, Rf и др. Тиекои може да бидат
позитивни, но не се со апсолутно
дијагностичко заначење.
• Во дијагностички цели понекогаш се
прави и аспирација на синовијална
течност од зглобовите.

• Кај ревматскиот артритис


синовијалната течност е заматена, со
намалена вискозност и со покачено
ниво на леукоцити во течноста.
Рентгенграфија
РТГ - може да бидат без промени во почетокот
се до покасните фази на болеста,
РТГ карактеристики:
•Деструкција на рскавицата,
•Стеснување на зглобниот простор,
•Губење на нормалната форма на зглобните
површини
•Деформитети
•Сублуксации и луксации
Лекување
Целите на лекување се:
•Намалување на болката,
•Редукција на инфламацијата,
•Зачувување на функцијата на зглобот,
•Обезбедување на подвижност на
зглобовите
Конзервативниот третман опфаќа:
•Лекување со нестероидни
антиревматици (НАСАИЛ)
•Кортикостероиди (per os, i.a)
•Имуносупресивни лекови
•Биолошка терапија
•Физикална терапија за подобрување на
функцијата на засегнатите зглобови
(особено балнеотерапија).
Оперативниот третман опфаќа:

•Синовектомии
•Отстранување на инфламирани бузи
•Отстранување на Бекерова циста
•Хируршка корекција на деформитети
•Ендопротетска замена на зглобови
Arthritis urica (Гихт)
• Уричниот артрит е ифламаторна форма
на артрит, кој се карактеризира со
интермитентни епизоди на акутни атаки
на инфламација, предизвикани од
високо серумско ниво на acidum uricum
во крвта.
• Покрај оваа форма, уричниот артрит
може да поприми и хронична форма.
Патофизиологија
• Hiperuricemia или покачено ниво на acidum
uricum во крвата, води до депонирање на
уратни крстали во зглобовите.
• Овие кристали иницираат воспалителен
процес во зглобовите и тие стануваат болни,
сцрвенети и топли.
• Со тек на време уратните кристали се
акумулираат во зглобовите во формации
наречени tophi.
Kлинички манифестации
• Гихтот може да биде акутен и хроничен.
• Почетокот обично е ненадеен. Пациентот се
жали на болки и дисконфорт во еден или
повеќе зглобови.
• Најчесто е зафатен палецот на ногата и тој е
отечен, топол на палпација и сцрвенет.
• Болката може да биде многу силна по
интензитет и пациентот да се жали на болки
и при самиот допир на афектираниот зглоб.

You might also like