Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 20

Луксација на рамо и патела

Научен соработник
Др. Роза Џолева Толевска
Луксација на рамо
• Луксацијата на рамо може да биде: предна
(најчеста) и задна.
• Најчеста причина за
предна луксација на
рамо е траума, односно
пад на рака во
абдукција и внатрешна
ротација или јак удар
од задната страна на
рамото.
• При тоа настанува
повреда на предниот
раб на гленоидот и
повреда на припојот на
лабрумот и капсулата
со предниот раб на
гленоидот.
Освен траума причина за луксација на рамо
може да биде и вродена дисплазија на
гленоидот, недоволно конвексна глава на
хумерусот и вродено слаб и недоволно
развиен лигаментарно-мускулен апарат.
Лекување
Конзервативно:
• При првата луксација секогаш се прави
репозиција (екстензија и надворешна
ротација) и имобилизација во траење од 6
недели.
• Имобилизацијата се состои во носење на
гипс или ортоза кои обезбедуваат
фиксирање на раката за градниот кош.
• Доколку по првата луксација
имобилизацијата не се носи доволно долго
(6 недели) доаѓа до повторувачки луксации
(рекурентни) кои се случуваат заради
слабост на предната капсула и предниот
раб на гленоидот.
• Кај овие случаи на рекурентна луксација
секогаш лекувањето е оперативно.
• Денес најприменувана е артроскопската
техника за зајакнување на предната капсула
и фиксација на лабрумот за преден раб на
гленоидот.
Оперативно лекување
Рехабилитација на рамо
По 1 недела од операција или репозиција
• Флексија и екстензија во лакт,
• Јакнење на силата на шаката,
• Вежби за истегнување на вратот.
Од 2 до 4 недела
• Флексија во рамо од 50 степени
• Лесни движења (горе-долу) на скапулата
Рехабилитација
Од 4-6 недела
• Истите вежби но со зголемен обсег на движења
(флексија до 90 степени)
Од 6-8 недела
• Лесна абдукција, внатрешна и надворешна
ротација
• Јакнење на мускулатурата со оптоварување.
Од 8-12 недела
• Активни раздвижувања во сите правци и
• Враќање на нормални активности
Враќање на спортски активности е по 6 месеци.
Луксација на патела
• Луксацијата на патела може да биде трауматска,
но најчесто е вродена.
• Кај трауматската луксација настанува раскин на
медијалната капсула на коленото, при што под
дејство на сила настанува луксација на пателата
кон латерално.
• Кај вродената луксација на патела, причина
за појава на луксации (рекурентни) се:
• Дисплазија на трохлеа
• Високо поставена патела (patella alta)
• Латерализација на tuberositas tibiae.
Дијагноза
• Клинички преглед (анамнеза, излив во
колено, болка, ограничени движења)
• РТГ
• КТ
• МРИ
• Ултрасонографија
Лекување
Конзервативно:
• Репозиција (која обично ја прави самиот
пациент уште пред да се јави на преглед)
• Пункција на крвоизливот
• Имобилизација- гипс, лонгета или колена
ортоза со ограничување на флексијата.
Имобилизацијата пациентот треба да ја носи
3 недели, а потоа се поставува мека колена
ортоза со отвор за патела уште 3 недели.
Лекување
Оперативно:
Постојат повеќе техники:
• мекоткивни- каде стабилизацијата на
пателата се прави со медијално
зајакнување на капсулата, латерално
ослободување на капсулата, транспозиција
на m. vastus medialis за медијалниот раб на
пателата.
• Коскени- каде најчесто се прави
медијализација на tuberositas tibiae, со цел
да се корегира оската на екстензорниот
апарат на коленото.
Рехабилитација
• При конзервативното и при оперативното лекување,
протоколот за рехабилитација е идентичен.
• Од 1-3 недела, кај пациентот се изведуваат вежби за
јакнење на натколената мускулатура, на тој начин
што пациентот го контрахира надколениот мускул
во период од 5 секунди со екстендирано колено.
• Пациентот во првите 3 недели постепено може да
започне со флексија во колено до 45 степени 9тоа се
регулира со помош на ортоза).
• Може да нагазува на стопалото, но не со целосна
тежина и да се движи со помош на патерици.
• Од 3-6 недела, се продолжува со вежбите и
со оптоварување од 1 или 2 кг,
• Нагазнување на стопало со целосна тежина и
• Постепено флексија во колено до 90 степени.
• Од 6-12 недели е враќање на нормални
активности и ослободување од меката
колена ортоза и штаките.
• Враќање на спортски активности е по 6
месец.

You might also like