Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 9

Минерали и

карпи
Изработил
Лука Брдаровски
Што се
минерали?

Сите карпи се составени


од основни градбени
целини наречени
минерали.Тие се природни
хемиски соединенија. Тие
кои можат да бидат и
носени како накит, се
нарекуваат скапоцени и се
многу вредни односно
скапи.
Минерали

Најпознати
минерали
се:дијамант,
опал,
рубин,смарагд и
аметист
Што се карпи?
Карпите се составни делови на литосферата, составени
од збир на повеќе минерали, иако во некои случаи можат
да бидат составени само од еден минерал. Иако се
создале на различни начини и на разни длабочини, тие
може да се најдат на целата Земјина површина, бидејќи
се јавуваат во облик на површински пројави. Науката, пак
чиешто внимание е насочено кон настанокот, составот,
особините и начинот на пројавување на карпите во
Земјината кора се нарекува петрологија (грчки: petros-
карпа). Сите карпи, според начинот на настанувањето, се
делат на три основни групи: магматски, седиментни и
метаморфни.
Магматска карпа

Магматските карпи настануваат со ладењето или стврднувањето


на вулканска лава или магма во самата Земјина кора или на
нејзината површина. Кога ладењето е многу брзо, нема време да
се создаваат кристали, но ако тоа се случува бавно, колку
подолго ќе трае процесот, толку поголеми ќе бидат карпестите
кристали. Овие карпи се одликуваат со голема цврстина и имаат
голема примена во градежништвото. Тие немаат слоеви и не
содржат фосилни остатоци. Магматските карпи се
класифицираат на најразлични начини.
Седиментни карпи
Седиментните карпи настануваат со
седиментација (напластување или
таложење) на ситен материјал во
морињата, езерата, реките и на копното.
Овие карпи најчесто се напластени во
хоризонтална положба и се состојат од
слоеви со различна дебелина. Во нив
може да се сретнат фосилни остатоци
од растенија или животни.
Метаморфни карпи

метаморфните (видоизменети) карпи имаат


променлив состав и потекнуваат од
метаморфозата (видоизменувањето) на физичко-
хемиските особини на кој било друг вид на карпи
(магматски, седиментни). Метаморфозата
најчесто се врши во подлабоките слоеви на
Земјината кора. Главни фактори за
видоизменувањето се високиот притисок и
високите температури, кои придонесуваат
кристалографската структура на карпата да се
измени (процес познат како прекристализација), а
резултатот е создавање нови минерали.
Метаморфни карпи се мермерот, гнајсот,
шкрилците, кварцитот, амфиболитот и слично.
Квиз!!!!
1.Како се викаат кристалите[минералите]кои се носат како накит?.

2.Што мислиш,кој кристал е највреден?

3.Од што се составени карпите?

4.Како настанува магматската карпа?

5.Што може да се сретне во седиментната карпа?

6.Наброј неколку видови метаморфна карпа?


Ви благодарам на вниманието

You might also like