Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 9

Фактори кои влијаат на

интензитетот на фотосинтезата
ФАКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ НА
ИНТЕНЗИТЕТОТ НА ФОТОСИНТЕЗАТА СЕ:
• Светлина
• Топлина
• Хлорофил
• Јаглероден диоксид
• Вода
Старост на листовите на растението
• Се смета дека со стареењето на листовите се намалуваат
синтетските процеси во светлата фаза.
• За да го истражуваме влијанието на различните фактори врз
интензитетот на фотосинтезата потребно е да спроведиме
истражување со фертест. Да се подсетиме што беше фертест!
НЕЗАВИСНА ЗАВИСНА ПРОМЕНЛИВА КОНТРОЛНА
ПРОМЕНЛИВА ПРОМЕНЛИВА

ОНА ШТО ГО ОНА ШТО ГО МЕРИМЕ ОНА ШТО ВЛИЈАЕ НА


МЕНУВАМЕ ЕКСПЕРИМЕНТОТ, НО НЕ
ГО МЕНУВАМЕ, ТУКУ ГО
ДРЖИМЕ ПОД КОНТРОЛА
Светлина и топлина
• Знаеме дека светлината е неопходен фактор за да се извршува
фотосинтеза. Интензитетот на светлината во експериментот
може да се менува со доближување и оддалечување на
светилката до растението, но треба да земеме предвид дека со
доближување на светилката освен светлината ќе се зголемува и
топлината.
Во овој случај фертестот ќе изгледа вака:
• Доколку би се зголемувал само интензитетот на светлината во тој случај
интензитетот на фотосинтезата ќе расте до одредена мера, а потоа ќе се
одржува константно.
• Кога се менува и температурата тогаш интензитетот на фотосинтезата расте
до постигнување на оптимална температура од 30-40 степени, а со
зголемување на температурата интензитетот на фотосинтезата опаѓа.

зголемување на зголемување на
интензитет на интензитет на
светлина топлина
Хлорофил
• Количината на хлорофил во листовите не можеме директно да
ја менуваме, таа може да се менува само при недостиг на
светлина или зголемена топлина, при што интензитетот на
фотосинтеза би се намалил.
Јаглерод диоксид
• Количината на јаглероден диоксид во експериментот можеме
да ја зголемиме со додавање на NaHCO3 (натриум хидроген
карбонат). Во тој случај фертестот ќе изгледа вака:
Вода
• Од содржината на вода во почвата зависи степенот на
отвореност на стомите, а од тоа пак зависи интензитетот на
фотосинтезата. Ако стомите се затворени, со што се спречува
навлегување на CO2, се намалува и интензитетот на
фотосинтезата.

You might also like