Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

СВ.

КЛИМЕНТ
ОХРИДСКИ
.
Свети Климент Охридски е еден од првите
средновековни словенски светци, научник,
писател и просветител на Словените.Бил еден
од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј
што заедно се поврзуваат со создавање на
глаголското и кириличното писмо, особено
нивното распространување помеѓу
христијанизираните Словени. Тој бил основач
на Охридската книжевна школа или попозната
како „Прв словенски универзитет“, од кој
излегле 3500 подготвени ученици, и од страна
на некои словенски народи се смета за
покровител на образованието и јазикот. Тој се
смета за прв Епископ Словенски со титула
Епископ Велички.
Денеска Свети Климент Охридски се почитува
како заштитник на Македонија, градот Охрид
и Македонската православна црква.Во
Бугарија е сметан за еден од седумте
апостоли на Првото Бугарско Царство и еден
од врвните светци на современата Бугарија.
Во чест на светецот, во Македонија и Бугарија
многу училишта, улици и државни институции
го носат неговото име. Најголемата црква во
Скопје (Соборниот храм) го носи името на
Свети Климент, исто така Бугарската
антарктичка база, универзитетот во Битола,
Софискиот Универзитет и Националната и
универзитетска библиотека на Македонија го
носат неговото име.
Климент се стекнал со солидно образование,
и уште од млади години стекнал одлични
познавања од грчкиот јазик. Најраните
информации за животот на Климент дадени
од житијата се дека „од неговиот живот го
познавал најдобро од сите; со сопствени очи
ги видел сите дела на својот учител;
Св.Методиј на своја страна привлекол и други
соработници ученици коишто потекнувале од
Македонија, но и од други места. Со своите
ученици и помошници Кирил и Методиј
работеле во манастирите на планината
Олимп во Мала Азија.
Свети Климент Охридски е еден од најплодните и
најзначајните писатели на старословенски јазик. Тој е
заслужен за Панонската хагиографија на Свети Кирил и
Свети Методиј. Климент, исто така, го превел
„Цветниот триод“ кој содржи црковни песни што се
пеат од Велигден до Педесетница и се верува дека е
автор на „Светата служба и животот на Свети Климент
Римски“, како и на најстарата служба посветена на
Свети Кирил и Методиј. Пронајдокот на кирилицата
обично му се припишува нему, иако најверојатно
азбуката е развиена во книжевното училиште во
Преслав на почетокот на 10 век.
Средновековни фрески од Свети Климент постојат низ
денешните територии на Македонија, Србија и Северна
Грција, при што голем дел од нив се наоѓаат во
Република Македонија.
Покрај црковните и педагошките
дејности, особено учителско-
просветителските, Климент развил и
богата книжевна дејност. Автор е на
многу поучни и пофални зборови, но во
неговото творештво преовладуваат
поучителните слова што се однесуваат
на општохристијанските светители: Св.
Ѓорѓи, Св. Тома, Св. Антониј, потоа
слова посветени на Богородица и слова
посветени за настаните од животот на
Исус Христос.

You might also like