Download as ppt, pdf, or txt
Download as ppt, pdf, or txt
You are on page 1of 10

 Основното образование Харви го добил во

Фокстон, при што го совладал и латинскиот


јазик. По завршувањето на основното
образование, тој се запишал на Кралската
школа, каде поминал пет години учејќи.
 Потоа го продолжил своето образование на
колеџот Гонвил и Каиус, каде што
дипломирал во 1597 година.
 Пет години, Харви патувал низ Франција,
Германија во Италија, за да ги надополни
своите истражувања.
 Своето образование го продолжил во 1598 година на
Универзитетот во Падова, во едно од најдобрите медицински
училишта од тоа време, кај ценетиот научник и хирург
Фабрициус, фасциниран од слушањето на неговите предавања.
На дваесет и четири години, Харви дипломирал како лекар на
Универзитетот во Падова на 25 април 1602 година.

 По завршувањето на студиите во Падова, Харви се вратил во


Англија и во 1602 година се оженил со Елизабет Браун, ќерка на
еден од лекарите на Кралицата, со која немал деца. По бракот,
Харви се населил во Лондон, каде што се приклучил на
Кралскиот колеџ за лекари во Англија на 5 октомври 1604
година. Избран од Колеџот на лекари на 5 јуни 1607 година,
Харви бил назначен за лекар во болницата Свети Бартоломеј,
каде што останал речиси до крајот на својот живот.
 Вилијам Харви прв пат ги споменал резултатите од
неговото 12-годишно проучување на циркулацијата на
крвта во 1616 година како професор по анатомија и
физиологија на Кралскиот колеџ за лекари.
 Во 1618 година, тој станал лекар на Јаков Први, кој не
само што го поддржувал неговото истражување, туку,
како и неговиот наследник, кралот Чарлс Први, по
неговата смрт, му ги дал на Харви сите животни од
неговите паркови за научни истражувања.
 Како студент по медицина во Падова, Харви бил
фасциниран од циркулацијата на крвта, слушајќи
предавања од научникот и хирургот Фабрициус за вените и
специфичните „вентили“ - залистоци, чија улога и функција
не ги разбирал, но ги опишал како дел од анатомската
структура на вените. Ова знаење за вените на Харви го
поттикнало да ја проучи и открие улогата на не само овие
вентили, туку и улогата на другите крвни садови и срцето.
Така, Харви започнал да ја проучува циркулацијата на
крвта експериментирајќи прво на себе, врзувајќи ја
сопствената рака. Потоа видел дека раката под завојот
станува тврда, со отечени вени, над кои кожата потемнува.
Слика која ја прикажува циркулацијата преку
врзана рака
Одговорот беше очигледен, овие промени се
последица на нарушена циркулација на крвта. Но,
Вилијам Харви не брзаше да заклучи. Тој беше
многу внимателен истражувач на кој му требаше
долго време да ги потврди своите набудувања
преку безброј експерименти, прво врз себе, а потоа
врз животни пред да ја информира медицинската
јавност за откритието на циркулацијата на крвта
 Само кога бил целосно сигурен во своите откритија во текот на
1628 година, Харви го објавил своето прво дело, во која тој го
претстави своето откритие за циркулацијата на крвта ја објасни
циркулацијата на крвта во затворен систем користејќи го срцето
како моќна пумпа и го поби тогашното верување на Гален и
неговите следбеници за функцијата на крвта.
 Со ова откритие, Харви го воспостави правилниот концепт на
циркулаторниот систем, по што следуваа бројни
експерименти со инфузија на животинска, а потоа и човечка крв
во жив човечки организам.
 Работата на Харви за работата на срцето и
циркулацијата на крвта беше плод на неговото
долгогодишно експериментално истражување. во кое тој
ги поби сите стари учења за пулсот, движењето на крвта
низ срцевата бариера и присуството на воздух низ
артериите и докажа дека крвта тече од срцето и се
движи низ артериите на периферијата и потоа се враќа
низ вените повторно во срцето.

 На овие откритија најпрво се спротивставиле научните


кругови од тоа време, но истражувањето на Харви не
само што имало големо значење за понатамошниот
развој на анатомијата и физиологијата, туку и за развојот
на целата медицина.

Истражувањето, дополнето со
откритието на Малпиги во 1661
година за проток на крв низ
капиларната мрежа, ја потврди
точноста на откритието на Харви.

You might also like